Author: Нова ТВ

Оваа година водевме дисциплински постапки против пет јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната онлајн средба со новинарите. Притоа, тој посочи дека еден обвинител од ОЈО Скопје, кај кого било утврдено нестручно работење, поднел оставка која ја констатирал Советот на јавни обвинители. Јовески рече дека е донесен Правилник за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување, со што ќе се подобрува квалитетот на работењето. – Ќе се оценува работата на секој обвинител посебно, квантитативно и квалитативно, рече Јовески. На брифингот Јовески посочи дека 2020 година е…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека ќе бидат изработени објективни критериуми, во кои ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени. – Во првиот квартал, во пресрет на локалните избори ќе бидат опфатени 15 градоначалници и градоначалникот на Град Скопје. Не можеме сите…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека во план е оформување на советодавно тело од пензионирани професори по медицина. Тука пред се ја истакна улогата и придонесот на проф. д-р Драган Даниловски, за време на пандемијата од Ковид-19. – На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодараност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска…

Read More

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика во својата традиционална новогодишна порака, 2021 да биде „година на заздравувањето“. – И климатските промени и пандемијата на Ковид-19 се кризи, кои можат да бидат надминати само доколку сме заедно. Ајде да се помириме меѓу себе и со природата, да ја надминеме климатската криза, да го спречиме ширењето на коронавирусот и да ја направиме 2021, година на заздравувањето. Закрепнување од последиците на смртоносниот вирус. Заздравување на погодените економија и општество. Да ги отстраниме поделбите и да почнеме да работиме за заздравување на нашата планета. Такво треба да биде новогодишното ветување, нагласи Гутереш. Тој…

Read More

Сега кога вакцините против Ковид-19 почнуваат да се шират, многу луѓе можеби сонуваат за еден ден кога ќе можат да патуваат, да купуваат и да одат повторно на кино. Но, за да ги извршите овие активности, на крајот можеби ќе ви треба нешто како додаток на вакцината: мобилна апликација која делува како „пасош за имунизација“. Неколку компании и технолошки групи почнаа да развиваат апликации или системи за паметни телефони во кои индивидуите можат да поставуваат информации за нивните тестови и вакцинации за Ковид-19, создавајќи податоци за идентификација што ќе бидат прикажани на влезовите на концертните сали, стадионите, кина, канцеларии или…

Read More

Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати од ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 декември тестирани се вкупно 13.123 лица, што е намалување од 15,9% во однос на минатата недела. Регистрирани се 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во периодот од 21 до 27 декември процентот на позитивни од тестирани случаи е 25,7% , што е намалување од 3,6% во однос на…

Read More

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти. За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Охрид, Битола и Куманово, а по 30 во секторите за внатрешни работи во Тетово, Велес и Штип. Во Регионалниот центар за гранични работи Север – 50 извршители, по 30 извршители во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во…

Read More

По долгогодишно преговарање меѓу државата и компанијата „Макпетрол“ и повеќе судски спорови за сопственоста на гасоводот вчера во Собранието е изгласан законот со кој гасоводот преминува во 100-процентна сопственост на државата. Законот беше изгласан со 60 гласа „за“ и 30 гласа „против“, а за него во изминатите денови на маратонска седница дебатираа пратениците од власта и опозицијата. Законот наиде на остра реакција од страна на опозицијата, според која со ваквото законско решение се кршат повеќе членови од Уставот. Го повикаа претседателот на државата да не го потпишува указот за прогласување на овој, како што велат, скандалозен закон. – Најавуваме дека…

Read More

Анекс на договорот во принцип се пишува кога нешто сакаш да дополниш во основниот договор или евентуално да се допрецизира, а во договорот од 2017 никаде не пишува дека ќе разговараме за македонскиот јазик пред 1944 да се напише во правна форма, дека бил бугарски, вели Пендаровски во интервју за Јавниот сервис Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Јавниот сервис вели дека во пристапот со Бугарија не треба ништо да се менува и оти не гледа потреба од потпишување анекс на Договорот за добрососедство. „Направивме се, со најаргументирани ставови и барања да допреме до нив и да им кажеме…

Read More

За идентитетот како европска вредност не се преговара. Македонскиот идентитет на македонскиот народ и македонскиот јазик апсолутно се величина како што се бугарскиот, германскиот, францускиот, италијанскиот, чешкиот, полскиот… Тоа е европска вредност и за такви вредности, ниту се разговара, ниту се преговара, порача вчера премиерот Зоран Заев. Најави дека очекува напредок во разговорите со Бугарија по завршувањето на изборите кај источниот сосед. Заев истакна дека во моментов нема разговори со Софија, бидејќи се празници и најави дека по празниците ќе продолжат со изработка на акцискиот план. – После празниците ќе одржиме координација со МНР, заедно со специјалниот претставник за Бугарија, професорот…

Read More

Доколку утре се одржат избори, владејачката СДСМ би имала предност пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ од 0,5 процентни поени, покажува анкетата на Телма и МЦМС. Според телефонското истражување кое го спровела агенцијата „М проспект“ на 1 000 испитаници, 18,6 отсто се изјасниле за СДСМ,а 18,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ. Поддршката за ДУИ е 6,7%, за Алијанса за Албанците 4,6%, Алтернатива 0,5, Беса 2,4 отсто од прашаните… Според анализата, најголем пораст на поддршката има кај Левица – 6,2 отсто. Но, сепак најголем процент од испитаниците, 21,1 отсто се изјасниле дека нема да  излезат на гласање, 11,1 отсто одбиваат да гласаат, а 6,4 осто не…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се прават напори предлозите на опозицијата што се однесуваат на Законот за попис да бидат прифатени, посочувајќи дека опозициските партии во овој процес биле вклучени повеќе од една година и половина. – Цела оваа година и половина од кога разговараме за пописот, опозицијата е вклучена. Имаше работни групи, и од власта и од опозицијата, директорот на Државниот завод за статистика одржа неколку состаноци, рече Заев, кој денеска во Тетово присуствуваше на отворање на новите простории на Државниот пазарен инспекторат. Тој појасни дека има три категории попишување – едниот дел се вкупно граѓаните, вториот дел…

Read More