Author: Нова ТВ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за случајот што го отвори поранешното СЈО за дивоградната спроти амбасадата на САД во Скопје. Иако кодното име на предметот алудира на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на лидерот ма ДУИ, Али Ахмети, кои во бомбите зборуваа за овој објект, тие не се обвинети, туку инвеститорот. Тој се гони за бесправно градење. „Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот Никола Карев во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта…

Read More

Стапката на невработеност во Велика Британија се зголеми во четвртото тромесечие од минатата година на 5,1 отсто, покажуваат денешните податоци на Националниот завод за статистика. Тоа е највисока стапка уште од првиот квартал во 2016 година, но е сепак значително пониска отколку што би била без владината програма за поддршка за зачувување на работните места за време на пандемијата на Ковид-19. Податоците покажуваат дека бројот на вработени на платежните списоци на претпријатијата се зголемил минатиот месец за 83.000 во однос на декември 2020 година, што е најголемо месечно зголемување во споредба со јануари 2015 година. Владината Програма за зачувување на…

Read More

Сашо Мијалков не може да помине граница, затоа што му е одземена патната исправа. Дали има уште некоја патна исправа не ми е познато, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Рускоска, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. Прашана во однос на некои извештаи дека Сашо Мијалков има чешки и хрватски пасош, Русковска рече дека таа нема такви информации. -Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се…

Read More

Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети. Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други. ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата. Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеа во својата намера, нема да…

Read More

Унгарскиот парламент го одобри продолжувањето на вонредната состојба за уште 90 дена поради пандемијата на коронавирусите и во тој период властите можат да донесат мерки како што е полицискиот час. Ситуацијата со коронавирусот во Унгарија неодамна се влоши, а во понеделникот се регистрирани 2.623 нови случаи на инфекција, што е скоро двојно повеќе од бројот на заразени минатата недела. На гласањето во понеделникот вечерта, 133 парламентарци од десното мнозинство гласаа „ЗА“, а 55 беа „ПРОТИВ“ продолжувањето, пренесува германската агенција „ДПА“. Ова е вторпат владата на премиерот Виктор Орбан да ја продолжи вонредната состојба, откако за првпат беше прогласена во ноември…

Read More

Опозициската ВМРО ДПМНЕ побара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски префлувајќи му ја вината за бегството на Сашо Мијалков, кому од пред два дена требаше да му се врачи решението за куќен притвор. „Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш! Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне. Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националниот сојуз на слепи лица, на која што разговараа за моменталната состојба  во смисла на правата кои ги користат и можностите за нивно унапредување на оваа категорија на лица со попреченост. „Како  ресорно Министерство на кои на врвот на агендата е грижата за најранливите категории на лица, со посебен акцент на лицата со попреченост продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите и обезбедување на подобри услови за живот на оние на кои тоа им е неопходно. Оттука и нашите заложби за измените во…

Read More

Досега 1.040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа вчера за МИА од Министерството за здравство. Оттаму додадоа дека сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација. Имунизацијата се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија. До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата…

Read More

На вчерашниот двочасовен разговор со министрите за надворешни работи на ЕУ, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, искажал посебна заинтересираност за Западен Балкан. Според три дипломатски извори на „Политико“ Блинкен им кажал на европските колеги дека САД се подготвени да работат на стабилизирање на Западен Балкан. Оваа негова заложба искажана на првиот официјален состанко со европските партнери покажува дека регионов ќе биде многу повеќе во американскиот фокус отколку за време на претходната администрација. Еден од дипломатите изјавил дека „сега кога САД се вратија ние треба да изградиме линија на ЕУ и тоа брзо“. Во официјално соопштение на Стејт департментот само се…

Read More

Хумористични изјави и денес стигнуваат од Бугарија, од каде што највисоките функционери на државата се обидуваат да создадат слика за некаква масовност на граѓани кои се изјаснуваат како Бугари во нашата држава и за нивни загрозени права, иако цела Европа знае колку судски пресуди има Бугарија на оваа тема во Стразбур и дека ЕП го отвори прашањето за непочитувањето на правата на малцинствата во нивната земја.Во оваа најпримитивна политичка предизборна кампања досега во која се препукуваат главно на сметка на Македонија и на Русија, мешајќи се најдрско во внатрешните работи на нашата држава, се јави и претседателот Румен Радев. Тој…

Read More

Претседателот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „КликПлус“ на ТВ21 со став дека доколку имало договор меѓу премиерот Зоран Заев и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, обвинетиот немало да избега. „Според досегашните официјални информации од МВР и обвинителството дека полицијата дала информација дека лицето Сашо Мијалков може да избега, обвинителството побарало од судот притвор, а судот одредил домашен притвор. Вака сме сите информирани. Според ова, опозицијата се демантира себеси, затоа што доколку имало договор помеѓу Мијалков и Заев или Владата, во тој случај Мијалков немаше да има потреба да побегне“, посочува Касами.

Read More