Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Побрзо да се донесат законските решенија за мерките од петтиот пакет, апелира Битиќи

0
By Нова ТВ on February 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 23, 2021 12:48

Потребна е побрза динамика во носењето законски решенија за да се овозможи примена на одредени мерки од поддршката за стопанството, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, досегашните предвидувања и активности на Владата во однос на КОВИД кризата даваат резултат и оваа, 2021-ва, ќе биде година на заздравување на економијата.

-Сепак, оваа криза не е целосно предвидлива и во случај да има потреба од дополнителни мерки, ќе треба да се постигне широк консезус во општеството за да се обезбедат доволно средства за да се искреираат и аплицираат тие дополнителни мерки кои би се однесувале на поддршка за исплата на плати за вработените, рече Битиќи во синоќешното гостување на „Топ тема“.

Ако има потреба за дополнителни финансиски средства за мерката финансиска поддршка за плати и низа други мерки, дополни Битиќи, треба да се постигне консензус.

-Јас сум кажал дека тоа не е проблем и не треба да претставува проблем ниту за стопанството, ниту за Владата, ниту за граѓаните. Се додека на транспарентен начин се кажува дека се трошат тие средства за да се помогне економијата, да се помогнат граѓаните, за да ги зачуваме работните места, и се додека тоа се основните принципи за тоа како ги трошиме средствата, мислам дека ќе постигнеме консензус. За сега, моето очекување е дека не би имало потреба од таква мерка понатаму. И сега, таа мерка е само дел од вкупниот обем на мерка, вкупно 160 милиони евра се на располагање со петтиот пакет, оваа мерка носи 20 отсто од вкупниот пакет и затоа не би сакал да ги минимизираме другите. Јас знам дека и овде го аплицираме „парето“ системот, а тоа е 20 проценти од мерките зачувува 80 отсто од работните места и одиме кон тоа, дека е потребно. Но, да не ги занемариме 28 други мерки кои се компилирани заедно со стопанските комори и синдикатите, истакна вицепремиерот.

Тој се осврна на втората мерка од петтиот пакет – бескаматните кредити од Развојната банка кои, како што потсети, се насочена кон најпогодените сектори: туризмот, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани.

Преку оваа мерка компаниите од овие сектори може да добијат поголеми средства од 3.000 до 30.000 евра, кои може да ги користат и како ликвидни средства, но и за обезбедување плати за вработените. Компаниите ќе добијат 12 месеци грејс период, тоа е долг период во кој ќе располагаат со средствата. Доколку во рок од една година, компаниите покажат позитивен финансиски резултат и го имаат зголемено за 5 проценти бројот на вработени, 50 отсто од кредитот ќе биде неповратен, односно грант. Како за илустрација, ако компанија земе кредит од 30 илјади евра, покаже позитивни резултати и ако имала 5 вработени, а сега вработи уште 1, тоа е повеќе од 5 отсто, може да очекува 50 отсто од кредитот или 15 илјади евра да бидат грант. Тоа  е значителна директна помош за најпогодените сектори, нагласи вицепремиерот.

Сите економии, вклучувајќи ја и нашата, дополни, се обидуваат да се прилагодат на новата ситуација. Сепак, земјава е на вистински пат и тоа го покажуваат повеќе индикатори.

-Падот на економските активности во првите месеци на пандемијата е значително поголем во споредба со последните месеци. Индустриското производство бележи тенденција на раст, исто така со тенденција на раст е и трговската размена со странство. Приходите во буџетот исто така се во пораст ако се земе предвид периодот по април, кога беше и пикот на пандемијата. Ги следиме секојдневно бројките поврзани со приходите од ДДВ и другите даноци, не велиме дека овие бројки се подобри од 2019 година, но тенденцијата е во позитивен раст и затоа велиме дека економијата заздравува. Сите мерки кои ги имаме креирано во петтиот пакет се во духот на економското заздравување и развој, посочи Битиќи.

Во однос на потребата од побрзо носење на законите со цел имплементација на мерките, вицепремиерот укажа дека 2,5 месеци не е свикана Комисијата за финансирање и буџет.

-Ние во овој момент имаме дел од мерките од четирите пакети кои се спроведени,  а  заедно со овој пакет од 160 милиони евра доаѓаме на 1,150 милијарди евра коишто опфаќаат мерки, кои нема да се  спроведат само до декември 2020, туку ќе се спроведуваат и некои ќе се спроведуваат до декември 2021, па и понатаму со една претпоставка дека законските решенија нема да заглават по 3 месеци во собраниски процедури. Ние имаме 2,5 месеци несвикана Комисија за финансии и буџет, во којашто треба да се гледаат законските решенија. Поднесовме 3 закони, Законот за државна гаранција, којшто треба да ни обезбеди, а средствата се веќе алоцирани, си стојат во Развојната банка, минимум 18 милиони евра како инструмент за државната гаранција коишто би требало да донесе 120 милиони евра во стопанството во име на ликвидност и поддршка на инвестиции. Не е возможно во овој момент, затоа што законското решение не е донесено, нагласи вицепремиерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.