Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Угостителите објавија листа на барања од петиот пакет мерки за помош

0
By Нова ТВ on January 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 3, 2021 12:15

Владата започна со креирање и наскоро ќе донесе нов петти сет економски мерки на финансиска помош и подршка за индустриите кои најмногу настрадаа минатата година како последица од пандемијата Ковид-19. По тој повод реагираше Независната угостителска комора бидејќи не добила покана за активно учество во нивното креирање. Затоа тие јавно ги доставија своите пет барања.

-Не постои во светот индустрија која може да издржи и опстане со месеци соочена со континуирани бројни рестриктивни мерки и протоколи со ограничувања во своето работење на 30 и 50 проценти од своите капацитети. Невозможно е со месеци да премостувате, одлагате и да го издржите притисокот за навремено исполнување на сите редовни 100 отсто обврски, додека прометот и приходите се толку смалени што тековното работењето на угостителските објекти наместо планирани добивки генерираат енормни трошоци и загуби.

Државата и Владата мора да ја превземат целосната обврска и одговорност за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата Ковид-19 и безрезервно да креираат посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош. Ќе биде невкусно ако Владата не ни дозволи активно да учествуваме и допринесеме во креирањето на новиот сет мерки и ги усвои без активно учество на претставници на угостителите од независната угостителска комора односно изворно не ги слушне и не се запознае со реалните потреби и проблеми на угостителската индустрија.

Доколку се направат правилни економски мерки за помош и поддршка, реална политика во репрограмирање на долговите со достапност до долгорочни кредити и друга поддршка на работењето за сите угостителски објекти, сигурни сме дека угостители во наредниот период-години во целост не само што ќе ги надокнадат загубите и штетите, туку ќе остварат доволно приходи со кои ќе можат да ги подмират сите обврски и трошоци настанати од тековното работење и навреме да ги сервисираат превземени обврки по основ на репрограмирање на долгови.

Со правилно креирање на петтиот сет економски мерки кои на угостителската индустрија ќе и се гарантира опстанокот угостителите ќе можат да се обврзат трајно да го сочуваат секое работно место на угостителските работници, порачаа од Независната угостителска комора. Во продолжение тие ги предлагаат следните  мерки:

1.Континуитет во помошта – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19.

-Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани.

-Безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста.

-Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10 отсто на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти.

-Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со греј период или наплата по завршување на пандемијата Ковид-19.

2. Финансиска помош и поддршка за трошоци за закуп-користење на деловен простор – угостителски објект и тоа:

-Целосно или парцијално ослободување на закупот на корисници кои се закупци на деловен простор во државна или локална сопственост за периодот Март 2020 – Март 2021 година.

-Целосна или парцијална финансиска помош во висина на договор за закуп – платена закупнина но не повеќе од 15 евра/м2 во зависност од локацијата односно од 5-15 евра/м2 за периодот Март 2020 – Март 2021 година.

-Ослободување и намалување на закупот на корисници кои се закупци на деловен простор во државна или локална сопственост (Школи, Градински, Општини и слично) за периодот додека траат посебните протоколи за работа односно не работеле институциите каде се наоѓа овој деловен простор.

3. Законска регулатива со локалната самоуправа за регулирање на трошоците на поставување на урбана опрема во периодот на пандемија и тоа:

-Целосна финансиска субвенција и помош или целосно ослободување на надоместот за поставување на урбана опрема – тераси за периодот Март 2020 – Март 2021 година како и целосно ослободување на плаќање на надомест на трошоци за поставување на урбана опрема до укинувањето на протоколите за работа на угостителски објекти и
ослбодување на 50% на трошоците за надомест на поставување на урбана опрема за првата година по завршување на пандемијата Ковид-19.

-Одлагање на принудна наплата на долговите створени во услови на пандемија Ковид-19 према државните институции со нивно репрограмирање и тоа на период од 6 месеци грејс период и минимум 2 години исплата.

4.Во соработка со сите угостителски комори креирање на единствен регистар на угостителски објекти со нивна целосна класификација и категоризација врз основ на која регистрација ќе се врши распределба на финансиска поддршка и финансиска неповратна помош за угостителите.

-Унифицирање на протоколите за работа на угостителските објекти во 2021 година за целокупната угостителска индустрија.

-Враќање во целост на работното време на угостителската индустрија согласно законот за угостителска дејност.

-Итно укинување на дел од несоодветните и непотребни рестриктивни забрани за работа на угостителските објекти како што се јачината на музиката и настапот на естрадни уметници.

5.Воведување задолжително активно учество на претставници на коморите во дискусиите при креирањето на сите препораки за рестриктивни мерки во Комисијата за заразни болести за угостителската индустрија.

-Одлука за формирање на заедничко работно тело со Комисијата за заразни болести со итен рок за изготвување на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и унифицирани протоколи за работа во услови на пандемија Ковид-19 за тоа дали, како и под кои услови и начини угостителските објекти ќе можат да работат во наредната 2021/2022 година.

-Барање за изготвување на неопходни препораки-протоколи врз основ на кои угостителите – рестораните специјализирани за свадби и ноќните клубови, барови и дискотеки ќе може да ги планираат своите активности за 2021/202 година и својот иден опстанок односно идна економска исплативост.

-Предлагање и креирање на услови кои треба да бидат исполнети за воведувања на трета фаза од Протоколите за работа на угостителски објекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.