Author: Нова ТВ

Претседателот на Соединетите Американски Држави,Џозеф Бајден, испратил писмо до вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, по повод 13-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, во кое тој рекол дека силните врски меѓу американскиот народ и граѓаните на Косово ќе останат и во иднина. Писмото на американскиот претседател го споделила канцеларијата за медиуми на Претседателството на Косово. „Очекуваме и едвај чекаме да соработуваме со новата влада на патот на Косово кон интеграција во ЕУ. Треба уште многу да се работи за да се постигне нормализација на односите со Србија, како и да се обезбеди постигнување на конечен договор со…

Read More

Централниот одбор на СДСМ одлучи на 21 март оваа година да се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на партијата. Било заклучено дека процесот на ажурирање на членството тече одлично ширум републиката и дека се создадени сите услови за следната фаза, одржување на првите внатрепартиски избори. „Ова е врв на внатрепартиската демократија и тоа во земјава за прв пак ќе го направи СДСМ. Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе…

Read More

Денеска во модуларната болница на Инфективната клиника започнува имунизацијата. Во првата група се здравствени работници кои се пријавиле, а на број се 4000, од кои 2000 се од главниот град.Тие ќе се вакцинираат со пристигнатите 4680 вакцини од Фајзер кои како донација ги испрати соседна Србија. Започнува последната фаза во борбата со пандемијата Почеток на вакцинацијата против ковид-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата, изјави министерот за здравство Венко Филипче Вакцинацијата почнува со здравствените работници кои работеле и работат со ковид-пациенти, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Клиниката за инфективни болести и фебрилни…

Read More

Утре Стопанската комора на Македонија слави 99 години,па по тој повод на прославата решиле да ја „поканат“ големата филмска ѕвезда Моника Белучи. „На прославата ќе бидат присутни и австрискиот канцелар Себастијан Курц, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, бившиот премиер на Грција Алексис Ципрас, бившиот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, милијардерите Бранко Роглиќ („Орбико“), Миодраг Мишковиќ („Делта холдинг“) и Рифат Хисарчиоглу од Турција, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и повеќе стотици други бизнисмени, министри, соработници и пријатели на Стопанската комора на Македонија“, стои во соопштението на Комората. Од таму дополнуваат дека тие…

Read More

Професорот Владо Поповски, актуелен советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 говорејќи околу случувањата во најголемата опозициска партија, истакна дека сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не може да го поврати целиот капацитет кој што го имал екс лидерот Никола Груевски. „Мицкоски да го поврати целиот капацитет кој Груевски го имаше до 2009 година, се сомневам, не верувам дека ќе го поврати. Не мислам дека е толку вешт колку што е Груевски, а конечно немаше ни три чисти да почне самостојно, да не напаѓа, но да започне самостојно. Мицкоски згреши кога беше…

Read More

Актуелниот советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, професорот Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 осврнувајќи се на случувањата по изборите во декември 2016 година, истакна дека поранешниот претседател на државава Ѓорге Иванов го прекршил Уставот со тоа што не му го давал мандатот на Зоран Заев. „Јас изјавив дека кога Ѓорге Иванов не му го даваше мандатот на Заев, кој што создаде парламентарно мнозинство, со разни изговори реков дека го крши Уставот. Претседателот е должен да го даде мандатот на тој што има собраниско мнозинство, не важно дали победил на избори“, порача Поповски.

Read More

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „северна“ да не стои во нив, рече дека дефинитивно треба да се поддржи етничката определба заради тоа што сме мултиетничка држава. – Тоа знаете како е, сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот. Значи дефинитивно треба да се поддржат вакви работи, заради тоа што сме мултиетничка држава. Знам дека има дебата, ја следам, дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никој пат ниту сме се криеле,…

Read More

Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции, што е основа за раст на економијата во една држава. Не се гледа каде ќе се градат патишта, болници, каде ќе се инвестира во театри, културни институции и градинки, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со петтиот пакет економски мерки најавен од Владата. Според лидерот на опозицијата, станува збор за неразвоен пакет на економски мерки, кој нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните во онаа мера во која тие очекуваат. -Никаде не видов интензивна реализација на капиталните инвестиции, што е суштински важна, не се гледа каде ќе…

Read More

Во денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со новите измени на законот за лични карти, истакна дека не гледа проблем во тоа и сака да се идентификува себеси во личните документи и патните исправи како Македонец, наспроти тврдењата на определени политичари дека треба да се создаде нова нација со граѓанскиот концепт „граѓанин на државата со новата придавка“. -Смешно и небулозно е да се даваат такви квалификации за македонскиот народ и македонската нација којашто е притисната, угнетена и нација и народ којшто е доведен практично со грбот до ѕид. Има таму професори универзитетски во тие политички партии…

Read More

Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристовска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките. Ристовска образложи дека исказот докажува во кои сѐ сфери е вршено обезбедување на целосна контрола на сите процеси во државата, политички, бизнис, медиумски итн. Од следењето во политичките структури, таа го истакна незаконското прислушкување на Фросина Ташевска Ременски, а од бизнис заедницата ги нагласи сведоштвата на незаконски…

Read More

Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами. Како што соопшти Министерството за правда, по носењето на Законот и објавувањето на методологијата сите одговорни за организацијата на пописот, интензивно работат со цел успешно спроведување на статистичката операција која има суштинско значење за развојот на државата. – Последниот попис во Северна Македонија се одржа во 2002 година. Имавме и неуспешен и скап обид за попис во…

Read More