Author: Нова ТВ

Би сакал да се тресат сите присилувачи, злоупотребувачи, арогантни надредени, одвратни локални шерифи, монструми на позиции од кои можат неказнето да прават гадости, уверени дека на жртвата ќе ѝ биде многу полесно да премолчи одошто да викне за помош.

Read More

Легендарниот балкански музичар и текстописец од Нови Сад Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст, од компликации предизвикани од пневмонија. Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника во Белград пред неколку дена. Според тогашните медиумски известувања, познатиот новосадски кантавтор беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од пневмонија. Балашевиќ се лекувал дома повеќе од 10 дена, но неговата состојба одеднаш се влошила и бил префрлен во болницата. Српските медиуми вчера објавија дека Балашевиќ се чувствува подобро, дека е расположен, дека разговарал со семејството и се шегувал со лекарите. Во почетокот на 1982 година, со издавање на албумот „Пуб“, Балашевиќ ја започнува својата соло…

Read More

Градоначалниците имаат законска обврска по службена должност да контролираат што се гради и навреме да се спречи, потенцира на денешната седница Нури Бајрами, член на ДКСК, по повод предмет за бесправна градба, кој требало да се урне. – Нема логика да се гради зграда на диво и градоначалникот тоа да не може да го спречи. Тоа е директно кривично дело што градоначалниците ги прекршуваат одредбите од Законот за градење и не преземаат мерки. Ако во случај да следи, да спречува и можеби не успеал да стигне на време, нека објави оглас за фирма, ако не се пријавува двапати согласно Законот…

Read More

Слободното движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, дополнителниот протокол 7 за решавање на споровите, како и институционалниот развој на ЦЕФТА структурите ќе бидат прироитет на нашето претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) во 2021 година, а примената на ЦЕФТА договорот и активностите предвидени во Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024, ќе бидат основите за нашето претседавање, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Претседавањето со ЦЕФТА, како што рече на денешната прес-конференција во Владата заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, ја изразува нашата волја и посветеност за обезбедување…

Read More

За сите протести, стоиме на располагање да разговараме за деталите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го најавениот попладневен протест на угостителите кои организираат свадби. Во одговор на новинарско прашање, Заев истакна дека македонската економија живее и дека реализацијата на Буџетот е 99,5 проценти. Очекува напролет земјава да излезе од кризата и да се постигне очекуваниот раст на економијата. – Во време на излез од кризата, лично имав став да завршиме со поддршка на платите. Да бараме излезно решение преку подигнување на профитабилноста, преку нови инвестиции, враќање на 10-15 илјади работници на работа. Како во цела Европа, така и ние,…

Read More

ВМРО на Красимир Каракачанов ќе иницира уште еден заеднички договор на бугарските партии во однос на Македонија. Нејзиниот пратеник, Милен Михов, денеска во бугарското собрание изјави дека ВМРО ќе им понуди на сите политички партии „повелба за Македонија со цел да се постигне национален договор“. Според Михов, со тоа бугарските граѓани ќе знаеле кој ги „брани националните интереси и кој дејствува како петта колона на странски држави“, јави БТА. Непосреден повод за оваа реакција на ВМРО беше посетата на извесувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук, на Скопје, неговите средби со македонските функционери и изјавата дека билатералните проблеми треба…

Read More

Евроамбасадорот Дејвид Гир денес од прес-конференција во Владата порача дека регулативата на ЕУ забранува процесуирање на лични податоци за етнички, политички и други верувања во личните документи. Таквата практика, според него, е дел од европска регулатива, посочувајќи дека е добро што Македонија работи на тоа да ги прилагоди своите стандарди со тие на Унијата бидејќи, кога ќе почнат преговорите, овие прашања се првите што ќе се дискутираат. „Ова прашање за усогласеноста на правниот систем тука со тој во ЕУ е многу важно. Северна Македонија има добар прогрес во усогласувањето на нејзиниот правен систем со правилата и стандардите на ЕУ. Ја…

Read More

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, со другите обвинети од УБК денеска ги презентираше завршните зборови пред да се изрече пресудата за случајот „мајка“ на сите случаи „Таргет Тврдина“ – која се навестува веќе за 26 февруари. Јанкуловска во својата одбрана целата вина ја префрли на Комисијата формирана во УБК која направила попис, донела решение и ја уништила опремата за прислушување, а таа ја потпишала рутински, бидејќи највисоките правници во МВР не увиделе и не и посочиле дека незаконски ќе се уништува опрема надвор од процедурата, поради тоа што не била застарена. Според неа, нема дилема дека решението за…

Read More

Секаде каде што има содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, треба да ги отстраниме и ќе ги отстрануваме, рече премиерот Зоран Заев во врска со учебникот Географија за втора година средно образование кој ќе биде повлечен по реакциите дека има содржини навредливи за Албанците. -Добив информација од Министерството за образование и наука за промена на учебниците што се подготвува за следната учебна година, ќе биде променет и учебникот по Географија, кој постои од 2002 или 2006, но проблемот првпат е увиден во 2018 година и доаѓа за промена токму сега, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања. Министерката за…

Read More

Ниту една улица во Град Скопје во моментот не е преименувана. Ова е процес во кој сите сме вклучени и согласно таквите реакции ќе одат именувањата, изјави денеска градначалникот Петре Шилегов по реакциите во јавноста за новите предлози за преименувања на дел од улиците во главниот град. Одговарајќи на новинарски прашања, Шилегов посочи дека процесот е започнат уште во 2019 година и оти нормално е да се јават и вакви постфестум реакции, но дека за разлика од порано, сега граѓаните се вклучени во овој процес, се слушаат нивните размислувања и сугестии и согласно тоа ќе се вршат преименувањата. Според него,…

Read More

Скопје ќе продолжи да се гради, но со усул. Не мегаломанско Скопје кое ќе ја блокира флуктоцијата ма ветерот и воздухот, туку ќе се развиваат перифериите, изјави денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за уредувањето на кејот ,,13 Ноември”. Според премиерот, поради ова е донесен новиот урбанистички закон за просторно и животно планирање кое што прво ја испраќа пораката дека нема повеќе паркинг надвор од парцела. -Паркингот мора да се реши во парцелата. Верувам дека ставивме нормативи кои што го амортизираат мегаломанскиот апетит на инвеститорите, а од друга страна даваме можност преку периферно градење на градот“, истакна Заев.

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот генерален секретар на НАТО Дејвид ван Вел, како претседател на Одборот за управување со сајбер одбраната во НАТО, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка на полето на сајбер одбраната меѓу Северна Македонија и НАТО, соопшти МО. Овој Меморандум за разбирање има за цел да ја подобри и унапреди соработката и помошта во полето на сајбер одбраната помеѓу НАТО и националните органи за сајбер одбрана. – Сајбер – безбедноста е област која ја сфаќаме многу сериозно. Меморандумот за соработка со НАТО на полето на сајбер одбраната, овозможува координирана реакција на сојузниците во случај на…

Read More