Author: Нова ТВ
Хибридниот модел на настава во првото полугодие (онлајн, физичко присуство и часови на телевизија) обезбеди континуитет и ги даде посакуваните резултати во вонредни околности во кои се работеше во изминатите три месеци – оценето е на онлајн-состанокот кој министерката Мила Царовска вчера го имала со директорите на основните и средните училишта од целата држава. Над 90 отсто од учениците успешно следеле онлајн-настава, помалку од 1 процент активни случаи на КОВИД-19 имало во наставата со физичко присуство и редовно биле емитувани часови на македонски и на албански јазик на МРТ. – Слободно можеме да кажеме дека успешно го заокруживме првото полугодие.…
Стратегија соодветна како да се пристапи, адаптирање на активностите во понатамошните разговори и комуникација за надминување на разликите во разговорите со соседна Софија, е приоритет на владиниот тим за евроинтеграции, предводен од премиерот Зоран Заев, на првиот работен ден од 2021 година. На координативен состанок, вчера сите овие прашања беа на дневниот ред за да не се изгуби ниту ден за решавање на отворените прашања со Бугарија во време на претседателството на Португалија со ЕУ, но и затоа што целата наша динамика и календар беше подготвен за успешен завршеток во време на германското претседателство. Министерот за надворешни работи Бујар Османи…
На прашањето за обезбедување на вакцините и тоа конкретно по месеци и количини, премиерот Заев вечерва во вестите на ТВ Сител посочи дека од Министерот за здравство добил потврда дека од компанијата „Фајзер“ пристигнуваат првите 5.850 во февруари, од вкупно 800.000 колку што е договорено, но и дека е возможно регистрирани вакцини од регистрирани компании и одобрени од Светската здравствена организација да пристигнат и порано. „Ветено дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со…
Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, ќе отвори посебна наменска сметка-фонд за солидарност, на која ќе може да се уплаќаат средства за санирање на штетите од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“. Ова е еден од заклучоците на Општинското координативно тело, кое попладнево беше формирано на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски. Во телото членуваат претставници од сите релевантни општински и државни институции и претпријатија, како и претставник на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, за справување со последиците од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“. На состанокот е заклучено дека по завршувањето…
Нема решение за проблемот со тутунот. Ќе продолжиме да го носиме на вагите, но и натаму не се согласуваме дека треба само да се предаде, зашто многу е важно по која цена ќе се откупи, изјави за МИА Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Според Мирчески, нови протести нема да има. Досега, за два месеца, се откупени пет милиони килограми од вкупно планираните 25 милиони. Просечната цена е околу 150 денари, а не 166,8 денари. Цената, нагласи Мирчески, вештачки се крева преку откупот што го врши…
Првата доза од 5850 вакцини против Ковид 19 од производителот Фајзер ситигнува во февруари, најавија денеска од министерството за здравство. -Имаме фрижидери кои се користеа за друга намена конкретно во институтот за трансфузиологија.Тие сега се сервисирани и наменети за чување на вакцината така да и без фрижидерите кои треба да пристигнат за две недели, подготвени сме за да ја пречекаме вакцината. Така да во однос на чување и транспорт подготвени сме да го започнеме целокупниот процес на имунизација во оној момент кога вакцините ќе бидат достапни во наша земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче во вестите за Телма. Одминистерството…
Пописот е насушна потреба и верувам дека ќе биде спроведен од 1 до 21 април како што е замислен. Сега постои Закон за попис, го спроведуваат институциите, тој е задолжителен и има казни ако не се почитува, порача денеска премиерот Зоран Заев. – Пописот треба да се спроведе затоа што е обврска и заради тоа што сме единствена држава во Европа која нема направено попис, заедно со Сомалија и не знам кои други држави. Срамота е после 18 години уште да правиме експеримент дали треба да има попис во државата или не. Пописот не е за да се попишат политичките…
На денешното свечено отворање на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, премиерот Зоран Заев на новинарско прашање се осврна и на случајот со предизвиканиот пожар во ТЦ „Глобал“ во Струмица. „Глобал е одговорност на луѓето кои се сопственици. Хидрантната мрежа. Не се опожарени оние кои имале заден влез. Сепак, мислам дека ќе се почитуваат законите и прописите. Надлежните треба да кажат кога последен пат е направен инспекциски надзор“, посочи Заев. На новинарско прашање, врзано за филтрацијата во судството, односно како оној кој е обвинет за перење на пари, конкретно Зоран Тофиловски може да го контролира процесот, премиерот Заев…
Премиерот Зоран Заев, на денешното свечено отворање на објектот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, одговори на новинарско прашање врзано за новиот концепт во образованието, и контроверзиите врзани за истиот. „Треба да сфатат сите дека ќе има дебата, ќе бидат прашани и родителите и наставниците и децата. Но, сфаќаме дека ни се потребни реформи во основното образование. Отворен е концептот, имаме време и не треба да бразме. Треба да добиеме најдобар модел. Ако тргнеме од себеси, и не ги приоритизираме децата ништо нема да направиме. Децата ќе имаат нова можност и перспектива. Јас гарантирам дека со овој…
Влада го објави спискот на компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Според податоци од УЈП, по добиените опомени 351 претпријатие ја исплатиле платата за месец ноември. Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 во трговијата на мало, 37 во подготовка на оброци и 22 транспорт во транспортот. Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска. Еве го целиот список:…
На денешниот онлајн состаноок на Министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорите на основните и средни училишта беше заокружено првото полугодие во рамки на учебната 2020/21 година. Сепак, на овој состанок директорите оценуваат дека се постигнати резултатите иако беше вонредна состојба и иако на почетокот се пружаше отпор кон онлајн наставата. Според нив, хибридниот модел дал успешни резултати. „Со над 90 % ученици коишто успешно следеа онлајн настава, со помалку од 1 % активни случаи на Ковид-19 кај наставниците и учениците кои посетуваа настава со физичко присуство и со редовна динамика на емитување на часови на македонски и…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи има позитивни очекувања и од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија. На денешната прес конференција Османи рече дека во првичните контакти со португалското претседателство искажана е сериозна намера да се продолжи процесот којшто остана од германското претседавање со Унијата. „Очекувам Германија да продолжи со својот ангажман и во текот на португалското претседателство, но според првичните контакти, португалското претседателство има сериозна намера да се продолжи таму кадешто остави германското и што побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина…