Author: Нова ТВ
Внесувањето графа за етничка припадност го редефинира значењето на личната карта со тоа што го подрива граѓанскиот идентитет за сметка на етничкиот и ја предизвикува интеграцијата на државата во Европската Унија заради тоа што ниту една земја членка на Унијата нема воспоставено ваква практика, се вели во правниот осврт и мислење на Хелсиншкиот комитет за човекови права во однос на предлогот за додавање графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните. Од Хелсиншкиот комитет, посочуваат дека актуелната јавна дебата по предлог-измените на Законот за личната карта, со кои се предвидува внесување на етничката припадност на граѓаните во личните карти,…
Нема член на ВМРО-ДПМНЕ што не е загрижен за случувањата во партијата, а сите се прашуваат зошто ги губат сите избори во последните три години, беше речено на денешната промоција на слоганот под кој ќе се одржи 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. – ВМРО-ДПМНЕ е Македонија и Македонија е ВМРО-ДПМНЕ. Без силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се надеваме на силна и обединета Македонија. Без разлика дали станува збор за власт или опозиција, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не е на висина на името кое го носи и застранува, тоа се одразува на државата. Затоа на ВМРО-ДПМНЕ му треба будење и…
Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во синоќешното интервју за четири грчки регионални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со Северна Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во Парламентот, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада и премиерот Мицотакис. -Не е сериозна слика за земјата тоа што веќе една година не…
Претседателот Стево Пендаровски, во своето обраќање пред присутните на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, меѓу кои учествува и актуелниот и поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и Рената Дескоска, пратеници и судии од Врховен суд на РСМ, рече дека денес кога имаме многу поголемо искуство во соочување со здравствената криза, но и кога институциите се во редовен мандат со целосен политичи легитимитет време е да се рефлектираме на искуството од минатата година, да донесеме соодветни заклучоци и навреме да го подготвиме поредокот и општеството за можната идна криза. – Јасно е дека ние е потребен посебен закон…
Ковид-19 е болест од којашто умираат околу два отсто од заразените. Вакцинирањето нуди драматично подобрување на овие статистики и елиминирање на шансата за смрт и екстремно големо намалување на шансата за тешка болест. Нема логика да се плашиме од некакви хипотетски алергиски реакции, а да не се плашиме од шансата 2/100 пациенти да завршат фатално“, вели проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, во рамки на видео – рубриката „Збор, два“, која ја подготвува Општина Карпош. Професорот Петличковски ги објаснува придобивките од вакцинирањето, а негативните последици ги оцени како минорни. – Се работи за ефикасност…
Пласирањето шпекулации за состојбите во банкарската и монетарната сфера нанесува огромни штети по економијата и ја отежнуваат работата на монатарната власт
Вчера во кругот на ОХИС, се изврши утовар на опасен хемиски отпад, односно, 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони што ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, со што продолжи чистењето на една од жешките еколошки точки во државата. Како што соопшти Државниот инспекторат за животна средина, за оваа активност беа известени сите компании што вршат дејност, така што, во текот на утоварот беше воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на ОХИС. По утоварот се изврши царинската постапка за извоз и…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги обвини Кина и Русија дека дејствуваат против меѓународниот поредок и сакаат да напишат нови правила. „Европа и Северна Америка мора да го бранат поредокот заснован на правила оспорени од авторитарните власти“, рече Столтенберг на виртуелната конференција за безбедност во Минхен. „Кина и Русија се обидуваат повторно да ги напишат правилата кои ќе бидат во нивен сопствен интерес“, додаде тој. Поради тоа, НАТО треба да ги продлабочи односите со партнери како Австралија и Јапонија и да создаде нови партнерства низ целиот свет, нагласи Столтенберг. „Само со заедничко дејствување можеме да ги поттикнеме другите да…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, се осврна на потребата од носењето на посебен Закон за воена и вонредна состојба. Министерот кажа дека глобалната пандемија претставува сериозна закана и за демократските вредности и човековите права. – Најзначајните прашања кои треба да се уредат во законот се начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно допрецизирање – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби, потенцираше Маричиќ. Во Министерството за правда веќе е формирана…
По цели две децении, конечно имаме знаење, можност и согласност дека пописот е најважната статистичка операција која не смееме да ја одложуваме. Претстојниот попис на населението е наша заедничка обврска и одговорност. Треба да видиме колку сме на број, за да создаваме соодветни политики што ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за македонското општество, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео обраќање кон граѓаните. Шекеринска потенцираше дека пописот ќе покаже каде има најмногу невработени и која политика за развој на вработеноста ќе даде најдобри резултати. Таа рече дека пописот ќе помогне во вработувањето на младите…
Премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од големиот музичар, кантавтор и пејач Ѓорѓе Балашевиќ . -Балканот вечерва тагува за Балашевиќ.Но, напуштањето на Ѓорѓе е само физичко, неговиот дух е толку голем и исткаен во неговата музика, тој никогаш нема да избледи ниту да биде заборавен. Piči mi srce sedam osmina, U glavi taman kao od vina Opet sam tu u Skopju svoj na svome, milo mome, Ne da se ova stara mašina Cipela cupka sedam osmina, Stihovi klize kao zlatne ribe, mojto libe. Балашевиќ беше повеќе од уметник. Неговите заложби за подобро општество издигнаа многу генерации кои…
-2020-та беше година кога Северна Македонија влезе во НАТО, ние сме разочарани од одлуката на Бугарија да ги блокира преговорите за ЕУ. Ние се залагаме за интеграција на Запападен Балкан, тоа е взаемен интерес на сите држави, колку што е можно побрзо да се случи. Ние изразивме надеж дека процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори. Ние го гледаме како позитвен знак тоа што Северна Макеоднија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатрералните прашања, да се стават надвор од процесот, со цел напредок во тој поглед. Ние и понатаму ќе се залагаме…