Author: Нова ТВ

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година. Клуге за данската државна телевизија „ДР“ изјави дека ширењето на Ковид-19, сепак, ќе доминира во општеството и во 2021 година, но ќе биде многу поконтролирано од 2020 година. Посочувајќи дека најлошите сценарија веќе завршија, тој кажа дека сега има повеќе информации за вирусот отколку во 2020 година, кога првпат почна да се шири. Тој, меѓутоа, предупреди дека никој не може да биде сигурен за иднината на пандемијата. -Вирусот ќе продолжи да постои, но мислам дека…

Read More

Задолжителниот седумдневен домашен карантин за сите кои во Грција ќе влезат на било кој начин и со било кое средство е продолжен уште две седмици, односно до 8 март 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците…

Read More

Откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му се заменуваат со куќен притвор до изрекувањето на првостепената пресуда, распишана е централна потерница за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, велат добро упатени извори за Фокус. Досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, меѓутоа тој не е во неговиот дом на Водно, а полицијата не го пронашла ниту во Мериот. Изрекувањето на пресудата за Мијалков, кој е обвинет за…

Read More

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не е во неговиот дом на Водно. Како што дознава Фокус од извори во МВР, полицијата го бара и во хотелот Мериот, во косопственост на компанија на неговиот син. Неофицијално, Министерството за внатрешни работи размислува да распише потерница. Се обративме и до МВР, но од таму засега нема никаква официјална потврда или известување. Инаку, досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот „Таргет и Тврдина.

Read More

„Поради појавените информации во јавноста за усогласеноста на Република Северна Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, сакаме да информираме дека усогласеноста на Република Северна Македонија кон ставовите, декларациите и мерките на Европската Унија изнесува 94 проценти“, реагираат од министерството за надворешни работи, по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева дека усогласеноста на Македонија со политиките на ЕУ била под 50 проценти, што е многу малку. „Само во последната третина од 2020 година (периодот септември – декември 2020 година), Република Северна Македонија се има придружено на над 40 декларации на Европската Унија. Оваа практика продолжува…

Read More

Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со спроведувањето на претстојниот Попис 2021, претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев потсети на важноста од спроведување на пописот. Како што истакна тој, сите одговорни чинители во нашето општество, новинарите, граѓаните, политичките партии, пред сé и Владата се свесни за предизвикот со кои ќе се соочиме доколку повторно уште десет години останеме без потпис. „Тоа не смееме да си го дозволиме”, рече премиерот Заев, и додаде дека ако сме држава која еве веќе 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. „Јас сум убеден дека ќе имаме успешен попис,…

Read More

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, земајќи го во предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на светска пандемија, информира дека ја подржува Владата во однос на нивната иницијатива, за измена на членот 102 од актуелниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери. – Земајќи ја во предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од Ковид-19, во смисол држење дистанца, носење на маски…

Read More

Ширум светот денеска под покровителство на Обединетите Нации и УНЕСКО, се организираат настани по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик за промоција на негувањето и афирмацијата на сите јазици што ги користат народите во светот и за поддршка на имплементацијата на стратегиите и политиките во полза на различноста на јазиците во сите делови на светот, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев. -Концептот на разноличност во Република Северна Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата во постигнувањето еднакво општество и можности за сите граѓани во нашата држава, како една од целите на Владата…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција посочи дека дадени се насоки за да се нарачаат вакцини од руската „Спутник V“. – Вчера во координација со министерот за здравство добив информација дека имаме капацитет за дополнителна нарачка на 100 илјади вакцини која би ги надополнила капацитетите и не би дозволила да има вишок. Дали би нарачале од „Спутник“? Да, дадов насоки како што не информираа дека има капацитет за дополнителни 100.000 да се направи од таму нарачка – истакна Заев. Тој додава дека направени се нарачки и договори со се што „постои од вакцини“. – Воспоставени се контакти се со…

Read More

Петтиот пакет-мерки има развојна компонента, односно е насочен кон закрепнување на економијата, инвестиции и развој. Тоа е важно да се испрати како порака, тоа сме го дискутирале со коморите, и мислам дека тоа ќе биде една здрава основа не само за да излеземе од кризата туку и за да се обезбеди побрз раст во следниот период, нормално следено и со други структурни реформи коишто не се дел од мерките, но се дел од економската програма на Владата. Но за да успеат мерките треба да има соодветна реакција и од приватниот сектор, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за…

Read More

СДСМ и Владата предводена од оваа партија, продолжуваат со концептот на демонтирање на здравствениот систем. Наместо анализа на ново настанатата состојба во здравството со корона епидемијата, наместо утврдување на потребите и приоритетите на здравствениот систем, деновиве  СДСМ е во криминален поход за реализација на проект, кој секоја година го најавуваат, а тоа е нов клинички центар. Зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем е приоритет за сите. Тоа зајакнување не треба да се изведе со нетранспарентен процес и закон од само 9 членови, кој не обезбедува никакви детали за тоа што ќе се добие на крајот од проектот, рече на денешната…

Read More

Според податоци од Град Скопје, главниот град е со најчист воздух во јануари во последните седум години. Според скопските мерни станици, во јануари годинава максималната среднодневна вредност на ПМ10 честичките била 162, за разлика од 2015 година, од кога има релевантни податоци за квалитетот на воздухот, односно кога била 560, пренесе МИА. – Податоците од државните мерни станици во Скопје за изминатиот месец покажуваат дека скопјани дишеле најмалку загаден воздух во споредба со истиот месец во последните седум години, посочуваат од Град Скопје, додавајќи дека анализата на концентрациите на ПМ10 честички во Скопје во јануари (од 2015 до 2021) покажува…

Read More