Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев од Тетово повторно порача дека учебници ќе има покрај нивните дигиталните форми, а процесот на дигитализација е давање шанса на развојот. Осовременувањето на образованието, според премиерот, е важно и за лицата со посебни потреби. -Уште еднаш сакам да потенцирам дека давајќи му шанса на развојот не треба да правиме драма од се. Прво и трето одделение никојпат нема да имаат дигитални книги за да ги врземе децата со книгата. Почнуваме оваа година од четврто одделение, догодина ќе бидат четврто и петто, после тоа четврто, петто и шесто. Оваа година од 1 септември учениците покрај тоа што ќе…

Read More

Судењето за издавањето на пасоши за случајот „Двојник” против тројца обвинети продолжува на 11 мај. Судот денеска ја раздвои постапката за Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска, откако седум од првично обвинетите 11 лица за случајот признаа вина, а една обвинета преднајави признание на вина. Пред судот денеска вина признаа двајца вработени во МВР, а на претходното рочиште еден посредник и четворица вработени во МВР. Судот денеска им изрече казна затвор од две години и пет месеци на Оливера Софрониевска и казна затвор од година и седум месеци на Шемседин Јашари. Тие се гонат за кривично дело „злоупотреба на…

Read More

Грција би требало да ја отвори границата на 14 мај и да дозволи влез за граѓаните на Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација против Ковд 19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела. Засега не се знае дали С Македонина ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од…

Read More

Се чувствувам добро по примање на вакцината и уште еднаш апелирам до граѓаните да се вакцинираат бидејќи сите вакцини се безбедни и предизвикуваат имунизација. Според планот, октомври е оптимален месец за да се имунизираат 70 проценти од граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев по своето обраќање во Тетово, во одговор на новинарско прашање. Прашан зошто владините претставници се „попривилегирани“ да се вакцинираат без оглед на старосната граница, премиерот рече дека го чекал својот ред, а редот е токму сега кога доаѓаат доволно количини за масовната имунизација. Тој уште еднаш испрати порака до граѓаните да ја искористат приликата и да се…

Read More

Премиерот Зоран Заев го поздрави дијалогот на претседетлот Стево Пендаровски со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но, вели, не очекува ништо од денешната средба по однос на прашањето за настаните од 27 април во Собранието. –Не очекувам ништо. Убаво е што има дијалог. Дијалогот може да носи резултати. По основ на прашањето за 27 април не очекувам ништо, ниту може претседателот на државата да аболицира или амнестира настани кои се поврзани со терористичко загрозување на уставниот поредок, ниту пак е дозволена таква работа да се направи. Но, од разговор нема зијан. Нека направат муабет, дај Боже да има повеќе…

Read More

Ова е значаен ден затоа што станува збор за структура која има незаменлива улога во спроведувањето на законите, одржувањето на јавниот ред и мир, почитувањето на човековите права и слободи и заштитата на државните граници. Со само еден поглед, врз овие исклучително важни надлежности, станува јасно дека од работата на Министерството за внатрешни работи во голема мерка зависи и довербата на граѓаните во својата држава и во нејзините највисоки институции, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешното одбележување на Денот на македонската полиција. Пендаровски потенцира дека довербата на граѓаните треба секојдневно да се потврдува независно дали се работи за мали локални…

Read More

Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово денеска е поставен камен темелник на нова заедничка инвестиција на американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“, која ќе отвори можност за вработување до 1500 лица. Станува збор за инвестиција од 15 милиони евра, односно втор производниот погон кој што се гради на површина од 8 илјади метри квадрати, а плановите на инвеститорот се до ноември 2021 година објектот да биде завршен. На настанот се обрати премиерот Зоран Заев кој истакна дека фабриката на американската компанија која е светски лидер за седишта на возила со високи перформанси водечки во оваа индустрија, располага со…

Read More

Повеќе од 128.000 неформално вработени лица во државата во изминатиот период се соочуваат со ефектите од пандемијата со Ковид-19, но нивниот број би можел да биде поголем имајќи предвид дека многумина ја изгубија својата работа во изминатата година. Најпогодени се секторите каде што се проценува дека има најмногу неформално вработени лица, како земјоделството, градежништвото и услужните дејности. Ова се дел од наодите изнесени во рамки на „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“ презентирана денеска во рамки на настанот организиран од Аналитика тинк-тенк. Министерката…

Read More

Нови 1.000 до 1.200 работни места во полошкиот регион најави премиерот Зоран Заев за време на поставувањето камен темелникот на новата заедничка инвестиција на американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“, во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово. – До ноември 2021 очекувам да биде завршена втората фаза и тоа ќе значи нови 1.000 до 1.200, работни места. Ја разгледавме постојаната фабрика, има врвна технологија за сечење кожа и платно.  Креираат производи со повисока додадена вредност а се подобрува и пристапот до финансиските пазари на капитал. Ниту еден ден за време на пандемијата не застана, функционираше, произведуваше и извезуваше, рече…

Read More

Судот и изрече казна затвор од две години и пет месеци на уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“, која претходно денеска призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. Оливера Софрониевска е шестта, од првично десетте обвинети вработени во МВР, на кои Судот им изрече казна откако го признаа делото. Според обвинението, таа одобрила издавање на 198 лажни патни исправи. Судот на Оливера Софрониевска, исто така, и изрече забрана за вршење професија, дејност или должност во времетраење од десет години. Отежнителни околности, при изрекување на пресудата, Судот рече дека…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, е во работна посета на Естонија. Утрово во Талин оствари средба со министерката за надворешни работи Ева-Мариа Лииметс. Двајцата соговорници разговарале за клучните аспекти од европското досие на Северна Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на евроинтегративниот пат, за што Естонија конзистентно изразува поддршка, соопшти СЕП. -Естонската приказна е многу успешна и Северна Македонија може и треба многу да научи од пријателска Естонија. Естонија е пример за тоа како една земја може да се развие и напредува, искористувајќи ги сите расположливи капацитети. Денес, во Талин, од мојата…

Read More