Author: Нова ТВ

Очекувам дека со резолуцијата во Европскиот парламент која се однесува на нашата земја ќе се констатира дека не смее и не треба да има билатеризација на процесот преговарачката рамка со ЕУ. Тоа беше и позицијата на европратеникот и тоа е позицијата на многу земји членки“, изјави Едмонд Адеми од СДСМ во емисијата 24 Анализа. Адеми вели дека прашањето за индентитетот е прашање за кое не се дискутира и нема ни да се дискутира и дека историската интерпретација не е работа на Европската Унија, политиката, туку на науката и историјата. „Јас може да ви набројам стотици бугарски интелектуалци кои преку јавно писмо…

Read More

Нов Патријарх на Српската православна црква е поранешниот митрополит на Загреб и Љубљана, Порфирије Периќ. Тој е 46-от по ред патријарх на СПЦ. Ова беше крај на фазата на тајно гласање меѓу епархиските и викарни владици, кои се собраа денеска во Храмот Свети Сава за да изберат нов поглавар на српската православна црква,прен есуваат српските медиуми. Според информациите од таму пликови со имињата на тројцата кандидати за нов патријарх биле ставени меѓу страниците на Евангелието, од каде што монахот Матеј од манастирот Сисојевац го има извлечено пликот со името на новиот патријарх. Профирије Периќ е роден на 22 јули 1961…

Read More

Учениците – матурантите не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината и прифатија решение, кое не целосно ги подржува нивните барања. Учениците покажаа зрелост која што недостасува кај ресорниот министер. Покрај тешкотиите во школувањето во период на КОВИД19 пандемија матурантите се соочија и со психолошки проблеми, губитоци на финансии во семејството и губитоци на животи. При тоа се соочија и со бесчувствителниот тврд став на ресорната министерка Мила Царовска, која не покажа воопшто разбирање за нив. Дополнително, учениците – матуранти беа изложени на постојан притисок од директорите од училиштата поставени повторно од власта. Матурантите протестираа и изгубија…

Read More

„Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски и секако го ценам неговиот став во поглед на законскиот предлог за етничката припадност во личните карти. Претседателот во интервјуто рече доколку овој предлог има поддршка од парламентарните партии дека законот ќе го потпише. Секако, ќе разговараме и со него“, истакна денес премиерот Зоран Заев на новинарско прашање. Тој додаде дека вметнувањето на графа за етничката припадност во личните карти не е спротивна на Преспанскиот договор, ниту пак Грција има задршки околу тоа. „Моите советници за надворешни работи, министрите за надворешни работи и тогаш и сега, разговарале, и апсолутно е во корелација…

Read More

– Ќе направам се за да набавим. Министерот за финансии реагираше, конкретно, пари од буџетот има, а доколку е потребно повеќе постои и ребаланс. Дадовме писмено од страна на финансии за да може претседателот и целата Државна изборна комисијана веднаш да влезат во постапка на набавка на апаратите за фингерпринт, односно отпечаток на прст. Како шеф на опозицијата барав фингерпринт и сега не можам да бидам глув за барањето на сегашната опозиција“, истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Тој верува дека има современа европска технологија и дека тоа може брзо да се направи. -Имаме јасни постапки во државата…

Read More

-Денес заедно со министерката за образование и наука, г-ѓа. Мила Царовска и поранешниот министер и пратеник Арбер Адеми разговаравме за реформите во образованието и за отстранување на недоследностите во учебниците, објави првиот вицепремиер Артан Груби. Тој соопшти дека се согласиле дека во согласност со Законот за учебници за основно и средно образование, неправилностите и неправдите во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи уште веднаш од учебникот по географија за втора година на средно училиште. „Во текот на наредниот период, сите учебници ќе бидат прегледани со цел да се стави крај на овие појави, соодветно на недоследностите во…

Read More

На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири. Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања. Директорот…

Read More

-Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на следната недела. Уплатата е веќе направена, соопшти денес премиерот Зоран Заев. Тој потенцира дека денес нашата амбасада заедно со кинеската и фирмите што помагаат со Синофарм, ги направиле првите чекори. – Денеска е прв работен ден после Кинеска нова година. Со уплатата ги отвораме преговорите околу транспортот, патувањето и осигурувањето, што треба да се обезбедат, рече Заев. Македонија од Кина ќе купи 200 000 вакцини.

Read More

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во разговор со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи рекол дека добрите односи меѓу двете земји се од најголема важност за целиот регион и го посочи „мини Шенген“ како пример за успешна соработка вклучена во таа иницијатива. Вучиќ ја издвоил и важноста на Меморандумот потпишан од Србија, Северна Македонија и Албанија, кој овозможува заемна помош и соработка на нивните здравствени системи за лекување на пациенти со Ковид-19. Вучиќ разговарал со Османи за зајакнување на добрососедските односи и решавање на сите прашања преку дијалог, како и за подобрување на економската соработка и…

Read More

Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежнст на Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци. Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа…

Read More

„Цврсто сме уверени дека полициските службеници имаат изграденo голем професинализам и интегритет во работење и тие во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди“, реагираат од Македонскиот полициски синдикат по вчерашните наводи на Платформата за родова еднаквост во врска со случајот „Јавна соба“. Тие велат дека нема да дозволат како Синдикат, поедини случаи да бидат генарилизирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени…

Read More

Повеќе од 12 милиони евра ќе инвестира турската компанија „Пурпласт“ која отвора фабрика во ТИРЗ Скопје 2. Првата фаза од инвестицијата, вредна 5,1 милион евра, предвидува вработувања на 40 – 50 лица со почетна плата од 21.000 денар. Повеќето вработени, околу 90 проценти, ќе бидат со средна стручна спрема, а останите 10 отсто со високо образование. Како што беше речено на денешното потпишување на Договорот за државна помош во Владата, „Пурпласт“ е децениски успешен семеен бизнис од областа на автомобилската индустрија кој извезува во 36 земји. Изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е во финална фаза, технологијата е веќе…

Read More