Author: Нова ТВ

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања, велат за МИА од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавоста дека тој планира да формира политичка партија. Премиерот Зоран Заев денеска на прашање околу ставот дека Црвенковски ќе формира нова партија, изјави дека не верува во приказните дека поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ ќе формира нова партија. -Тоа треба дефинитивно да го прашате него, а јас го кажувам заради тоа што тој е еден од основачите на СДСМ и претседател на партијата долг период. Бил премиер, а…

Read More

Вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци одреди Судот на тројца и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен во МВР за злоупотреба на службената положба, за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани. Судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за поттикнување на петтообвинетиот, кој призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. Судијката Оља Ристевска, пред изрекување на казните посочи дека станува збор за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години. – Вработените во својство…

Read More

Треба да работиме на креирање на модели кои долгорочно ќе и помогнат на текстилната и кожарската индустрија да се подобри нивната состојба, а тоа може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период заедно ќе работиме со Организацијата на работодавачи, синдикатите, коморите и другите асоцијации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Ја следиме состојбата со пандемијата и со економската криза во текстилниот и кожарскиот сектор и во сите други сектори. Императив ќе ни биде да излеземе од…

Read More

Во рамки на законскиот рок, во кој постоечките правни лица имаа обврска во Регистарот на вистински сопственици да го пријават својот вистински сопственик, својата обврска навремено ја завршиле 69.284 субјекти, односно близу 90 проценти од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави. Ова денеска на прес-конференција го соопшти вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. Тој рече дека минатата недела заврши законскиот рок од три месеци во кој требаше правните лица да го пријават физичкото лице кое директно или индиректно остварува управувачка или контролна улога во еден правeн субјект. -Зголемувањето на транспарентноста како суштински процес на демократските општества е базичен…

Read More

Лидерите на регионот едногласно ветија дека со здружени напори ќе изградат заеднички регионален пазар. Посветеноста и силната обврска да се оствари ветувањето бараат акција. Годината на македонското претседателство ја започнавме со амбициозна агенда, развивајќи нови механизми и покренувајќи иницијативи за олеснување на трговијата и забрзување на економското закрепнување на регионот

Read More

Одлуката за намалување на рестрикциите воопшто не е политичка. Претходно телефонски се консултирав со членовите на Комисијата на заразни болести, кои се согласија за намалување на мерките. Во текот на следните денови, односно од почетокот на следната недела, доколку трендовите продолжат во оваа насока, ќе следат и дополнителни попуштања на рестрикциите, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последната одлука за олабавување на мерките посочи дека Комисијата за заразни болести немала официјален состанок поради празникот, но оти имал телефонска консултација со претседателот на Комисијата и со дел од членовите, при што разговарал…

Read More

Општина Охрид ги почна активностите за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Механизација денеска работи на потегот од крајбрежјето после хотелот „Метропол“ кон Лагадин. Според најавите, активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. -Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упатува апел до сопствениците на бесправни градби да…

Read More

За справување со климатските промени неопходни се сеопфатни мерки и активности од страна на повеќе надлежни органи. Постои потреба од меѓуресорски координирани стратегии, политики и планови. Климатските промени се чувствуваат во многу сектори: земјоделство, шумарство, водостопанство, животна средина, предизвикуваат топлотни и студени бранови, имаат ефекти врз здравјето и животот кај луѓето, животните и растенијата, производството и снабдувањето со храна, обезбедувањето со енергија, поттикнуваат миграции, ризици од природни непогоди па дури се и причини за судири заради пристап до животни ресурси, рече денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. На панел-дискусијата за управување со ризици организирана…

Read More

По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност, рече премиерот Зоран Заев во однос на спорот со Бугарија и европерспективата на земјава. За пораките од ЕУ…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свое барање, денеска остварил телефонски разговор со шефот на државата Стево Пендаровски, велат од опозициската партија. За в петок е договорена и средба Пендаровски-Мицкоски, на која ќе се дискутираат две теми – за темата што ја отвори Пендаровски во врска со осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба. Мицкоски минатата година соопшти дека партијата ќе ги замрзне односите со претседателот на државата откако Пендаровски одлучи да му го додели мандатот на Зоран Заев по парламентарните избори. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од тој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со шефот…

Read More

Претставници на неформалната фејсбук-група граѓани „Учебници и настава мора да има“, која од четвртокот повикува на бојкот на наставата, утре ќе има средба со претставници на Министерството за образование и наука за да ги презентираат своите барања. Драгана Спасевска од фејсбук-групата  изјави за МИА дека се поканети утре напладне да имаат средба со претставници на МОН, на која поради обврски нема да присуствува министерката Мила Царовска. Спасевска тврди дека бојкотот во училиштата, кој го почнаа минатиот четврток, е помасовен и имаат се поголема поддршка за нивното барање да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали…

Read More

Во изминатите неколку години трипартитниот дијалог помеѓу синдикатите, организациите на работодавачи и Владата е подигнат на навистина високо ниво, се отвора широка дискусија за секое прашање важно за работниците и компаниите и се носат решенија коишто се во интерес на сите засегнати страни, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а како еден од примерите за креирање на најсоодветно решение преку дискусија го посочи решението околу „недела – неработен ден“. Битиќи, гостуваше во емисијата „24 отворено“ на Телевизија 24, каде што за актуелните прашања поврзани со работничките права и работните односи дискутираше со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски,…

Read More