Author: Нова ТВ

Денеска на отворената новогодишна програма на „Радио Лидер“ вклучување имаше и лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање Мицкоски пред сѐ му посака добро здравје на Зоран Заев и неговото семејство. Според Мицкоски Заев треба да е и помотивиран да ги брани и интересите на граѓаните, барем додека е на власт. Мицкоски им посака среќа во наредната година и на граѓаните и ги замоли да не ги кодошат своите соседи на властите за новогодишната ноќ.

Read More

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати видео честитка до граѓаните на земјава за новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план. Џафери посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски ја оцени годинава што изминува како една од најтешките од македонската независност. „Ја поминавме во постојана тензија помеѓу стравот и надежта. Стравувавме за нашето здравје и животи. Бевме загрижени и за економијата, за работните места, многу лични и професионални планови беа одложени. Но, најтрагично од сѐ, многу човечки животи беа изгубени“, рече Пендаровски во својата новогодишна порака до граѓаните. Според него, пандемијата покажа колку сме ранливи како луѓе. Истовремено разоткри и многу системски слабости што се извор на социјална нееднаквост и неправда. Тој вели дека не е утеха што овие слабости се покажаа и на многу други…

Read More

На последниот ден од 2020 година, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе два обвинителни акти во кои се вклучени и две познати личности. Во првиот обвинителен акт – за недозволена трговија со културно наследство, обвинет е и инфектологот д-р Вело Марковски, како што објави СДК, кој неодамна стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во вториот – за злоупотреба на службеното овластување околу случајот со тенискиот клуб „Љуботен“ од Тетово, членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски. Обвинителството водело повеќемесечна истрага за недозволените археолошки ископувања и потоа продажба на најдените артефакти. За тоа, покрај Вело Марковски се обвинети…

Read More

Посакувам новата 2021 година да ни донесе надеж и извесност. Секој од нас да го направи најдоброто за подобра живеачка тука. Ќе ја паметиме како година на најголемата светска криза во новиот век. Старата поговорка вели „на мака се познаваат јунаците” – така и оваа мака ни покажа многу јунаци на првата борбена линија, ама ни покажа и солидарност, човечност и нѐ потсети колку е важно да помагаме, изјави во своето новогодишно обраќање премиерот на Македонија, Зоран Заев. -И на здравствен и на економски план, Владата одговори со навремени и сеопфатни мерки –обезбедивме сигурност за секој граѓанин поединечно, како и…

Read More

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во честитката што ја упати до граѓаните по повод новогодишните празници посочува дека годинава што измина ни докажа дека сите дишеме ист воздух и дека не грее исто сонце и оти само обединети може да триумфираме. – Годината што ја оставаме зад нас беше тешка и многумина од нас изгубија членови од семејствата, пријателите и познаници како резултат на пандемијата, затоа денес сочувствувам и се солидаризирам со сите овие семејства и апелирам за дополнителна грижа за време на празниците и периодов кој ни претстои. Истовремено, сакам да изразам голема благодарност до медицинскиот и полицискиот персонал…

Read More

Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук упати благодарност до своите колеги. -Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. 10 месеци борба за спас на сечиј човечки живот. 10 месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку пациенти им била потребна здравствена заштита, но и на колку повици за совет сте помогнале. Апелирам овие празници да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Со ова,…

Read More

Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина извршија надзор во кочански Пејпер Мил и при мерењето на емисии од оџакот, како што се очекуваше, чадот што се испушташе беше прозирен и со помал интензитет. Тоа се должеше на специјален режим на комбинирано согорување на метан и пелети во однос 60% метан и 40% пелети при производството на хартија. Две лаборатории, од 9:30 до 16 часот вршеа мерење на прашина и отпадни гасови, во присуство на инспектор. Откако заврши мерењето, во вечерните часови, инспектор се врати повторно на локацијата. Чадот беше со истиот слаб интензитет, проѕирен, односно непроменет во однос на…

Read More

Париз ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандарми за да ги растураат забавите и да го спроведат полицискиот час против коронавирусот за време на новогодишната ноќ. Планот е да се спречат немирите, како изминатите години, кога во највеселата ноќ беа запалени голем број автомобили. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, нареди видливо присуство на полицијата во центарот и предградијата од 20 часот кога ќе почне полицискиот час. Во текот на вечерта, половина од линиите на метрото ќе бидат затворени, пренесе Би-Би-Си. Дарманин, исто така, повика да се разгледа и мерката за прекин на јавниот транспорт низ целата земја. Во Франција,…

Read More

Не очекувајте новогодишна забава, забава нема да има, ќе има проценка на штети. Мора внимателно да се разгледаат сметките. Државните економски антикризни пакети се задоволителни, но за да имаат ефект и значење, паралелно треба да се забрза растот преку зголемување на извозот, забрзување на инвестициите и почнување производство со додадена вредност. Не е доволно да се затвори 2020 година, неопходно е да се планира 2021-ва. Дури и ако пристигне вакцината, товарот од пандемијата ќе продолжи и во наредните години, вели претседателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски. Во разговор за МИА, Адемоски истакнува дека сега е време…

Read More

Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија не е грешка, туку историски чин и придобивка, и врз основа на него со идните политики ќе биде донесено решение во интерес на двата народи и двете земји и тој ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија, а негово поништување само би не „вкотвило“ во балканското сивило. Ваквиот став го изнесе премиерот Зоран Заев за време на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички пришања, додавајќи оти мисли дека е исклучително исправно државата да склучува договори со што ќе се гарантира нејзиниот европски пат, како стратешка определба и интерес на…

Read More

Првите дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ ќе пристигнат во февруари, информира вчера Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека бил постигнат директен договор со компанијата „Фајзер“, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство информира дека продолжува со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковакс механизмот од каде, како што се наведува, се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Министерството информира и дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини…

Read More