Author: Нова ТВ
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид се приклучија кон националната кампања за осветлување на знаменитости и културно-историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со ретките болести. Тие со илуминација поставена кај месноста Сараиште ги осветлија водите на Охридското Езеро, на местото каде се наоѓа старата дрвена шина користена за извлекување бродови и пловни објекти. Претходно со илуминација во акцијата се вклучи и Архивот на Охрид, со осветлување на објектот во боите на ретките, а акцијата стартуваше на 1 февруари кога беше осветлена Самуиловата тврдина во Охрид. Тврдината ќе биде осветлена во боите на ретките болести се до…
На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија. Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на пациент врз кој се вршеше оваа терапија, а новата метода на лекување ја спроведува стручен тим на Клиниката, предводен од директорката на Хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. За усовршување на овој начин на лекување со медицинскиот тим на Хематологија работи едукатор од Германија. – Ова е уште еден исчекор во модернизирање на лекувањето на пацинетите на оваа Клиника, но и инвестиција во квалитетен здравствен систем за граѓаните. За овој начин на лекување нашите пациенти претходно…
Актуелните прашања од сферата на уставното судство и правосудството, беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати. Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати го информирал премиерот Заев за неодамна остварената посета на Турција каде што нашата делегација на Уставниот суд оствари средби со највисоки претставници на уставното право на Турција, како и со претставници на правосудните и политичките институции на оваа земја на кои било разговарано за можната соработка, особено во делот на размената на искуства од работата на судските институции…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини министерот Никола Димитров дека е виновен што Историската комисија меѓу Бугарија и Македонија постигнала технички напредок кој, според него, се состои во тоа што се откажала од терминот Македонска историска комисија бидејќи преку уставниот закон за спроведување на амандманите во 2019 година Димитров им го овозможил тоа на сите што ќе го побараат. -Бришачот, тој што ја избриша придавката кон институциите и од институциите кон други држави е Никола Димитров, така што членовите на Историската комисија имале морална дилема дали и натаму да опстојуваат на терминот „македонска“, но Димитров уставно-правно тоа им го…
„Апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на Јавна Соба, важно е да се подигне јавната свест за појавите како Јавна Соба, важно е и ефикасно делување на институциите на системот“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според него, МВР ефикасно презема многу чекори коишто придонесуваат во истрагата за Јавна Соба, со цел санкционирање за одговорните. „Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавно обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од Јавна Соба. Сакам да уверам дека неселективно постапуваме кон сите…
Под мотото „Јавна соба е кривично дело!” и со пароли “Жртвата никогаш не е виновна”,”Нашето Не, не значи Да, „Полицајците треба да не штитат, а не да бидат дел од Јавна соба”, пред Основното јавно обвинителство заврши протестниот марш против „Јавна соба“, на кој беше изразена поддршка на жртвите од групата отворена на апликацијата Телеграм, во која се споделуваа фотографии и податоци од жени без нивна дозвола. Со гласни пораки по главните улици и во голем број, дадоа до знак дека нема веќе да молчат. Протестот почна пред зградата на Министерството за внатрешни работи, со почитување на протоколите за заштита…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека вакцинацијата против ковид-19 ќе започне месецов со 200.000 дози на кинески вакцини, за кои транспортот ќе го организира Министерството за здравство. „Не би шпекулирал во однос на точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа, после што истиот ќе го објавиме“, изјави министерот Филипче. Тој најави дека со кинеските вакцини ќе се започне вакцинирањето на сите приоритетни групи. Филипче потенцира дека сите вакцини коишто се наоѓаат на пазарот се безбедни и нема задршка кон ниту една вакцина, како и дека сите се развиени на безбедни платформи. Министерот изјави…
Во најновиот извештај на магазинот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година, Македонија е рангирана на 78-мото место и во групата на т.н. хибриден режим. Во групата со хибриден режим се и Украина, Ерменија, Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија. Според „Економист“, од 2016 година до 2020 државата има пад на оценката според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6. Во овој извештај оценката за Македонија е 5,89. Индексот за демократија, како што појаснува „Економист“, претставува слика на состојбата на светската демократија за 165 независни држави и…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика пратениците од другите политички партии да го поддржат предлогот на неговата партија за измени на Законот за средно образование, кој го поднесоа во понеделникот, со што ќе им помогнат на матурантите да се измени концептот за државната матура и да се намали бројот на задолжителни предмети кои ќе ги полагаат. – Очекувам сите политички партии во Парламентот да ги поддржат матурантите, бидејќи матурантите се во право. Можеби на јавноста не и е јасно, но сакам еве и јас, од името на професорите, не од името на политичарите, да ги поддржам матурантите, да го…
Во рамки на денешната прес конференција, премиерот, Зоран Заев на новинарско прашање, одговори дека е подготвен по препораката на претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски да го одложи пописот. „Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката…
Со вкупен буџет од 3,2 милиони евра обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2 на Европската унија, Владата започнува со реализација на проекти за домување на Ромите со кои се очекува да се подобрат условите за живеење на овие граѓани. Проектите ќе бидат реализирани во следните три години во Прилеп, Битола, Штип, Берово и Кичево. Со нив ќе се опфати легализација на ромските домови, ќе се подобри инфраструктурата во ромските населби, ќе се изградат нови живеалишта за Ромите, но исто така проектите вклучуваат и вработување на младите Роми и поддршка на учениците Роми со туторство. Планирано е да…
Зборувајќи за интересот на компании од странство да инвестираат во Северна Македонија, заменикот на претседаетлот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи рече дека само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра. „Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната…