Author: Нова ТВ
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира апликантите од 2020 година за финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства “, дека во финална фаза е обработката на пристигнатите и комлетни барања. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се очекува да се одобрат над 350 соодветни барања, а апликантите во наредниот период ќе бидат повикани за да ги потпишат договорите. -Вкупната финансиска поддршка за сите над 350 барања изнесува 9,2 милиони евра. Со потпишување на овие договори, целосно ќе биде искористен буџетот за Мерка 1 „Инвестиции…
Филтрацијата на судството и обвинителството е врвен приоритет за Министерството за правда и Владата во целина. Очекуваме ова да биде голем чекор кон конечното враќање на довербата, која граѓаните ја имаа изгубено во правната држава. Ќе се проверува кој, како и кога постапувал или не постапувал по предмети, пред сè за висока корупција и организиран криминал, вели во интервју за МИА, министерот за правда Бојан Маричиќ. Зборувајќи за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски, Маричиќ посочува дека досега државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Груевски назад во земјата. Потсетува дека за Груевски се поднесени…
Република Северна Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди. Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена…
Антипаразитскиот медикамент Ивермектин се очекува во текот на оваа недела да се најде во македонските аптеки и болници, што според многумина експерти е нова надеж во лекувањето на болните од корона вирусот, се до пристигнувањето на вакцината. Интервентниот увоз следува откако пред крајот на годината до Агенцијата за лекови МАЛМЕД пристигнаа барања за набавка на Ивермектинот од страна на некои веледрогерии и здравствени установи каде се лекуваат болните од Ковид-19. Неколку дена подоцна, како што за Фактор тогаш потврди првиот човек на МАЛМЕД, Лирим Шабани, Агенцијата за лекови ги издаде потребните одобренија. Тој посочи и дека по издавање на одобренијата…
Делови од скандалозниот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер, во кои тој му ласка, го моли, но и му се заканува поради изборен пораз од новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. 1.Трамп се обидува да го смени резултатот од изборите За време на разговорот, шефот на државата изврши притисок врз Рафенспергер да „најде 11.780 гласови“. „Луѓето во Џорџија се лути, луѓето во државата се лути. И нема ништо лошо во тоа, знаете дека пресметувавте… Што ќе правиме? Ми требаат само 11.000 гласови… Ми требаат 11.000 гласови“, вели Трамп за време на разговорот. Џо…
Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА. Државата, како што истакнува Маричиќ, не е лимитирана во однос на тоа колку пати може да побара на екстрадиција на лицата кои се во бегство. -Одлуката на Уставниот суд да ја прогласи за уставна одлуката за повлекување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е нов момент во овие случаи. За поранешниот премиер досега се поднесени…
Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп ги злоупотребил овластувањата. – Дали сите го слушнавте тој снимен разговор? Тоа првенствено беше израз на очај, но и груба злоупотреба на власта од претседателот на САД, истакна Харис на митинг во Џорија за поддршка на демократските кандидати во вториот круг од изборите за Сенатот. Десет поранешни министри за одбрана (Дик Чејни, Џејмс Матис, Марк Еспер, Леон Панета, Доналад Рамсфелд, Вилијам Коен, Чак Хегел, Роберт Гејтс, Вилијам Пери и Ештон Картер) во отворено писмо објавено вчера во Вашингтон пост бараат Министерствот за одбрана да се воздржи од секакви…
Деновиве постепено се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19, иако бројот на направени тестирања е помал во однос на претходните денови. Завчера од 378 тестирања беа регистрирани 46 нови случаи, а вчера од 1525 тестови – 237 новозаболени. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на оздравени пациенти е речиси двојно поголем од оној на новозаболени. Во моментов во земјава се регистрираат 18 565 активни случаи. Осум пациенти на возраст од 61 до 79 години вчера ја загубија битката со Ковид-19, а со тоа бројот на починати во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 2500 случаи. Вкупно…
До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување онлајн судења, најави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА. – Мора да ги користиме придобивките на модерната технологија доколку сакаме да сме во тек со современите текови. Веќе знаете дека судот во Кавадарци одржа онлајн рочиште, а тоа треба да ни биде и мотив дека тоа е можно и во Северна Македонија, вели Маричиќ. Посочува дека како Министерство ја отвориле темата за онлајн судења и дигитализација на судството од самиот почеток на пандемијата. – Прашањето за дигитализација не е дали,…
Петнаест години откако ЕУ и го додели на земјава статусот на кандидат за членство во Унијата, во март годинава Европскиот совет донесе одлука за старт на пристапните преговори, па и во услови на пандемијата со Ковид-19 се очекуваше тие да започнат до крајот на годинава. Но, кога се чинеше дека по приемот во НАТО, годинава Северна Македонија ќе ги почне и преговoрите за членство во ЕУ, „на сцената стапи“ Бугарија која ја блокираше одлуката на Советот на Унијата за одржување на првата меѓувладина конференција со земјава, што официјaлно требаше да го означи стартот на преговарачкиот процес. Софија ваквата своја одлука…
Доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, е позитивен на коронавирусот. Информацијата попладнево ја објави Министерството за здравство. Оттаму информираат дека Караџовски се чувствува добро и оти останува во домашна изолација. Во изолација е и неговата сопруга. – Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство.
Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски денеска извршија увид во Трговскиот центар Глобал каде синоќа во доцните часови изби пожар. Премиерот истакна дека материјалните штети се огромни и оти нанесени се непоправливи економски штети на деловните субјекти кои работат таму. – Добро е што нема повредени, нема изгубено човечки животи и тоа е најважно, се друго се надоместува, рече Заев, кој упати благодарност до Територијалната противпожарна едницица во Струмица која со шест возила и 38 луѓе го гаснеше пожарот. – Уште од утре организираме масовна солидарна акција и за расчистување и возобновување на Глобал и солидарна…