Author: Нова ТВ
Можноста етничката припадност да се впише во личните карти беше дадена уште со законот што бил прифатен со уставните измени. Тоа би можело да биде проблематично за патувањето во регионот што е дозволено и со лични карти, но тоа не е доволна причина во нив да не биде ставена етничката припадност, порача денеска премиерот Зоран Заев. – Прво, државјанството е обврска согласно сите меѓународни стандарди. Ние со законот што го прифативме уште при уставните промени, а и сега стоиме позади него, даваме опција да се впише и етничка припадност. Опцијата да се впишеме како сме етнички припадници, значи покрај тоа…
Знамето на НАТО кренато на денешен ден пред две години пред Владата е симбол и потврда на државничката одговорност и силниот патриотизам на сите претходно донесени одлуки врз основа на кои станаа остварливи двата најголеми државни интереси – членството во НАТО и ЕУ. Македонија, е 30-та, членка на НАТО, и целосно е посветена на своите обврски како рамноправен сојузник на Алијансата, објави денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев. -На 12 февруари 2019 година, пред Владата на Република Македонија, беше кренато знамето на НАТО, што следуваше откако на 6 февруари истата година, амбасадорите на земјите-членки на Алијансата во Северно-атлантскиот совет, го потпишаа…
Во понеделник, на средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании, ќе се утврди точната методологија за распределба на петте милиони евра помош за тутунарите, предвидени со петтиот пакет антикризни мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Целта на овие средства, нагласи Хоџа, е да се исполни ветеното од пред еден месец – дека откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари за килограм. -Тоа е рамката на средствата што се обезбедени. Во понеделник имаме средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните…
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на локалните избори и тоа дали се размислува за предизборни коалиции и соработки со Алијанса за Албанците и Алтернатива кажа дека има одредена соработка и со Алијансата за Албанците и со Алтернатива во рамки на Собранието како и во рамки на фондацијата Конард Аденауер и дека е возможно до локалните избори да успеат и да ја турнат оваа власт. -Апсолутно се уште е рано да излеземе со конкретни позиции по однос на локалните избори но обединување на опозициските партии коишто ќе настапат на локалните избори со цел оваа власт да падне на локалните…
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на сметките на 14 113 лица кои одгледуваат лозови насади исплатила вкупно 550.741.044 денари. Станува збор за исплата по однос на мерките: Директни плаќања за оддржување на лозови насади“ и директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки. – Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот Свети Трифун, кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно…
Досието на Северна Македонија во Брисел беше кристално чисто и неусловено, но сепак и покрај силните заложби на германското претседателство, формалното отворање на преговорите во рамки на меѓувладина конференција сѐ уште не се случи поради несогласувањето на една држава, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на состанокот на Парламентарната група за соработка меѓу Северна Македонија и Литванија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашање, на состанокот посветен на унапредување на соработката во однос на процесот на европската интеграција на земјава, Димитров пред литванските парламентарци се осврна на историјатот на европската интеграција на Северна Македонија и пречките…
Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница донесе пресуда со која ја потврди првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело и делумно ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „27 април“. – Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и…
Државната комисија за спречување на корупција на денешната 46-та седница ја запре постапката поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, според која, фирми кои се во тесно сродство со премиерот Зоран Заев добиле концесии за природни минерали, бидејќи не се потврдени наводите за коруптивно однесување од пријавата. Членот на ДКСК, Катица Николова појасни дека врз основа на пријавата тие отвориле два предмети – еден во делот за корупција и еден во делот за судир на интереси при доделување на концесии на фирмите „Еленица“ и „Тотал инжинеринг“. – За „Еленица“ добивме информации од Министерството за економија дека е корисник на концесија од 1997 година, а…
Граѓаните ќе можат преку два механизми да се пријават за вакцинација, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. -Има два механизми за вакцинација. Првиот е преку матичниот лекар кој ја испитува волјата на пациентот, а вториот е преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, а тие треба да ги известат и прашаат своите пациенти за вакцинирање. Низ разговор треба да направат мини анамнеза за да ја знаат моменталната здравствена состојба на граѓанинот. Улогата на матичните лекари е многу важна и го вреднуваме нивниот труд и работа, напиша министерот.
Врховната судијка Беса Адеми е новиот претседател на Врховниот суд. Судскиот совет претпладнево на седница меѓу тројцата кандидати Беса Адеми, Лидија Неделковска и Џемали Саити со гласање ја избра Беса Адеми. Адеми ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1, против нејзиниот избор беше само членот Мирсад Сурои. Изборот на нов претседател на Врховниот суд го следеа контроверзии околу психолошкиот тест на судијата Џемали Саити за кој некои медиуми објавија дека не го положил психолошкиот тест. Од институтот каде се вршело психолошкото тестирање од судскиот совет ја негираа оваа шпекулација со појаснување дека на овој тест не се…
Продлабочување на економската соработка, но и забрзана реализација на значајни инфраструктурни проекти со што ќе се зголеми поврзаноста помеѓу РС Македонија со Република Бугарија, беа тема на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов. „Во областа на транспортната инфраструктура, Владата на Република Северна Македонија е посветена на изградба на железничкиот дел од Коридорот 8. За првата и втората фаза средствата се веќе обезбедени, додека за третата фаза обезбедени се грант средства од ИПА 2 програмата и во тек е постапка за дообезбедување на финансиската конструкција“, рече Бесими. Воедно, во тек е…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање кон граѓаните објасни дека пописот е една најважна статистичка операција. – Како Министерство кое во фокусот ги има најранливите групи на граѓани, децата, работниците, пензионерите, лицата со попреченост, имаме реална потреба од попис организиран согласно стандардите на Обединетите нации и според правилата на Евростат, истакна министерката Шахпаска. Таа додаде дека врз основа на податоците што ќе се добијат од пописот, Министерството за труд и социјална политика и Владата ќе можат да ги градат идните политики и стратегии, кои ќе овозможат ефикасен одговор на потребите на граѓаните. – Од одговорот на…