Author: Нова ТВ

Човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област. Ова било истакнато на онлајн состанокот на министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и претставници од канцеларијата на претседателот на Владата и од Министерството за здравство со директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, и експертски тим на Светската банка. На состанокот се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за…

Read More

Игор Спасов, баран и приведен во Софија во понеделникот, бил пронајден по сигнал за семејно насилство од жената кај која се криел, објави бугарската полиција. Тој беше пронајден во стан во една од најгусто населените станбени области на Софија – Младост. Спасов живеел во станот на жена со која имал интимна врска. Токму таа повикала полиција, со образложение дека Спасов се заканувал дека ќе ја претепа. При проверка на неговите документи, полициската патрола открила дека го бара Интерпол. Тој беше приведен во понеделникот попладне и не се спротивстави на апсењето. Полицијата соопшти дека Спасов живеел во Турција некое време пред…

Read More

Соседските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија одбележаа невиден напредок по потпишувањето на Договорот за добрососедство и имаше низа заеднички настани на лидерите од двете земји. Но две години подоцна тешко е да се препознае напредок, а на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во емисијата „Бугарија наутро“ на ТВ „Бугарија он ер“ (Bulgaria On Air). -Главниот проблем е дека договорот меѓу нашите држави создаде рамка, дека нештата ќе се променат и ќе почнеме да се движиме по нов пат. Но, за жал, кон Бугарија досега не видовме таква голема…

Read More

Виепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи очекува неделава да биде финализиран петтиот пакет мерки, ако се постигне согласност со сите засегнати страни. -Петитот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од Ковид-19 ќе тежи помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра. Се очекува да биде финализиран неделава ако постигнеме консензус со сите засегнати страни, рече денеска вицепремиерот. Тој посочи дека никој нема да биде изоставен од мерките и се уште се разгледуваат деталите за пакетот за да биде точно утврдена неговата…

Read More

Само идеолошки, историски и од политички аспект постојат ѕидовите, кои инаку не треба да постојат помеѓу земјите соседи. За надминување на бариерите и правењето пробиви во ѕидовите треба да работат двете страни, посочи бугарскиот европратеник и известувачот на Европскиот парламеннт за С.Македонија, Илхан Ќучук. „Од една страна, таков план подготвува бугарската Влада, а од друга – Владата на Република Северна Македонија“, вели европратеникот за една бугарска телевизија. Исто така, Ќучук се надева дека тоа ќе се случи наскоро. „Разговор без историја не е можен. Во исто време, патот на реформите во Северна Македонија мора да продолжи, но не смее да…

Read More

Во 2020 година и покрај пандемијата, имаме најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Во статусот, Заев наведува дека во стопанството по основ на поврат на ДДВ кон фирмите се слеани 397,4 милиони евра. Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон претпријатијата, според Заев е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен.

Read More

Опозицијата во координација со структури од правосудството, остатоци од режимот на ВМРО ДПМНЕ, кога судии се избираа и се унапредуваа според списокот во полицискиот тефтер на Гордана Јанкуловска, со канонада од лажни вести сака да го дискредитира министерот за правда, Бојан Маричиќ, односно, да го нападне неговиот проект со филтрација на судството и обвинителството. Немајќи аргументи за процесот, оти се спроведува транспарентно и според методологија, немајќи факти за тоа дека Судскиот совет конечно профункционира и започна да разрешува судии, исто како што немаат со што да се спротивстават на решителноста на министерот Маричиќ за реформи во судството, но и на…

Read More

Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, јави Бугарското национално радио БНР, пренесува дописникот на МИА од Софија. -Игор Спасов беше уапсен вчера во главниот град, во областа Младост, каде што се криеше. Според медиумите, тој има 14-годишна затворска казна во Република Северна Македонија за убиство. Спасов живеел во Софија во стан во областа Младост во главниот град. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Спасов беше уапсен вчера попладне, стои…

Read More

Опозициската, ВМРО ДПМНЕ, во рамки на денешното соопштение, упатија повик до сите партии, со цел поддршка на измените во Законот за средно образование. Ова следува откако матурантите адресираа писмо до Собранието и замолија да им се помогне и излезе во пресрет во однос на полагањето на државната матура. За потсетување, матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата.Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование…

Read More

Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Отворена е широка дебата во која се вклучени синдикатите, коморите, работодавачите. Даваат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош. Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите и медиумите ќе бидат во фокусот на петиот сет мерки, како директно најпогодени сектори на кои им е неопходна помош. Но, да бидат вклучени во антикризниот пакет побараа и други индустрии: музичарите, организаторите на настани и претставниците на фото и видео дејностите. Некои дури…

Read More

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари. По основ на изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта и сопствено учество во инвестиции од странски кредити ЈПДП проектира 1.642.000.000 денари. За изградба на патишта се планирани 1.075.000.000 денари, за осветлување и сигнализација 10.000.000, а за свлечишта и рехабилитација на мостови и тунели и други…

Read More

Дополнителниот предлог-закон за изменување и дополнување на законот за лекови и медицинските средства кој овозможува и услови за увоз на вакцини против ковид-19 во земјава вчера беше усвоен со консензус во Собранието. Министерот за здравство Венко Филипче го поздрави донесувањето и дополнувањето на законот преку својот Фејсбук. Во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата. Изразувам благодарност до пратениците за поддршката и искажаната грижа за колективното здравје, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. -Имунизацијата е единствениот начин да ставиме…

Read More