Author: Нова ТВ

Во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 22 -Куманово 2 -Прилеп 1 -Тетово 1 -Струга 7 -Охрид 3 -Кавадарци 4 -Гостивар 3 -Македонски Брод -Ресен 1 -Неготино 1 Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: -Скопје 295…

Read More

Од владеачката СДСМ соопштија дека најавата на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат дека нема да го поддржат пописот повторно го покажува нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување, спротивно на националните интереси. „ВМРО-ДПМНЕ не сака да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција, важен процес за да имаме целосни податоци кои се битни за креирање политики и натамошен рамномерен развој на сите сфери во државата. Пописот ќе биде спроведен согласно сите стандарди и прописи на ЕВРОСТАТ, целосно усогласено со меѓународните пракси. Со Предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција повеќе никогаш да не се третира како…

Read More

Со промената на власта во 2017 година, и за медиумите, и за граѓаните се случи преврт во медиумскиот етер. Денес, за пробивот на вести и за привлекувањето на интересот на јавноста, на отворен етер подеднакво се борат и владата, и опозицијата, и бизнисите, и граѓанскиото општество. Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести, вели во интервју за „Локално“ националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец. Колку сликата во медиумите е подобрена откако сте Национален координатор за стратегиски комуникации на Владата и променети ли се нештата од „режимскиот“ период? – Со промената на власта…

Read More

Значи, само за потсетување, во 2020 година се случија следниве настани: – Пандемијата на корона вирусот го зафати светот, убивајќи повеќе од 1,8 милиони луѓе (досега), вклучително и повеќе од 350 000 (досега) во САД. – На претседателот на Соединетите Држави му се судеше и беше ослободен од обвинението, откако на крајот на 2019 година му беше поведен импичмент. – Протести кои произлегоа од повеќе полициски убиства на невооружени црни Американци избија насекаде низ САД, вклучително и непосредно пред Белата куќа, каде што сојузните службеници за спроведување на законот користеа солзавец врз американските граѓани. – Шумските пожари ги опустошија Западниот…

Read More

Додека расте задолженоста кај населението и компаниите, во исто време растат и штедните влогови. Еден месец пред крајот на 2020 година тие изнесувале околу 6,9 милијарди евра. Растат кредитите ама растат и депозитите во банките во Македонија. Така, во интервју за МИА, изјави претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штеирева. Кога се во прашање кредитите, заклучно со ноември 2020 година, тие пораснале за 5,4% и сега изнесуваат околу 5,7 милијарди евра (353 345 милиони денари). Најголем е растот кај кредитите за домаќинствата. „Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353 345 милиони денари,…

Read More

На новинарско прашање, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на бојкот на пописот, откако сите амандмани на опозицијата беа одбиени, Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес- конференција изјави дека СДСМ успеа, односно се труди да донесе фалсификат попис односно да направи пописен инженеринг како што направија и изборен инженеринг. „Нејасни се за нас три поенти, односно три состојби. Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат? Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да…

Read More

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја потврди смртта на дипломатката од македонската мисија во ОН, која синоќа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк. „Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, велат од…

Read More

По разводот на Велика Британија од ЕУ, сообраќајот преку Евротунелот, преку кој се одвиваат 25% од меѓусебната трговија, тече без проблеми. Пред 30 години, кога се изгради тунелот, никој не помислуваше на Брегзит 67-годишниот поранешен градител на тунели Филип Козет тажно стои на мостот во гратчето Кокел, од каде се гледа влезот на железничкиот тунел под Ла Манш. На секој половина час стотици метри сребрени возови натоварени со камиони и автомобили влегуваат во „цевката” во насока кон Велика Британија или излегуваат од 40-километарската конструкција. Филип Козет пред 30 години, на 1 декември 1990 година, го направи пробивот во тунелот со пневматска…

Read More

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти. Во моментот, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16…

Read More

Македонската дипломатка што се самоуби во Њујорк на Нова Година страдала од депресија, се дознава неофицијално.  Таа последните три дена не доаѓала на работа што била причина да ја побараат во нејзиниот дом. Живеела во дипломатски кварт спроти мисијата на САД во ОН. Станува збор за дипломатка од помладата генерација која во МНР дошла од 2006 година и има зад себе кариера во други амбасади на Македонија. Во нејзината соба биле пронајдени  препишани антидепресиви и две шишенца мелатонин против несоница, речиси сосема празни. Тие што ја знаат велат дека не била личност наклонета на самотија, дека била комуникативна и дека…

Read More

Изминатата година беше турбулентна на секој план – пандемија на Ковид-19, предвремени парламенарни избори, економска криза, но беше бурно и во нашите евроатлантски интеграции. Северна Македонија стана 30. членка на НАТО, доби одлука за почеток на преговори со Европската Унија по 15 години поминати во чекалницата на ЕУ како земја кандидат. Но, и покрај очекувањата и исполнетото, земјава сепак се соочи со „студен туш“ од својот сосед – блокадата на Бугарија, која не ја прифати преговарачката рамка за Северна Македонија, со барања за јазикот и идентитетот, кои излегуваат од рамката на Договорот за пријателство и добрососедство потпишан меѓу двете земји…

Read More

Заклучно со 31 декември 2020 година, 245 работодавачи кои добиле финансиска поддршка од државата за исплата на плати за ноември во износ од 12 милиони 298 илјади 833 денари не им исплатиле плата на 782 вработени. Управата за јавни приходи, како што изјави на денешната прес-конференција директорката Сања Лукаревска им испратила опомени, со рок тоа да го сторат во рок една недела. Во спротивно ќе следи присилна наплата, односно, блојада на нивните трансакциски сметки и префрлање на средства на сметките на работниците и на УЈП. Како што соопшти Лукаревска, овие компании се од три града: Скопје – 73, Тетово-21 и…

Read More