Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев во „Клик Плус“ на ТВ21 осврнувајќи се на блоката од Бугарија изјави дека кога го потпишувале договорот за добрососедство со Бојко Борисов, сонувале целиот Балкан да биде дел од ЕУ. Заев истакна дека македонскиот народ никогаш не би направил вакво нешто кон Бугарија и додаде дека ваквиот став на бугарската страна се должи на претстојните избори во земјата. -Ми паѓа многу тешко оти ова е голема неправда. Сметам дека ваквата одлука не е желба на премиерот Бојко Борисов и на бугарскиот народ, туку политика пред избори. Јас и Борисов кога го потпишувавме Договорот за пријателство, сонувавме и…

Read More

-Постигнавме Договор со Бугарија, и кога требаше да испорача ЕУ, таа не го стори тоа, и ова е најголем пораз за Европа. Треба да продолжиме да правиме напори, во духот на градење пријателство, дијалог, не конфликти. Мене ми паѓа многу тешко, затоа што верувам дека тоа не е желба на бугарскиот народ, туку на политика пред изборите во Бугарија. Но, еве, да дадеме шанса до декември.“, рече Заев во „Клик Плус“ на ТВ 21. Заев рече дека ова е најголемиот пораз за ЕУ, и дека разочаран од одлуката. 

Read More

Премиерот Заев при гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21  коментирајќи ја одлуката за вето на Бугарија, покрај разочараност и како што вели „поразот на ЕУ“, со доза на оптимизам истакна дека шансите се уште постојат одлуката да се смени до декември. При тоа го потенцираше залагањето на Германија на чело со Меркел, Рот и Мас. – Благодарен сум на тоа што го прави Германија на чело со канеларката Меркел, како и Рот и Мас. Верувам дека и ЕУ прават позитивни напори. Со Фон Дер Лајен се договоривме да продолжиме со преговорите, затоа што не се исцрпени сите можности по денешниот…

Read More

-Сигурни сме во нашиот идентитет, македонскиот јазик е непобитен, рече премиерот Зоран Заев за време на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21, додавајќи дека очекува македонскиот јазик и народ да бидат признаени од Бугарија. „Лично очекувам Бугарите и бугарските власти да го признаат македонскиот јазик и македонскиот народ, затоа што тоа е чувство, тоа е дел од ОН, признаени сме од целиот свет, и внатре ако сакаат може да продолжиме како досега, а во Европа да нотира дека за Бугарија македонски јазик е тоа што е согласно договорот“, коментираше Заев. 

Read More

Блокадата на Бугарија за утврдување на преговарачката рамка за Македонија е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи, брифираат владини извори вечерва по денешното вето на Софија во ЕУ. Од Владата велат дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик не можат да бидат предмет на преговори, но дека ќе продолжи барањето решение за европската иднина на македонија за која нема алтернатива. „Задршката на Бугарија да ја одобри преговарачката рамка не е во духот на добрососедските односи. Ваквиот став на бугарската влада е спротивен на членот 2 од Договорот…

Read More

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот уште еднаш ги отфрли бугарските барања за вметнување на историските спорови во Преговарачката рамка, истакнувајќи дека ЕУ не сака да дозволи билатералните спорови меѓу една земја-членка и земја-кандидат да се пренесуваат на европско ниво

Read More

По прекинот на платниот промет со Еуростандард банката поради стечај, денеска Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ со кој претседаваше новиот директор Јани Макрадули ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата. Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба. Според објавеното соопштение, Управниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание…

Read More

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека Бугарија не ја одобрила преговарачката рамка за Македонија на денешниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка. Захариева, на брифинг со бугарските новинари по видеоконференцијата со колегите од ЕУ, кажа дека Бугарија не ја одобрила рамката за Македонија затоа што не ги одразува бугарските барања, вклучувајќи ги оние за македонскиот јазик и македонското малцинство. „Можеме да ја одобриме преговарачката рамка за Албанија, бидејќи сметаме дека тие исполнија голем дел од…

Read More

Речиси шест од десет Грци, односно 58 отсто смета дека Договорот од Преспа е добар договор или договор со доста компромиси, но неопходен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа research“ за фондацијата „Фридрих Науман“ посветено на либерализмот во Грција, во кое граѓаните одговарале на прашања поврзани со 10 различни теми, јави дописничката на МИА од Атина. Споредбено со резултатите од 2018 година од истата агенција, ставот на Грците за Договорот од Преспа е променето, со оглед на тоа дека тогаш, 42 отсто сметале дека договорот е добар (18 проценти) или договор со доста компромиси, но…

Read More

Германија, како претседавач со Европската Унија денеска ја стави дискусијата за проширувањето на дневен ред на Седницата на Советот за општи работи на ЕУ, која што ја води германскиот министер за Европа, Михаел Рот, објави Дојче веле на македонски јазик. „Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на годинава одлучивме да ги започнеме преговорите со двете земји. Основен интерес на ЕУ е во најбрз можен рок да започнат преговорите со Меѓувладина конференција“, порачал утрово Рот пред почетокот на виртуелниот состанок на министрите. Како што пишува Дојче веле, Рот рекол дека се…

Read More

Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере. Пристапот на бугарската влада праќа лоша порака до земјите од Западен Балкан дека и тие можат да се соочат со целосна блокада на патот кон ЕУ, вели Фуере во интервју за Бугарското национално радио. – Бугарија го користи своето членство во Европската унија за да наметне сопствено толкување…

Read More

Во врска со ветото на Бугарија кон официјалниот старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, денес свој напис имаше и брисалскиот веб сајт „Еу Обсервер“, кој говори дека „Бугарија носи багаж на масата на ЕУ“. „Требаше да биде технички, но се претвори во ново фијаско на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, вмешувајќи ги во тоа Хитлер, Сталин и Тито. Денешните разговори ќе се соочат со ново бугарско вето, што го базираат, како што кажа еден висок ЕУ дипломат, врз овој „историски багаж“, пишува „ЕУ Обсервер“. Со овој напис се потенцира уште еднаш дека под германско претседателство,…

Read More