Author: Нова ТВ
Непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите, истакна вчера премиерот Зоран Заев на панелот кој го организираше американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“ „Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став…
Ние сме сигурни дека ја уживаме поддршката на повеќе од 70 пратеници, за да не губиме од наставата и да се подготвиме за матура за полагање на два предмета го прекинавме бојкотот.Денеска во 16 часот ќе имаме средба со премиерот Зоран Заев каде ќе ги дискутираме можностите за нашите барања да бидат прифатени, изјави лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи во Студио 10. –Нашиот став е јасен нема да дозволиме нашите барања да бидат партизирани од политиката и за тоа се залагаме и ќе се бориме за правата на средношколците да не бидеме манипулирани од партиите, вели Ходаи. Тој вели…
Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на официјалната посета на Турција, имаше средба со претставници на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТООБ), како и со претавници на Асоцијацијата на градежници на Турција и со одделни стопанственици. Министерот Бектеши на средбата со Али Копуз, потпретседател на ТООБ истакна дека Северна Македонија и Турција имаат долгогодишни цврсти односи и пријателски чуства. И покрај тоа што билатералната трговијата меѓу двете земји во континуитет расте, има голем простор трговскиот обем да порасне уште повеќе. Информираше дека со цел да се подобри трговската соработка веќе е започната постапка за ревидирање и…
Мерките од петтиот сет предвидуваат грантови за остварени позитивни економски резултати, финансиска поддршка на извозот, значително зголемен пристап до кредити и ликвидни средства преку фондови – односно низа мерки кои ќе ја поддржат развојната компонента и генерирање на раст, пишува во неговата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека новиот сет на мерки, кој наскоро треба да се донесе, е насочен кон ревитализација и развој. -Петтиот сет на антикризни мерки е создаден врз основа на интенциите да се поттикнат позитивни деловни резултати, да се поддржи извозната активност, да се поддржи пристапот до капитал на фирмите, да се поттикне…
Попишувањето на лицата државјани на Република Северна Македонија кои во периодот на спроведување на Пописот 2021 живеат/престојуваат во странство ќе се врши по пат на самопопишување/саморегистрација преку онлајн апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, во периодот од 1 март до 21 април 2021 година, соопштија од Влада. -Овие граѓани влегуваат во категоријата на население за кои ќе се обезбедат податоци со пописот под името „вкупно нерезидентно население“ и тоа се лицата, државјани на Република Северна Македонија, кои во времето на Пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и…
Во своето гостување во „Само вистина“, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов посочи дека С.Македонија успешно се соочува со предизвиците од Ковид 19. Оттаму смета, дека нашата земја не доцни со вакцинацијата и дека сепак не сме моќни сами, во директни договори да ги набавиме потребните договори за вакцинација. „Сметам дека како Влада немаме причина да ги криеме бројките во однос на заразените од Ковид 19. Политиките на Владата, се по основ на алгоритмите на СЗО, што се покажаа како успешни. Исто така, сметам дека има учени луѓе во опозицијата, поконкретно во ВМРО ДПМНЕ, кои и самите знаат дека доколку и…
Во своето гостување во 24 анализа, новинарот, Љупчо Зиков посочи дека е позитивен момент тоа што денес С.Македонија потпиша договор за кинеските вакцини, како и тоа дека доцниме поради тоа што сме биле на некој начин „изиграни“ од соседите, кои првенствено понудија помош и донација во однос на вакцините. „Примарна вест денес е потпишувањето на договорот за кинеските вакцини. Се разбира, дека тоа е процес со многу предизвици, но драго ми е што и светот сфаќа дека вакцините треба да пристигнуваат од сите производители. Добро е според мене, но и за С.Македонија што веќе пристигнуваат вакцините“, истакна Зиков и додаде:…
Премирот Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители. Запрашан околу набавката на вакцини против Ковид- 9 во Северна Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката. – Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини,…
Изминатата 2020 година ја одбележаа значителни пресврти во процесот на европска интеграција. Следствено, овие настани се одразија на јавното мислење и перцепцијата на населението кон ЕУ. Во 2020 година, се става крај на долгогодишниот тренд на опаѓање на поддршката за ЕУ, со 69 проценти од населението кое дава поддршка за членството во ЕУ, за 4% повеќе во споредба со 2019 година. Дополнително, меѓуетничкиот јаз во степенот на поддршка на членството на ЕУ се намалува. Ова го посочуваат резултатите од два истражувачки труда на тема „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2020) и…
Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Иван Корчок. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е поздравено лидерството на премиерот Заев во решавањето на прашањата од важност за евроатлантските интеграции, како и во напредокот на нашата држава. Соопштено е дека е препознаен реформскиот развој во сите области во земјава и е најавено дека Словачката Република ќе продолжи да го поддржува развојот на државава и напредокот кон ЕУ. На средбата е изразена заедничка согласност дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ е од значење…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски една година пред да биде назначен за министер за надворешни работи во Македонија, бил осуден за дела во Германија, дознава „А1он“. Според документите од судот во градот Ахен, Милошоски сторил дело фалсификување на исправи.Нему му била изречена поблага казна, иако за двете дела, според актуелниот Кривичен законик на Германија, се предвидува и казна затвор. „Во 2004 – 2005 година јас бев студент во Германија. Секогаш сум имал регулиран престој. Не сум имал никакво дело кое што на било кој начин би можело да го доведе во прашање мојот престој во Германија. Доколку има нешто такво ќе…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис. -Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе…