Author: Нова ТВ

Обвинителите во поранешното СЈО во текот на четири години од 2015 до 2019 година противправно си исплаќале надоместоци и додатоци на плата, со што го оштетиле буџетот за 4.6 милиони евра.Овие 4.6 милиони евра народни пари, без било каков основ си исплатиле Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова, и другите обвинители од СЈО. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривични пријави против сите овие лица, најави денес портпаролот на партијата Наум Стоилковски. Тој нагласи дека овие обвинители сега се распоредени на обвинителски места низ ЈО низ Македонија, и тие иако компромитирани извршуваат обвинителска работа. -Оттука бараме да се изврши суспензија…

Read More

За ригорозните НАТО проверки треба време, оттаму и се уште не се знае дали и кога македонскиот воен преставник во НАТО полковникот Зоран Секуловски ќе добие безбедносен сертификат и ќе замине за Брисел, посочи на денешната посета при батаљонот во Штип, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Министерката потенцира дека досега се испратени три групи од четирисетина луѓе од Министерството за одбрана и Армијата, од кои досега дел добиле безбедносни сертификати, за дел постапката е во тек. Одбиено е барањето само на еден претставник на Министерството за одбрана. „Не сме ние тие што ги соопштуваме и ги образложуваме тие одлуки. Тоа…

Read More

– Ние мора да продолжиме. И секој ден да го гледаме како можност за надминување на разликите и за одење напред во процесот. Го разгледавме календарот, ги разгледавме начините како новите констелации ќе влијаат на исходот, тоа што е јасно и е договорено дека продолжуваме со комуникација и со земјите членки и со Република Бугарија во обид да ги надминеме разликите, изјави на денешната прес конференција министерот за надворшни работи Бујар Османо во врска со надминување на разликите со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ. Околу координацијата на владиниот тим задолжен за евроинтеграцијата во врска со идните чекори и…

Read More

Дадов збор дека ќе има редовни избори, а зборот е збор. Избори ќе има во 2024 година, кога се и претседателските , изјави премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција. Заев истакна дека сега приоритет е да се спроведе ветеното и евентуалните избори нешто не би промениле, бидејќи како што вели последните истражувања покажуваат дека поддршката на власта расте и таа повторно би ги добила евентуалните предвремени избори. -Дотогаш да ги засукаме ракавите и да го спроведе она што го ветивме. Впрочем, и да ги повториме сега изборите, последните истражувања покажуваат дека тоа нема многу нешто да промени. СДСМ со коалицијата,…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими правејќи резиме за 2020 година и остварувањето на буџетот на денешната прес-конференција истакна дека позитивниот импакт од преземените мерки дава надеж и истовремено охрабрува да се продолжи со понатамошната развојна политика на Владата. -Мината година беше тешка за здравствениот, економскиот и социјалниот аспект и зачувувањето на работните места беше приоритет. Беа обезбедени средства за помош на илјаднци  граѓани, преку 20 илјади претпријатија со финансирање на платата, имаше бескаматни кредити, некои беа со грантови. Позитивниот инпакт не охрабрува да делуваме и понатаму. Бруто инвестициите бележат раст поради кредибилноста на влдата, изјави Бесими.

Read More

На денешната прес конференција премиeрот Зоран Заев истакна дека економската и финансиската политика која ја спроведува Владата дава резултати и меѓудругото е насочена за поддршка на граѓаните, како на економски така и на здравствен план. Според претседателот на Владата македонската економија бележи позитивни трендови, таа е стабилна, жива и динамична. „Владата беше тука за поддршка на граѓаните и здравствено и економски. Вкупните даночни приходи се резултат на 189,9 милијарди денари. Позитивен тренд бележиме и кај придонесите, 102% односно 2% повеќе од планираното. Стоките и услугите се намалени на 85%, односно само 5% помалку од минатата година. Над 11,2 милијарди евра…

Read More

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски по прележаниот коронавирус најави дека се враќа на работа и притоа постави пет клучни приортети на професионален план, за кои тврди дека ќе биде посветен во годината пред нас. Ова се моите топ 5 професионални приоритети за новата 2021 година на кои сум посветен, во интерес на граѓаните и нашата татковина: Акција21 за европски стандарди дома, со фокус на: прочистување на судството! бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот! мерки против Ковид 19! зголемување на транспарентноста на функционерите! одговорност на секого пред законот! Имплементација на препораките од #ГРЕКО! Можеме да бидеме држава…

Read More

На Волстрит во понеделникот, на првиот ден од тргувањето во новата година, берзанските индекси нагло паднаа бидејќи инвеститорите избегнаа ризик поради претстојните избори во Сенатот во Џорџија и понатамошниот силен раст на бројот на пациенти со коронавирус. Дау Џонс падна на 382 поени, или 1,25 проценти, на 30.223 поени, додека Ес енд П 500 потона за 1,48 проценти на 3.700 поени, а индексот Насдак 1,47 проценти, на 12.698 поени. За Дау и Ес енд П беше најголем дневен пад од крајот на октомври, а за Насдак индексот од 9 декември, па сите три индекси се лизнаа на најниско ниво во…

Read More

Aктивности за поттикнување на високоградбата и инвестициите во недвижности, отворање можности за нови инвестиции на среден и долг рок од страна на приватниот сектор преку донесување ревидирани урбанистички планови и укинување на мораториумите во одредени општини, се дел од очекувањата на градежните компании од институциите за 2021 година. На стартот на Новата година градежниците ѝ порачуваат на власта да ги користи домашните капацитети и производи во овој сектор, кој не беше меѓу најпогодените од кризата, но се соочи со предизвици. – Годинава, која беше особено тешка од здравствен и економски аспект, не само за градежништвото туку и за целиот јавен…

Read More

Наспроти бројните долгогодишни предизвици во животната средина и отежнатите услови за работа поради пандемијата со коронавирусот, надлежните оценија дека 2020 година можеме да ја сметаме за успешна во однос на заштитата на животната средина и просторното планирање. – Постигнат е посебен напредок во подобрувањето на регулативата и воведување на построги стандарди во три клучни области: рамковниот закон за животна средина, воздухот и отпадот. До Собранието се поднесени измени на девет закони од областа на животната средина, во кои дополнително предвидовме повисоки казни до цели дваесет пати за загадувачите, но и согласно новиот Закон за прекршоците, секој што ќе ги прекрши…

Read More

Субвенциите ќе се исплаќаат редовно. Пандемијата и наредната година нема да влијае врз нивната реализација. Средствата за оваа ставка се обезбедени. Наше е да создаваме услови за развој на агро секторот, а земјоделците спокојно да продолжат да произведуваат храна која ни е и тоа како потребна, вели за МИА директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски. Бачовски истакнува дека 2020-та ја заокруживме со исплатени нешто повеќе од 4,9 милијарди денари субвенции и уште безмалку 1,9 милијарди денари поддршка за тутунот. Според него, Владата во изминатиот период ги подмируваше заостанатите долгови од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Во однос на…

Read More

Скоро 6000 дози од вакцината анти Ковид-19, од фармацевскиот производител Фајзер, се очекува да пристигна во Северна Македонија, во февруари. Вкупниот број на вакцини против коронавирусит, како што најавија од Министерството за здравство, за 2021 година ќе биде 800.000 дози. – Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, најавија од Министерството за здравство. Паралелно со процедурата за набавка на вакцините анти Ковид-19, од ова Министерство истакнаа дека месецов се очекува да пристигнат и фрижидери на -70 степени…

Read More