Author: Нова ТВ

– Денес е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29 и 56.30, кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги. На тој начин Мерката 3 од шестиот пакет е операционализирана и на 6000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, на располагање им се ставаат 9,9 милиони евра за поддршка, колку што се проектирани со мерката”, соопшти заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори…

Read More

Министерството за надворешни работи годинава прославува 52 години раст и развој, кога за прв пат било формирано Бирото за односи со странство, односно институцијата – претходник на современото Министерство за надворешни работи. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека приоритет е остварувањето на стратешките цели на нашата надворешна политика. -Остварување на стратешките приоритети на нашата надворешна политика:  членството во НАТО, почеток на преговори со ЕУ, Стратешкото партнерство со САД, напредок на добрососедските односи, регионалниот напредок – некогаш треба да подвлечеме црта и да ги сумираме придобивките за целава земја кои почиваат на трудот и работата на дипломатијата, истакна Османи,…

Read More

Донацијата која што ја добивме преку механизмот за справување со пандемијата на НАТО во соработка со Министертвото за надворешни работи на Република Словачка се состои од респиратори за инвазивна и неинвазивна вентилација кои што беа распределени на Универзитетската Клиника за детски болести и Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. Овие респиратори во моментов се користат за пациенти заболени од Ковид 19 вирусот и истите имаат позитивно дејство врз овие пациенти. Специфичноста на овие машини е во тоа што истите имаат посебен софтвер кој што може да одговори на сите типови на белодробни заболувања. Новиот софтвер којшто го содржи во овој…

Read More

По повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Јавниот долг изнесува 62,5%, додека државниот изнесува 54,1%, се вели во денешното соопштение од Министерството за финансии. Од таму додаваат дека издавањето на осмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра, со историски најниска каматна стапка од 1,625%, е со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2014 година со каматна стапка од 3,975%. – Отплатата на еврообврзницата од 2014 година во јули, ќе влијае на намалување на тековната состојба и на јавниот и на…

Read More

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ конечно признава дека ја поддржува дигитализацијата и не треба да се грижи дали МОН нема капацитети истата да ја спроведе. Подготовката на новата програма, материјалите и како и сите потребни капацитети се одвиваат со потребната динамика и сé ќе биде подготвено за почетокот на следната учебна година. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ барајќи целосно нови печатени учебници и понатаму се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи, наспроти квалитетните и модерни материјали кои што ги нуди новото законско решение и е во најдобар интерес на учениците. Нови, современи и достапни за секого учебници ќе има,…

Read More

Регулирањето на породилното отсуство е дел од новиот системски закон за работни односи, кој во оптимистичка варијанта во првична драфт верзија треба да биде готов во јуни. Се уште се разговара за деталите и се прават потребните финански анализи. -Едно од поглавјата кое ќе биде решено со овој закон е и она за породолното отсуство. Деталите до крај не сме ги договориле, се уште правиме анализи, но она што претставува новина е периодот на мајчинство кој ќе го користи мајката кое ќе биде нејзино задолжително право, потоа родителство кое би го користеле и таткото и мајката, а разговараме и околу…

Read More

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај, кога се празнува Велика Сабота, и во нашата држава, во вечерните часови, ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота. По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во…

Read More

Зачувувањето на работните места, заштитата и унапредувањето на работничките права, зголемување на платите и изминатата година во услови на криза беа врвен приоритет на Владата, рече премиерот Зоран Заев по денешната седница на Економско-социјалниот совет. Наоѓањето решенија, рече тој, беше можно само низ суштински дијалог со економско социјалните партнери – синдикатите и работодавачите. – Суштинскиот и солидарен дијалог не изостана изминатите 12 месеци. Напротив може да кажам дека доби на интензитет и ја покажа сета потреба за учество во справување со кризата предизвикана од пандемијата. Освен здравјето на луѓето кризата се закани да ги загрози илјадниците работни места. Затоа на…

Read More

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција уште еднаш апелираше да се почитуваат препораките на надлежните институции во пресрет на велигденските празници. Тој рече дека веќе е разговарано и со претставниците на верските заедници кои се обврзале дека ќе внимаваат на мерките заради заштита на населението. – Да запалиме свеќичка пред нашата зграда, пред нашата куќа. Како претседател на владата апелирам прв приоритет да биде да се тргнеме од толпата, да го искористиме просторот на отворено и да избегнеме групирање – рече Заев. За себе информираше дека престојните велигденски празници ќе ги помине во кругот на своето семејство, а Велигден…

Read More

По добиените информации дека изолирани групи на ученици во неколку училишта во државата по насоки од родителите и старателите ја бојкотираат наставата, апелираме за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови, затоа што постапката не оди во прилог на нивната едукација, соопшти Министерството за образование и наука и укажува дека секој пропуштен час значи пропуштено знаење кое тешко се надоместува, особено кога воспитно-образовниот процес се организира во вонредни околности поради пандемијата. МОН нагласува дека причината за бојкотот на наставата е неоправдана, ако се има предвид дека дигитализацијата на образованието е глобален процес кој се случува во голем…

Read More

Во земјава се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19 и не е детектирана друга форма на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи во пресрет на велигденските празници граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат мерките. Тоа што сега се случува, истакна министерот, оди во насока на смирување на епидемиолошката ситуација, а можност за прекршување на мерките и препораките имаше и досега има и од сега натаму. Значи тие посети во верски објекти, масовни собирања и тогаш кога не се дозволени во насока на прекршување се секогаш можни и секогаш од таму потекнуваат сите проблеми, во смисла на…

Read More

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи апелира до сите граѓани во текот на празничните денови дадената можност да прославуваат со олеснети рестриктивни мерки да ја разберат исклучиво низ призмата на зголемување на личната одговорност во примената на заштитните средства. -Апелираме во храмовите и надвор од нив верниците задолжително да носат заштитна маска и да одржуваат дистанца. Сите досегашни напори ќе бидат залудни доколку се заборави на опасноста на вирусот и неговите последици. Исто така поголемите собири во домовите и викенд локациите поради прославување на празникот се со висок ризик, се вели во соопштението од Комисијата. Оттаму апелираат…

Read More