Author: Нова ТВ
Создавање дијалог, а не конфликт со Бугарија, интензивирање на комуникацијата по празниците со цел пронаоѓање решение, кое ќе биде во духот на европските вредности, но и зацврстување на ставот дека нашето членство во ЕУ нема друга алтернатива се дел од пораките, кои премиерот Зоран Заев ги упати во интервјуто за МИА. Со Заев говоревме за повеќе теми, а тој на граѓаните во Новата 2021 година им порача со поглед кон ЕУ во Новата да ја пренесеме определбата дека замена за ЕУ нема и да продолжиме да чекориме напред, затоа што како Македонци имаме што да кажеме на нашиот македонски јазик,…
„Стоп за дезинформациите”, е еден од 10 приоритети во стратешката владина рамка “Акција 21” – за европски стандарди дома. СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество. Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот пред нас, ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтенивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против…
Анализата на ИДУЕП покажува раст во онлајн комуникацијата со граѓаните и кај Владата. Сите членови на кабинетот, односно 20 министри биле активни на Фејсбук во 2020 година. Од вкупниот број на министри на Твитер биле активни 15, а на Инстаграм 14 министри. Половината од вкупниот број членови на владиниот кабинет, односно десет министри биле истовремено активни на сите наведени платформи. Во 2019 година, 24 од 26 министри користеле Фејсбук, додека десет биле активни на Твитер, а 11 на Инстаграм, девет членови на Владиниот кабинет биле истовремено активни на Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Втора година по ред, оваа Анализа го опфаќа онлајн…
Забрзување на инфраструктурните, енергетските и комуникациските инвестициски проекти долж Коридорот осум, изградба на политичка платформа за унапредување на меѓусебна соработка, интензивирање на политичката, економската, безбедносната, културната и општествената размена се дел од „Иницијатива 8“, која е предлог платформа за трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија која ја испрати министерот за надворешни работи Бијар Османи до неговите колеги од овие држави. Министерот Османи, како што соопшти МНР, на самиот старт на новата година, упати писмо до министерките за надворешни работи на Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Олта Џачка, преку кое предлага нова мултидисциплинарна иницијатива, политичка платформа преку која…
Приливот на странски директни инвестиции во 23 економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа e повеќе од преполовен во првата половина од годинава, но земјите од Западен Балкан имаа многу помал пад, покажа новата анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW). Во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) во првите шест месеци од 2020 година, странските директни инвестиции се намалени за 58 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, додека на глобално ниво имаше помал пад од 49 отсто, според УНКТАД. Сепак, падот во регионот на CESEE беше помал отколку во развиените економии, каде…
Владата започна со креирање и наскоро ќе донесе нов петти сет економски мерки на финансиска помош и подршка за индустриите кои најмногу настрадаа минатата година како последица од пандемијата Ковид-19. По тој повод реагираше Независната угостителска комора бидејќи не добила покана за активно учество во нивното креирање. Затоа тие јавно ги доставија своите пет барања. -Не постои во светот индустрија која може да издржи и опстане со месеци соочена со континуирани бројни рестриктивни мерки и протоколи со ограничувања во своето работење на 30 и 50 проценти од своите капацитети. Невозможно е со месеци да премостувате, одлагате и да го издржите…
Затворањето на училиштата на 11 март и новите услови што ги наметна заразата од коронавирусот покажаа колку е важно образованието да има капацитет да се менува во нови форми, да се приспособува и осовременува. Откако наставата се пресели во дигиталниот простор, покрај за техничката опременост и имањето или немањето ИТ-вештини, се постави и прашањето за социјалната тежина на ситуацијата поради одвоеноста на учениците и отсуството на амбиентот што го има во класичната настава. Трите последни месеци од учебната 2019/2020 поминаа со настава на далечина преку алатки по избор на училиштата. За да се олесни процесот, МОН пролетта ја промовираше платформата Едуино креирана…
Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. Заев говорејќи за можност за предвремени парламентарни избори, кои ги бара опозицијата, по бугарското вето, но и за работата на Парламентот во ситуација, кога и власта и опозицијата излегуваат со тврдења дека го зголемуваат бројот на пратениците, нагласи дека е почнат процесот на европеизација на земјава и спроведување на…
Дијалог, а не конфликт создаваме со Бугарија, смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА во врска со натамошните чекори за решавање на спорот со соседната земја. Тој нагласува дека по чистата мартовска одлука за старт на преговорите со ЕУ, која беше поддржана од сите земји членки, вклучително и од Бугарија, по европскиот извештај во март ние сме толку неспорно за Европа, а секое одлагање на нашиот старт на преговорите само го доведува кредибилитетот на Унијата во прашање. – Ова е удар врз темелите на кои е…
Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици. Од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар. МИА утрово затекна купишта изгорен материјал, стока, вода на сите страни,…
Пожарот кој избувна во приземјето на Трговскиот центар „Глобал“ се прошири и во внатрешноста на објектот. Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски кој се наоѓа на местото на трагедијата, вели дека се вложуваат огромни напори за да се локализира пожарот. На помош на пожарникарите од Струмица им пристигнала екипа од Радовиш, а на пат се и противпожарни тимови од Неготино, Валандово и Штип. „Огромна е материјалната штета. Се прават огромни напори да се спречи ширењето во внатрешноста која е зафатена од пламените јазици. Пожарникарите прават се за да се спаси тоа што може да се спаси. Единствена среќа во оваа навистина голема…
До крајот на јануари ќе биде донесена методологијата за спроведување на пописот, објави Заводот за статистика. Од таму велат дека попишувањето со отисок од прст е невозможно, бидејќи станува збор за класифициран податок од МВР. – Методологијата за спроведување на пописот ќе биде подзаконски акт кој ќе биде јавно објавен и ќе може да го видат сите, изјави Апостол Симовски, директорот на заводот. За ВМРО-ДПМНЕ е нејасно зошто не се објавува методологијата на попишување во предлог-законот за попис и зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст Од СДСМ пак денеска реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ само сака да го одложи…