Министерот за надворешни работи, Бујар Османи има позитивни очекувања и од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија. На денешната прес конференција Османи рече дека во првичните контакти со португалското претседателство искажана е сериозна намера да се продолжи процесот којшто остана од германското претседавање со Унијата.

„Очекувам Германија да продолжи со својот ангажман и во текот на португалското претседателство, но според првичните контакти, португалското претседателство има сериозна намера да се продолжи таму кадешто остави германското и што побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција, односно да се усвои преговарачката рамка“, рече Османи.

Во контекст на односите со Бугарија иницијативата 8 ги надминува рамките на спорот. Денеска на првиот работен ден ќе имаме координација за да се утврдат насоките. Почнуваме интензивно со премиерот и другите чинители да разговараме за насоките за утврдување и решавање на проблемот, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.