Author: Нова ТВ
Премиерот Зоран Заев денес ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентрни избори заедно со локалните, додека во врска со пописот изјави дека ќе се одржи како што е предвидено од 1 до 21 април годинава. Одговарајаќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по потпишување на договорот за грант за енергетска ефикасност со германската КфВ банка, Заев го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да престане да ја замајува јавноста со барањето за предвремени избори заради свои внатрепартиски причини. „Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија која што мисли дека треба да има, нека се изасни јавно.…
„Очекувам следнаа недела да се оствари средбата меѓу министерот Бујар Османи и министерката Екатерина Захариева за да се договори втората Меѓувладина конференција. Акцискиот план е дефиниран на секторско ниво, така што посебна е работата на Историската комисија, а посебни се полициските прашања“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Според него, Акцискиот план е тој што треба да биде утврден на Меѓувладината конференција меѓу двајцата министри. „Штом ќе биде утврден, ќе дојде како записник на двете влади за да ги утврдат и веднаш да стартуваме со спроведување на таквиот план“, вели Заев.
Државниот матурски одбор на денешниот онлајн состанок на кој учествуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска го прифати предлогот државната матура да се сости од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и проектна задача. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог концепција. На состанокот министерката Царовска и претставниците на одборот меѓу кои и претставници од Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар истакнаа дека со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти. Исто така, напоменуваме дека овој модел на…
Експертите во детската болница Бурло Гарофоло во Трст откриле нова мутација на Ковид-19 кај две заразени девојчиња, јави агенцијата АднКронос. Истражување кое е спроведено во соработка со Универзитетот во Милано потврди дека станува збор за многу заразен, агресивен мутант. Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта на вирусот предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни лица кои веќе ја прележале заразата. – Најмногу загрижува можноста што мутациите на вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја поништат или намалат отпорноста на коронавирусот стекната со вакцинација, изјави професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во…
„Мицкоски вели дека сме мала група, која нема доволно луѓе, дека немаме луѓе да оддржиме вонреден конгрес, а од друга страна тој закажува редовен конгрес. Во реакцијата на јавноста се гледа дека ние имаме сериозна поддршка“, вели Сашо Лазаровски од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека еден од предлозите е се оди на отворени избори во партијата, односно по примерот на СДСМ каде што целото членство ќе гласа на следниот партиски конгрес. „Сме се обиделе на добар начин да се реши ситуацијата, партијата во последните години не оди во добра насока. Многу од луѓето кои разговараат со…
– Сојузот на средношколците ја прифати опцијата да полагаат два екстерни и два интерни испити од државната матура, односно третиот екстерен испит да биде интерен, но за решението да биде целосно прифатено постави три услови. Бара да се формира работна група во која покрај нивни претставници, ќе има од Државниот испитен центар, наставници во средното образование и со неа да претседава претставник од Кабинетот на премиерот. Работната група треба да одлучува за скратените наставни програми кои ќе се однесуваат на екстерните испити (мајчин јазик, странски јазик, математика) и за тоа кои содржини нема да бидат вклучени во испитите. Таа треба…
Предвидовме започнување активности со кои ќе им се овозможи поддршка на „зелените финансии“ во рамките на остварувањето на нашите основни цели. За таа цел, се планира поттикнување и развој на истражувачката активност во областа на „зелените финансии“, како сфера којашто треба да се вгради во приоритетите на секоја општествено одговорна институција, а заради придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните. Ова, како што соопшти Народната банка, го истакнала гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за порталот „Банкарство.мк“. Во интервјуто, гувернерката посочува дека климатските промени,…
„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и белиот дворец се симбол на криминал, корупција и расипништво. Тоа се покажа и по последниот скандал „Кражба“ во кој нивниот пратеник Антонијо Милошоски, според јавно достапни документи, бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија“, велат од владеачката СДСМ. Според нив, наместо осуда и барање за оставка, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застана зад Милошоски. „Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот. Граѓаните не заслужуваат во Собранието да ги претставува пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама. Особено што против Милошоски и пред…
„Македонија е европски првак во криминал и корупција, а миленикот на Зоран Заев, министерот кој ги штити криминалот и корупцјата на власта, Љупчо Николовски е најодговорен за катастрофата во сите меѓународни извештаи“, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, секојдневните скандали на власта за криминал на нивни блиски луѓе, секојдневните наместени тендери од државните институциите ја однесоа Македонија на дното на извештајот на Транспаренси интернешанл, поточно на 111-то место. „Токму заради невладеењето на правото и селективната правда, како и за политичките прогони на власта реномираниот Економист ја рангираше Македонија како Хибриден режим. Криминалните тендери во здравството кои беа директно…
Вакцинацијата против Ковид-19 во државава ќе почне в среда (17 февруари). Први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Во земјава вчера пристигна првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија. Вакцините на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ. По примопредавањето на вакцините министерот за здравство Венко Филипче истакна дека денеска ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови. – Вакцините се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Вакцините се развиени…
Веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/, информира Министерството за здравство. На оваа веб-страница досега 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање. На овој начин, тие се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент. –Преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. „Мој Термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава, се вели…
Лани прифатени се 15 852 барања за легализација на недвижен имот, со што досега со актуелниот Закон за легализација со кој можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, вкупно се впишани 264.488 легализирани објекти, соопштуваат од Агенцијата за катастар на недвижности. Со актуелниот Закон за легализација можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Во собраниска процедура веќе подолго време е Предлог закон со кој се предвидува нов рок за легализација на дивоградби за периодот од март 2011 до…