Author: Нова ТВ

Судии, градоначалници, функционери, но не и обвинители, во првите три квартали во 2021 година ќе треба да го образложат својот имот. Претседателката на Државната комисијата за спречување на корупцијата Билјана Ивановска вели дека со оваа проверка ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени. Први на тапет, како што појасни Ивановска, ќе бидат 15 градоначалници и градоначалникот на Град Скопје. Проверката на имотна состојба на оваа категорија јавни функционери ќе се реализира во првиот квартал на годината што следи, односно во пресрет на локалните…

Read More

Попис ќе има во април догодина зашто е неопходен за развојот на државата, велат од владејачкото мнозинство и порачуваат дека тоа е статистичка операција што не треба да се политизира и да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Опозицијата, пак, изразува сомнежи во предложениот закон за попис, интервенира со амадмани и смета дека е подобро да се пролонгира за еден месец за тој да биде кредибилен. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на читачи на отисоци на прсти, а Алијанса на Албанците и Алтернатива бараат пролонгирање и формирање посебно тело што би го споровело пописот. Двете партии поднесоа четириесеттина амандмани на законот,…

Read More

Новогодишните празници граѓаните да ги празнуваат одговорно и во кругот на семејството, за да го заштитат здравјето и да го спречат ширењето на коронавирусот, апелираат надлежните. Тие најавуваат дека сите оние кои за време на Новата година ќе организираат групни забави во станови или викендици, веднаш ќе се соочат со кривична одговорност. Исто така, како уште една мерка за заштита од Ковид-19, е и бесплатниот телефонски број објавен од Министерството за внатрешни работи. На тој број граѓаните можат да се јавуваат и да ги пријавуваат соседите доколку се групираат. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски апелира граѓаните да празнуваат одговорно,…

Read More

Утрово во 6:15 часот уште еден земјотрес бил почувствуван во Бановина, а потоа уште еден во 6:26. Епицентарот е во Лекеник, а јачината 4.9 степени по Рихтер. „Многу луѓе не сакаа да ги напуштат своите домови и ноќта ја поминаа во автомобилите. Оние кои остаа без кров над глава се згрижени. Има 35-36 населби кои беа погодени од земјотресот и денеска ќе ги посетиме, најави градоначалникот на Глина, Стјепан Костањевиќ во утринската емисија Добро утро, Хрватска. Тој рече дека помош пристига од сите страни. „Некаде домовите се срамнети со земја, некаде се срушиле оџаците. Луѓето живеат во страв, треба да…

Read More

„Во Франција и ЕУ има голем знак на солидарност кон овој регион од светот и мислам дека никој не дал повеќе, и затоа ќе кажам дека дури и денес комисијата со земјите членки се договорија за пакет 710 милиони евра наменети за земјите од Западен Балкан за да им помогнат, најбрзо што може да ги добијат вакцините и сето она што значи условеност за да се добијат истите“, изјави францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Според него, ЕУ ќе ги плати вакцините против Ковид-19 за ризичните категории во Северна Македонија и другите држави од Западен…

Read More

Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер смета дека се зајакнува се повеќе европскиот интерес за да се најде решение, во што е можни пократок рок, одговарајќи на новинарско прашање дали Франција го има истиот поглед во однос на блокадата на Бугарија затоа што Франција за разлика од Германија не беше толку гласна. Според него, согласни сме дека постои стратешки предизвика во однос на Франција, која можеби не била можеби толку гласна. „Ќе кажам дека и други институции и земји членки на ЕУ не беа толку гласни, затоа што требаше да бидеме многу ефикасни. Мислам дека сите се свесни дека таа…

Read More

„Граѓаните треба да знаат дека забрана за движење нема да има, можат слободно да се движат. Во рамките на едно семејство може да си прават било каква прослава, дали ќе биде тоа во сопствениот дом, а можат дури и да си изнајмат вила или стан во туристичките центри. Семејствата ќе можат да си изнајмат и вили низ туристичките места, се додека не се повеќе од 4“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за дневникот на ТВ Сител. Според него, ако за време на новогодишната ноќ бидат издадени викендици или станови каде ќе има 15, 20 или 30 луѓе како…

Read More

На денешната своја седница Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани. Во оваа категорија на граѓаните, спаѓаат лицата со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Read More

Владата на денешната 35-та седница донесе одлука за давање согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашната ТЕЦ Осломеј. Од владината прес-служба информираат дека според физибилити студија за две фотоволтаични електроцентрали со инсталирана моќност од минимум 40 MW секоја, инвестицијата на Електрани на Северна Македонија како свој дел во ЈПП, ќе се врати за една до две години. На оваа седница Владата, исто така, донесе измени на Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за…

Read More

Премиерот Зоран Заев изрази сочувство за жртвите и понуди помош на Хрватска по силниот земјотрес кој ја погоди земјата денеска. Тој, на социјалните мрежи напиша дека Северна Македонија е подготвена да пружи помош согласно потребите. „Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пелнковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев на социјалните мрежи.

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани на законот за попис, што според нив се суштински амандмани, а ќе ги аргументираат за време на расправата. – Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова статистичка операција која што би требало да се направи. Значи избегнувањето на обезбедување на фингерпринт е навистина нешто што не дава сигурност во целата постапка. Образложенијата дека тоа е скапа операција и ќе треба време не држи затоа што таква одлука за набавка во државната изборна комисија за…

Read More

Хрватскиот град Петриња и денеска го погоди земјотрес, но посилен од вчерашниот. Според известувањето на Сеизмолошката служба потресот што се случи во 12,19 часот бил со јачина од 6,2 степени според скалата на ЕМС. „Интензитетот во епицентарот на овој разорен потрес е проценет на VIII-IX според скалата на ЕМС. Потресот се почувствува низ цела Хрватска. Се очекуваат големи материјални штети“, објави Сеизмолошката служба на Твитер. Во Петриња загина девојче од 12 години, а центарот на градот е во урнатини. На мајката чие дете загина ѝ се пружа помош затоа што е во тежок шок, јавуваат хрватските медиуми. Епицентарот на потресот…

Read More