Author: Нова ТВ
Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски на својот Фејсбук објави дека најдено е решение и за проблемот со простории за Државната комисија за спречување корупција. -Како што предложивме, ДКСК ќе биде сместена во зградата кадешто е Финасиска полиција и Управата за разузнавање. Тоа е најдобриот простор којшто државата моментално го има.Имаме информација дека и ДКСК направила посета на просториите и тие се задоволни. Ние сме тука да ги решаваме и проблемите кои со децении биле запоставувани, на страната на граѓаните, пишвуа Николовски.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска учествуваа на јавната расправа повод реформите во образованието која што се одржа во Собранието на Северна Македонија. На јавната расправа во организација на собраниската Комисија за образование, наука и спорт учествуваа и претставници на МАНУ, на ЗЕЛС, градоначалници, наставници и професори на факултетските установи, и на други општествени, образовни, политичките и другите стручни институции, претставници на граѓанските организации, како и претставници на меѓународните организации и на амбасадите на земјите што учествуваат во образовните реформи. Премиерот Заев во своето обраќање ја нагласи заедничката, особено значајна…
После денешниот состанок на Економско-социјалниот совет на кој што ја презентирав последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор, можам да заклучам дека сме многу блиску до конечното решение, сподели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Последниот предлог законско решение, вели таа, резултираше после широка дебата во општеството, со синдикатите, со претставниците на коморите, на работодавачите, но и после сеопфатната дебата што се одвиваше во јавноста воопшто. За работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите…
Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да создадеме национален, македонски модел на основното образование, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое почна јавната собраниска расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование. Треба да се имаат предвид, рече, инклузивноста, еднаквоста, родовата рамноправност и мултикултурализмот и други аспекти на нашиот концепт „Едно општество за сите“. – Овие денови се слушаат гласови дека брзаме со образовната реформа. Моето мислење е…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека треба што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори. „Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори, бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата Порше Македонија. Според него, Владата цело време бара алиби за неуспесите, но јасно покажала дека не знае…
Во рамки на денешното претставување на новите 65 подофицери, од предвидените 120 за оваа година, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, им посака добредојде на новите чинители во Армијата на С.Македонија. Посочи дека стандардите и модернизацијата се темелат на НАТО Алијансата и тоа што таа го предвидува, но дека секој чекор пред се го правиме за доброто и безбедноста која ја очекуваме од нашата Армија. „Почитувани подофицери, ќе ве чека многу работа. Оваа модернизација нема да ја правиме заради НАТО, туку заради нас и нашата безбедност. Буџетот го зголемуваме, додатоци и зголемување на плати и модернизирација во поглед на НАТО стандардите…
Креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм се лишени од слобода откако вчера Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за нивно приведување, а надлежниот јавен обвинител денеска донесе наредба за истражна постапка против двајцата осомничени за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, соопшти државното Јавно обвинителство. Бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител за двајцата осомничени, кои се на возраст од 32 и 21 година, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог…
Во рамки на долгоочекуваната статистичка операција во С.Македонија – пописот кој е закажан за април годинава, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски го карактеризираше како неопходен во поглед на инвестициите и развојот на земјата. „Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во С.Македонија, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила. Она што недостасува како квалитетен податок, кој можеме да го понудиме е меѓудругото и тоа. Тоа влијае на одлуката на инвеститорите да вложат во С.Македонија, а влијае и на платите кои ги даваат за работниците. Пописот е неопходен и важен, за конечна слика која ќе може да…
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска на прес конференција ја престави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април. Секој податок даден за време на пописот ќе се проверува преку неколку бази на податоци, истакна Симовски, апелирајќи за веродостојност на информациите кои ќе бидат давани на попишувачите. Симовски рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од министерството за здравство, но и други бази на податоци. „Можеме сѐ да проверима така што апелирам, но и потенцирам дека сѐ ќе се проверува, никој да…
За разлика од ставот на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Кавадарци смета дека пандемијата не е пречка за спроведување на пописот Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев смета дека попис мора да се спроведе и дека најидеално време за тоа е пред летото, бидејќи во лето тешко се изведува, а на есен има локални избори. „Дека попис ни е неопходен, тоа е повеќе од јасно. Замислете 20 години немаме попис, тоа е катастрофа. Ако доаѓате од бизнис – секторот, имате попис секоја година или месец, а замислете држава да не си го попише сопственото население. Тоа се неколку генерации“, рече Јанчев…
Средношколскиот сојуз синоќа одлучи од утре да го прекине бојкотот, па се до 12. февруари. Имено, тие велат дека по средбите во Собранието имаат поддршка од речиси 70% од пратениците во законодавниот дом. Како што посочуваат, ако се најде заедничко решение со Министерството за образование и наука, од пратениците ќе биде побарано да се вклучат нивните барања во законските измени, кои ќе бидат во важност само за оваа учебна година. Јасно е барањето на средношколците до министерката Царовска. Тие бараат да се полагаат два наместо четири предмети на државната матура која претстои за неколку месеци.
Квалитетот на дебатата во Собранието доби средна оценка 5,5 во Извештајот на Институтот за демократија од Скопје за периодот од 4 август до 31 декември 2020 година. -Извештајот го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните две години и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување, соопштија денеска од Институтот за демократија, кои од јуни 2014 година го следат квалитетот на дебатата во Собранието и работата на Собранието генерално. Од јануари 2020 година почна четвртиот циклус на мониторинг, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ)…