Author: Нова ТВ

Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. – Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. Идеалите и заложбите на овој великан, како што се наведува, се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како…

Read More

На денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека протестите се демократско право, но не смеат да ги прекршуваат правилата и прописите. „Точно е дека се поднесени пријави и против организаторот на протестот бидејќи не се испочитувале протоколите, но и пријави за оние кои оштетиле имот на државата и возилата на МВР. Веќе се идентификувани и повикани на разговор 14 лица кои учествувале во овие настани“, посочи Спасовски. Меѓудругото, осуммина припадници од МВР се под истрага за директно учество во нелегални активности за издавање на возачки дозволи на лица кои немале положено возачки испит, посочи Спасовски во…

Read More

Социјалните мрежи и нивното регулирање и контролирање во смисла на загрозување на интегритетот на личност и човековите права предизвик за цел свет. За нас е успех што не успеавме да продолжи. Имаме ситуација каде 4 лица се лишени од слобода за овој случај, предметот е предаден во ЈО за понатамошно постапување и имаме ситуација каде подговотвуваме промена на законска рамка за зајакнување на гонењето на овие случаи, меѓудругото поттикнати и од овој случај (Јавна соба) да го забрзаме процесот, изјави во Утрински брифинг министерот за правда, Бојан Маричиќ. -Дека нашите институции треба и можат да работат подобро и побрзо тоа…

Read More

За 2020 година реализирани се 99 проценти од планираните капитални инвестиции преку единицата на Министерството за финансии за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, со поддршка од Светска банка. Со проширувањето на буџетот на МСИП за 2020 година, капиталните расходи беа проектирани на 654 милиони денари, од кои се реализираа 646 милиони денари. Станува збор за капитални инвестиции во 32 општини од целата држава, и тоа во образовниот сектор а преку изградба, доградба и реконструкција на градинки во Пехчево, Гостивар, Кисела Вода и Центар, потоа во подобрување на инфраструктурата преку изградба на улици во урбани и…

Read More

Во гостувањето на тв24 , министерот за здравство, Венко Филипче уште еднаш потврди дека пристигнуваат 200.000 вакцини од Кина, кои ќе ни бидат сигурен старт. Исто така, Филипче вели и дека ги следи предизвиците на останатите земји, но и тоа дека С.Македонија е земја која по однос на повеќе механизми побарала вакцини. „Сите вакцини се сигурни, безбедни се, со кој тип ќе започне вакцинацијата зависи од динамиката на реализација на договорите. Здравствените работници кои работат со Ковид, списоци на граѓани постари, граѓани со хронични болести, имаме списоци со име и презиме, тие први ќе се вакцинираат. Преговорите со компаниите се…

Read More

Петнаесеттина дена откако беше донесен Законот за попис и неодамнешниот изнесен став на претседателот на државата Стево Пендаровски дека не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, вчера и премиерот Зоран Заев изјави дека таквата можност е вредна за разгледување. Но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеци. Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, пак, не сака да навлегува во дебатата за одложување на оваа операција. На Собранието, рече, беше да се донесе закон и тоа е направено. За друго е потребен политички договор,…

Read More

Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19, најмногу во земјите во развој. Тоа ќе биде доволно за вакцинирање на речиси 169 милиони луѓе со двете дози, или речиси три проценти од популацијата во 145 земји кои учествуваат во иницијативата. Ковакс очекува да подели 336 милиони дози вакцини кои ги развија АстраЗенека и Оксфорд во првите два квартали, повеќето произведени во Индија. Во првиот квартал се очекуваат дополнителни 1,2 милиони од вакцината на Фајзер и Бионтек. Според Ан Линдстранд од СЗО, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари.…

Read More

„Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис”, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција. Вицепремиерот Битиќи додаде дека пописот конечно ќе даде одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира. „Сите инвеститори, независно дали се странски или домашни со пописот ќе имаат одговор на многу важни…

Read More

По јавната расправа во собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која е закажана за утре, министерката за образование и наука Мила Царовска очекува дефинирање на концепцијата за основно образование. Очекува плодна дискусија, а секој конструктивен предлог, кој ќе произлезе од расправата, ќе може да се вметне во концепцијата со која се спроведува реформа на основното образование, која е обврска, во согласност со Законот за основното образование од 2019 година. За концепцијата, нејзиното градење, бројните забелешки во јавноста во однос на начинот на кој се одвиваше процесот на нејзиното создавање, но и во однос на интегрираниот пристап во реформата говоревме…

Read More

Со 55 гласа „против“ и 53 гласа „за“ во Собранието не помина интерпелацијата за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Барањето за интерпелација отвори жестока политичка дебата во Собранието. Односите со Бугарија, недобивањето на датум за старт на преговорите на земјата со ЕУ за кој неколкупати уверуваше владата беа главни аргументи со кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ го бранеше барањето за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања. Речиси во текот на целиот ден реториката во законодавниот дом зачинета со дипломатските прашања кои според опозицијата – власта не успеала да ги реши. Димитров пак ги бранеше позициите порачувајќи дека власта достоинствено ги издржала…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ во изјава за Телевизија 24 кажа дека по интервенцијата на институциите и затворењето на групата Јавна соба, сега случајот е во рацете на обвинителството и судовите кои треба да постапуваат. Министерот најави дека ќе се менуваат закони за да има поголема безбедност за жртвите како оние од Јавна соба, но и построги казни. – Сега е на потег обвинителството, да го расчисти овој случај по судски пат, има доволно материјали кои се предадени во обвинителството. Ние како институции кои ги предлагаме регулативите, oна што може сега да го направиме и го правиме е веќе внесување…

Read More

„Интерпелацијата за Димитров е уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ, и наместо да го поминуваме времето корисно во парламентот, да носиме закони важни за граѓаните, ние во моментот таму имаме пласирање лажни вести, клевети и навреди, она што ВМРО ДПМНЕ знае најдобро да го прави. Не може за тоа што не започнаа преговори со ЕУ вината да биде кај Димитров. Сите се изненадени од одлуката на Бугарија и тоа не е во духот на Договорот за добрососетство, потпишан на двата официјални јазици. Таквата одлука не е во духот на европските вредности. Целиот демократски свет е изненаден од одлуката на…

Read More