Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев чекорот на ЛДП нејзините пратеници да излезат од пратеничката група на СДСМ и делуваат самостојно во Собранието го оцени како легитимен, но, моментот за таквата објава, според него, не е соодветен, пред се поради тврдењата на опозицијата дека власта нема стабилно парламентарно мнозинство. Одлуката за ваков чекор, вели, е донесена уште во текот на формирањето на владината коалиција. На овој чекор, нагласува Заев, ЛДП се одлучила поради тоа што, како што нагласиле од партијата, сакаат да бидат повидливи, бидејќи помалите партии наводно биле претопени во поголемите партии. – Јас го разбирам тоа. Тоа е право на секој…

Read More

Итно да профункционира Комитетот за туризам, да почне имплементирањето на донесените мерки и да се поедностави постапката за субвенционирање, апелира  Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Здружението смета дека туризмот и во услови на КОВИД може да функционира и да даде добри резултати, но изостанува реализација на мерките. Затоа бара средба со премиерот на која би биле презентирани ваквите ставови и би се креирал планот за делувањето оваа година. Засега, велат од Здружението, нема оптимистички најави во однос на странските гости. Ситуацијата е неизвесна и се е на чекање. -Се чекаат јасни сигнали од страна на Светската…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска пред Кривичниот суд изјави дека е разочаран што се случи уште едно бегство во името на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Тој додаде дека ќе побара детали за истрагата и случајот да биде расветлен во најбрз можен рок, затоа што народот очекува правда. „Народот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот…

Read More

Не ми недостасува ништо. Освен баба. Мајката на мама, вели Јаздан Фајаз додека говори за неговиот живот. Како и на повеќето бегалци, неговиот живот е поделен на пред и по заминувањето. -Не ми беше целта да зборувам за минатото. Јасно ми е дека мајката на Јаздан сигурно имала добри причини кога избегала од дома со своите три деца и дека тие не се должни јавно да зборуваат за овие причини, особено не за децата. Но, првото нешто што Јаздан ми го кажа кога го прашав за што би сакал да станува збор за филмот, поради што се запознавме, беа токму…

Read More

Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Сашо Мијалков. -Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираат од МВР. Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството…

Read More

Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје, збореше за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година вршени од тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. – Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и ги закануваа примателите на социјална помош дека доколку не гласат за партијата на власт социјалната помош ќе им биде прекината. Шумската полиција правеше притисок на луѓето кој имаа договори за сеча дека доколку не гласат за ВМРО-ДПМНЕ, договорите за сеча ќе им бидат укинати, изјави сведокот Заев. Тој посочи дека сите…

Read More

Од Кривичниот суд денеска појаснуваат дека барањето за притвор за Сашо Мијалков од Обвинителството било поднесено вчера, во 15 часот. -Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера (21.02.2021) во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство. Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа…

Read More

Во своето денешно соопштение, владејачката СДСМ, посочи дека Владата и мнозинството во Парламентот се стабилни, и уверува дека и покрај одлуката за самостојно делување на ЛДП, коалицијата е стабилна. „Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на  утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните. ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас. Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Read More

Либерално-демократската партија донесе одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. Оваа одлука била донесена на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но сеуште не е реализирана од објективни причини, соопшти ЛДП. „Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе…

Read More

Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација, додека неделава се очекуваат и првите информации за вакцини од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот, а неделава се очекуваат и вакциналните дози од Кина. Во земјава во тек е вакцинирање на првата група – здравствените работници што работат во ковид центрите. Близу 95 илјади граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари, од кои 44 илјади се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, што се во прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат…

Read More

Од вчера попладне полицијата е во потрага по Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, откако судот издаде решение за куќен притвор до изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” на 26 февруари. Мијалков во овој случај е првообвинет, а обвинителката Ленче Ристеска во завршниот збор побара максимална казна. На барање на обвинителството Кривичниот суд издаде решение за куќен притвор за Сашо Мијалков. Полицијата од вчера попладне го бара Мијалков во неговиот стан во Капиштец, куќата на Водно и во хотелот „Мериот“. Мијалков последен пат бил виден во кафулето „Дистрикт“, во близина на хотелот „Мериот“. По завршните зборови и на одбраната и…

Read More

Евростат одговори дека Законот за попис и методологијата во повеќето аспекти се широко поврзани со релевантните стандарди дефинирани во статистичкото законодавство на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нема доверба во пописот. ВМРО-ДПМНЕ почна со акцијата за собирање потписи од граѓаните кои ги смета за поддршка на своите пратеници за да се обидат да го поништат Законот за попис. Еден од главните аргументи на челниците на опозициската партија е дека пребројувањето на населението кое треба да се одржи од 1 до 21 април не е во согласност со критериумите и препораките на Евростат. Радио Слободна Европа праша во Евростат дали се запознаени со македонскиот…

Read More