Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерката за култура Ирена Стефоска на терен извршија обиколка и се информираа за динамиката на реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола, кој доби нов лик , со целосно задржани културно – историски специфики. При увидот, премиерот и министерката беа информирани дека по успешно подготвената проектна документација за објектот, ентериерното уредување е во завршна фаза и дека во Предлог-буџетот, кој треба да биде усвоен од Советот на Општина Битола, локалната самоуправа предвидува средства и за завршување на партерното уредување околу Офицерскиот дом. На средбата беше констатирано дека овој објект е од големо значење за битолчани…

Read More

Кога Советот за општи работи минатата недела заврши без да се расправа за прашањето, тој стави дефинитивен крај на сите надежи дека Северна Македонија може да ги започне разговорите за пристапување во ЕУ оваа година. Овој пат тоа беше соседна Бугарија, која го блокираше почетокот на разговорите, не согласувајќи се со предложената рамка за преговори и барајќи таа да вклучува и билатерални прашања меѓу двете земји. Минатата година Франција го стори истото, барајќи нова методологија за пристап, заради проблемите со некои од поновите земји-членки. Претходно Грција беше таа што со години ја блокираше Северна Македонија поради нејзиниот спор околу името…

Read More

Новоназначениот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски во телефонска изјава за Фронтлајн изјави дека поднел барање за оставка од Управниот одбор на истата институција и дека се чека конечната одлука на Владата. Според Лазаревски, одлуката ќе биде соопштена многу скоро, веројатно на следната владина седница, најверојатно во понеделник. Во секој случај, неговата оставка не е спорна, прашање е на нејзиното службено процесирање. „Јас поднесов оставка од фукнцијата член на Управен одбор во Агенцијата за филм на 10.12.2020. Сè уште немам право на потпис и ја чекам финалната одлука по моето барање. Значи, јас дадов оставка од ОУ и…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Кавадарци по повод донација од Фондацијата „Никола Јанчев“ во висина од еден милион денари за обезбедување централен довод на кислород за модуларната болница во Општата болница со проширена дејност Кавадарци. Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и директорот на болницата Диме Коцев, министерот Филипче се заблагодарил за овој чин на висока општествена одговорност и посочил дека благодарение на препознавање на важноста во овој момент ќе се помогне таму каде што е најмногу потребно, а тоа е здравствениот систем. Болницата во Кавадарци, стои во денешното соопштение од Министерството за здравство, со…

Read More

Со новата концепција за основно образование за прв пат се воспоставуваат национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на деветтолетката. Досега целото образование беше содржински насочено, а за прв пат се воспоставува образование коешто ќе гледа резултати од учење, што е меѓународен стандард, рече министерката за образование и наука Мила Царовска. Нашите национални стандарди се изготвуваат врз основа на рамката што ја дава ОЕЦД. Министерката Царовска објасни дека националните стандарди се однесуваат на осум подрачја околу кои се групирани компетенциите, и тие се јазична писменост; користење други јазици; математика, природни науки и…

Read More

Граѓаните шест пати во изминатите четири години ги поразија лагите, манипулациите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, беа поразени на изборите за градоначалник на Штип во неделата. Пред само пет месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори. – порачуваат од СДСМ. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ги загуби претседателските избори во 2019, а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село. Беше поразен и една година претходно на референдумот во 2018 година кога граѓаните одлучија да го поддржат Преспанскиот договор и кажаа ДА за членство во НАТО…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше со соопштение во кое тврди дека нема ништо од ветениот ветинг на судиите и дека, уште повеќе, и „сваровски судиите“ работат за премиерот Зоран Заев. -Зоран Заев ветуваше ветинг во судството. Ќе потсетам дека тоа минатата година беше главна тема.Ветинг нема да има  затоа што го држат на краток ланец сваровски и трас-трас судството за да амнестираат криминал, но тоа нема да ги спаси за криминалите, ќе одговараат до последен. Јас тогаш реков дека нам пред да ни се случи ветинг во судството, треба да се случи ветинг на политичари, поточно какви и судии…

Read More

-99 години од раѓањето на џинот од Небрегово, Блаже Конески. Македонската историја не памети друга личност која толку се вложила и која толку дала на македонската литература и книжевност, на македонскиот јазик. – порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски по повод 99 години од раѓањето на Блаже Конески. -Неговиот придонес во кодификација на македонскиот литературен јазик, неговото учество во создавањето на граматиката и правописот на стандардизираниот македонски јазик, неговиот влог во македонската поезија со силни букви се врежани во македонската колективна меморија. – вели Николовски. -Придонесот на Конески како прв…

Read More

Би било неразумно да очекуваме дека  ќе се промени бугарската позиција во наредните месеци, велат од Министерство за надворешни работи на Бугарија за софискиот дневен весник „Труд“, на прашањето какви активности ќе преземе Софија во следните 6 месеци за да се најде решение за Северна Македонија. Во одговорот додаваат и дека ниту една бугарска влада не може да предаде 88.540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши. „Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство. Би…

Read More

Актуелното бугарско вето, што го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, ја загрозува политичката стабилност во Северна Македонија, кредибилитетот на блокот во целиот регион и може да претставува опасен преседан за пристапувањето на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Затоа, сите земји-членки, Европската комисија и Европскиот парламент треба да извршат максимален притисок врз Бугарија за да се откаже од своето вето и да се обезбеди прогресивно продолжување на процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ. Европската комисија и парламент, секогаш заземале многу јасен и конзистентен став кон интегрирањето на Северна Македонија. Од 2009…

Read More

Брендирањето на производите кои Ресен и Преспа ги нудат, афирмацијата на нашиот но и на странските пазари, придонесува понатаму и кон развој на овој регион, нивна препознатливост во светот, истакна вчера премиерот Зоран Заев при посетата на  фабриката „Свислион“ во Ресен. „За мене е особено драго кога сум во посета на успешни економски приказни, како што е фабриката ‘Свислион’, тука во Ресен. Имав можност да видам како тука се работи и да слушнам кои се ефектите, кои оваа фабрика ги има врз економскиот развој на Ресен, но и пошироко на Преспа, рече Заев. Оваа фабрика денес има 292 вработени во Ресен,…

Read More

Откако во текот на дешениот ден, тутунарите продолжија со блокадите на патот Градско – Прилеп, незадоволни се од проценката на откупувачите, вечерва дојде до договор за подобрување на состојбата со откупот на тутун. Според министерот за земојоделство, Арјанит Хоџа донесен е заклучок, потпишан од сите присутни, со кој се дефинираат целите за следниот перод и се верификуваат заедничките усогласени ставови. „После неколкучасовна дискусија помеѓу тутунарите и откупните компании, на која учествував и јас заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска во Прилеп постигнавме договор. Според него: 1. Сите откупни линии…

Read More