Author: Нова ТВ
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при подготовката на реформата во основното образование ќе бидат консултирани сите засегнати, почнувајќи од учителите и наставниците, универзитетски професори, како и академици односно МАНУ. Целта, е вели премиерот, со реформата да се максимализираат содржините што ќе биде од помош на учениците. – Мислам дека пред се ќе ја консултираме фелата. Тоа се учителите и наставниците од шесто до деветто одделение, но и универзитетите, МАНУ, имаме многу експертски фели, институти, кои работат за да може да го согледаме најисправниот терк на самата реформа. Да упатам уште еднаш порака, сите сме или родители или дедовци, баби.…
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција, информира дека кај дел од компаниите за кои беше утврдено дека ја злоупотребиле државната помош, веќе е извршена присилна наплата, додека кај други во тек е спроведување на дејства за присилна наплата. – Кај одредени компании пуштени се опомени и по извесниот рок на опомената се врши присилна наплата. Некаде веќе е завршена присилната наплата, односно се блокирани и одземени тие средства, а некаде се уште сме во фаза на спроведување на дејствија на присилна наплата, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање. Во тек се интензивни контроли во соработка…
Попрофесионална администрација со нејзино реорганизирање и со намалување на бројот на вработени, најави министерот за информатичко опшеттсво и администрација Јетон Шаќири, кој смета дека системот за наградување во овој сектор треба да се ревидира за да се обезбедат поконзистентни нивоа на плата и да се промовира мобилноста. Во отчет за првите 100 дена од работата на ресорот што го раководи по изборот на новата Влада, Шаќири ги претстави почнатите промени на законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за висока раковиодна служба, посочувајќи дека се врши нивно усогласување. – Усогласувањето се прави во таа форма што сите…
Сто и педесет милиони евра финансиска поддршка, услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта“, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на жените фармери со 6.000 евра, најави денес министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, кој се осврна на првите 100 дена од извршувањето на функциата. „Не чека многу работа, а си поставивме и амбициозна агенда. За да ја реализираме, заедно со земјоделците ќе мора да ги следиме европските стандарди, да ги применуваме најновите научни достигнувања и технологии и да применуваме модерна механизација“, рече Хоџа. Ќе продолжат, најави министерот, и капиталните инвестиции…
Наставниците ќе треба навремено да се едуцираат и да ги кажат своите забелешки во однос на новиот концепт за образование, вели Наде Молеровиќ, историчар, поранешна директорка на ОУ „Гоце Делчев“. – За секоја реформа, клучни се наставниците. Мора наставникот да е едуциран комплетно, комуникациски вештини да има. Мора да се оспособат наставниците, да бидат подготвени. При отворена расправа ќе може секој наставник да си го каже своето мислење. Ги охрабрувам наставниците, да ги кажат своите искуства“ – вели Молеровиќ.
Владата на Република Северна Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација. -Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.Оваа информација ја објавуваме…
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов упати нови провокативни изјави. Бугарија не стави вето, им рековме дека ќе се согласиме да започнеме преговори кога ќе се поправите, кога ќе научите дека со соседите со кои тврдите дека имате заедничка историја, тоа не може да се направи на овој начин. Не можете да ги подготвувате децата во прво одделение даимаат омраза кон Бугарите. Не можете да воспитувате омраза и врз основа на лажни факти, рече Красимир Каракачанов во интервјуто за „БНТ“ и потсети дека пред само 3 години е потпишан договор. Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали…
Времето на „нашите“ или „вашите“ е завршено, а филтрацијата треба да препознае дали некој судија или обвинител работел во интерес на правдата или за нечиј бизнис интерес. Ова во интервју за Дојче Веле го кажа министерот за правда Бојан Маричиќ. Според министерот токму преку процесот на филтрацијата на судството и обвинителството ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем. – Важно е да се спомене дека Судскиот совет е институцијата која ќе ја спроведе филтрацијата во судството. Сведоци сме на чести одложувања на рочиштата, пред сè, на оние за висока корупција и организиран криминал, а на тоа реагира и…
Поминаа осум години од „црниот понеделник“ кога во Собранието беа нападнати пратеници и новинари. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и премиерот Зоран Заев се осврнаа на настаните и напишаа дека такво нешто никогаш не треба да се повтори. -Слободата и демократијата немаат цена.Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија. 24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во…
Не може да се предложи суштинска реформа што прави тектонски поместувања во образованието, а таа да биде дочекана без реакција, вели министерката за образование Мила Царовска околу вревата што се крена за најавите дека ќе спојува предмети и нема да има засебен предмет историја. Според неа, ако нема реакција тоа ќе значи дека реформата не предвидува ништо суштинско. -Секако, најголем дел од јавноста ја поддржува, особено наставниците и тоа се гледа во дневната комуникација со нив, особено со експертите по педагогија и психологија, кои велат ова не е ништо ново, бидејќи интеграција на предмети имаме до шесто одделение и сега.…
Во текст со манипулативен наслов, споделен на Фејсбук, каде што изјавите на премиерот Зоран Заев се извадени од контекст и се тврди дека тој рекол оти историјата е непотребна и дека е вишок, а дека наставниците што ќе останат без работа се неважни, изнесени се низа непроверени и невистинити факти, објави Вистиномер. Се тврди дека премиерот истакнал оти фузирањето на предметите во училиштата се користи за да се отстрани нешто од образованието и дека рекол дека историјата не е потребна. Воопшто не е точно дека Заев истакнал оти историјата не е потребна на прес конференцијата која ја одржа во владата, а која што може…
Германија ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за „Дојче Веле“. – Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех, додава Мас. Според него, земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во ЕУ,…