Author: Нова ТВ
Мерката со која се помагаат компаниите за исплата на плати ќе биде последна од ваков вид, рече денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за петтиот сет економски мерки. „Да, ова е последно помагање за исплата на плати. Чесно е Владата да ја испрати пораката – очекуваме развој, раст. Тоа се случува во светот, ги следиме трендовите, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој сепак додаде дека државата е тука и продолжува будно да следи и да им се најде на работниците, на компаниите, на сиртомашните граѓани и на сите кои што се погодени. „Мерката за плати се однесува на погодените…
Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, откри дека се чувствувал непријатно кога отишол во Белата куќа во време кога многу луѓе во резиденцијата на американскиот претседател биле заразени со коронавирус на крајот на минатата година. Фаучи, кој има 80 години, во интервју за порталот „Аксиос“ изјавил дека е свесен дека е во голем ризик од „сериозен исход“ доколку се зарази. „Не се фокусирав на тоа, но тоа беше во мојата потсвест затоа што морав да одам секој ден во Белата куќа, каде што се ширеше вирусот. Затоа се чувствував малку непријатно“, рече Фаучи, а пренесува „Гардијан“. Минатиот октомври,…
Вкупно 9,7 милијарди денари или 160 милиони евра тежи петтиот економски антикризен пакет. Содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Заев на прес-конференција во Владата истакна дека 91,7 милиони евра од…
Со едногласна одлука Судскиот совет ја разреши поранешната претседателка и актуелна судијка во Врховнот суд, Лидија Неделкова, од судиската функција, дознава НоваТВ. Иницијативата за разрешување на Неделкова дојде од разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој поднесе две барања за разрешување до Судскиот совет. Едното е за тоа дека Неделкова како претседателка на одделот за казниви дела во Врховниот суд на 25 март 2016 година изготивла писмо со невистината содржина адресирано до Кривичниот суд, во кое е наведено дека одделот го разгледал барањето и укажал дека СЈО мора соодветно да се легитимира за својата надлежност, иако одделот не одлучувал…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека 99 отсто се дефинирани точките од Акцискиот план со Бугарија и дека може да почнат да ја договараат Меѓувладината конференција која треба да се одржи кај нас. Преостанатиот еден процент според министерот се технички детали и затоа е оптимист дека во наредните денови ќе го финализираат тој текст. Запрашан дали од ДУИ се во преговори за ново парламентарно мнозинство, Османи одговори со категорично не. -Не, парламентраното мнозинство е стабилно, имаме набиена агенда и немаме време да се фокусираме на такви прашања што не се во интерес на граѓаните. Не верувам дека политичките…
„Таргет-Тврдина“: Главното прашање не е како е откриено незаконското прилушување, туку колку траело!
Денеска во Кривичниот суд обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ги даваат завршните зборови за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното незаконско прислушување во УБК. Обвинителот Пеливанов ги прочита стотината оштетени, кои биле нелегално прислушувани, а обвинителката Ристоска потсети дека пред овој случај, во минатото, имало уште две афери за прислушување, од кои и „Големото уво“ од крајот на 2000 година. -Тогаш осомничените беа аболицирани од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, рече Ристоска. Таа потоа потсети и како била откриена и последната афера „Таргет и Тврдина“. Го спомена сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој прв се посомневал дека се врши нелегално прислушување,…
Вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично. Сите коишто вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања. Ова е еден од одговорите на Народната банка на најчесто поставуваните прашања (ЧПП) кои стигнуваат до неа во врска со се попопуларните крипто валути. „Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во крипто-средства произлегува од исклучително високата променливост на нивната пазарна цена, што значи дека за краток временски период се можни исклучително високи промени во пазарната цена на крипто-средствата…
Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и дел од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денес објави дека во изминатите денови се „соочени со гнасни и мизерни нападни од страна на блиски луѓе на Мицкоски по социјалните мрежи“. „Тие под негова команда ги омаловажуваат и навредуваат сите делегати кои секој ден сѐ помасовно се приклучуваат кон идејата за Вонреден конгрес и негова смена! Методите на напад се брутални против секој кој бара негова смена“, објави денес поранешниот градоначалник на својот Фејсбук профил. Според него, „сѐ посилните навреди и клеветења го покажуваат стравот дека фотељата на Мицкоски секој ден сѐ…
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија идната недела треба да се состанат со цел да го договорат терминот на одржување на втората меѓувладина конференција на која треба да биде усвоен Акцискиот план, најави вчера премиерот Зоран Заев. Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка со Бугарија е дефиниран од двете земји со размена на идеите меѓу двете земји. Заев изрази уверување дека негово усвојување и имплеметација ќе помогне во создавањето на севкупниот амбиент за решавањето на другите отворени прашања со Софија. – Очекувам веројатно следната недела или многу брзо да се оствари средбата помеѓу нашиот министер…
Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почнува утре, и тоа најпрвин со вакцинирање на зравствените работници од Инфективната клиника во Скопје. Надлежните потврдија дека подготовките за масовното вакцинирање се во тек, а до крајот на месецов се очекува да пристигнат и кинеските вакцини. Вакцинацијата ќе почне во среда во 10 часот, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Министерството за здравство соопшти дека пунктот во модуларната болница каде има шест вакцинални позиции ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Според утврдениот план, термините…
Покрај печатеното и електронското издание на Службен весник, секојдневно ја ажурираме нашата електронска база на прописи, за која слободно можеме да кажеме дека е архива на националната легислатива од 45-тата година до денес. Базата нуди брзо пребарување, со еден клик, со еден збор од насловот на прописот, или пребарување по области, но она што е најважно е дека со секоја измена во кој било закон, во неа, веднаш поставуваме пречистен текст, вели во интервју за МИА директорката на Службен весник на Република Северна Македонија, Татијана Лалчевска. Е-базата на прописи, како што посочува, е извонредна алатка за секојдневно, безбедно и правно…
Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера извршија вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомневање дека е нелегална гинеколошка ординација. Неофицијално станува збор за докторка која работела во струшката болница, но пациенти примала и дома.Надзорот бил извршен по пријава на пацинтка. Од полицијата во Охрид потврдија дека полицијата асистирала на барање на инспекторите ид ДСЗИ, со налог на обвинителство. Пред еден месец ДСЗИ изврши вонреден надзор во домот на директорот на општата болница во Струга Мухамед Асани, каде откриле нелегална гинеколошка ординација. И тука надзорот бил извршен откако пациентка јавно се пожали за лекарска грешка,…