Author: Нова ТВ
Лидерите на западнобалканските земји и претставници на ЕУ денеска во Софија ќе одржат Самит за Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес, со кој копретседаваат Северна Македонија и Бугарија. Покрај лидерите на земјите од регионот, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, на Самитот се очекува да учествуваат и шефови на држави или влади на членките на ЕУ, вклучително и бугарскиот премиер Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како иницијатор на Берлинскиот процес, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Како што најави Европската комисија, предвидено е земјите од…
Од Центарот за јавно здравје Скопје информираа дека кај нив денеска почнува и вакцинацијата против сезонски грип со комерцијални вакцини кои чинат 800 денари
На состанокот во Берлин бил усогласен Нон-пејпер со кој требало да се надмине историскиот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија и да и се отвори патот на земјата за почеток на преговори со ЕУ. Главниот компромис е направен во однос на македонскиот јазик, со тоа што на Бугарија и се нуди можноста преку декларација, како анекс на Преговарачката рамка, да соопшти дека под „македонски јазик го подразбира јазикот согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Но за остатокот од ЕУ, јазикот останува македонски. Состанокот го организираа шефот на германската дипломатија Хајко Мас и министерот за Европа Михаел Рот, а на него…
Производителот на лекови „Фајзер“ објави дека раната анализа од испитувањето на нивната вакцина против коронавирус сугерира дека вакцината е силно ефикасна во спречувањето на „Ковид-19“. Ова е ветувачки имајќи предвид дека светот со нетрпение чекаше какви било позитивни вести за пандемијата во која починаа повеќе од 1,2 милиони луѓе. „Фајзер“, која ја развива вакцината со германскиот производител на лекови „БиоНТек“, објави само мали детали од клиничките испитувања, кои се засновани по првиот формален преглед на податоците од страна на панел надворешни експерти. Компанијата соопшти дека анализата открила дека вакцината е ефикасна повеќе од 90 проценти во спречување на болеста кај…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година. „Судот ѝ наложи на Владата на Северна Македонија да им исплати на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три години и деветнаесет години, износ од 7.500 евра, поединечно“, се наведува во соопштението на ЕЦПР. Претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ, рече дека е вознемирувачки да се види дека правдата за овие деца очигледно не може да се добие…
Поранешните професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана ќе бидат вклучени за директно обезбедување во редарската служба во болниците. За ова денеска на прашање на МИА информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак”. -Денека разагваравме дека директното обезбедување за редарската служба најверојатно ќе го реализираме со еден дел од поранешните професионални војници кои сеуште работат во Министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на поддршка. Тие нема да бидат ниту униформирани, ниту вооружени но ќе обезбедат ред и информации за граѓаните, соопшти Шекеринска. Министерката информираше и дека дополнително на денешната седница на Главниот…
Премиерот Зоран Заев денеска на потпишувањето на на меморандум за соработка со шефовите на владите на Србија и Албанија – Ана Брнабиќ и Еди Рама рече дека македонските граѓани нема да плаќаат од свој џеб доколку бидат хоспитализирани во овие две соседни земји. Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против корона вирусот, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници. Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави. – Македонски граѓанин ако треба да се…
Доколку првата меѓувладина конференција не се одржи за Северна Македонија, тоа би била тројна загуба, за Северна Македонија, за Бугарија и за самата Европска Унија. Јас сум оптимист затоа што Северна Македонија и Албанија навистина вложија големи напори да ги приближат граѓаните на земјата до Европската унија. Се разбира, останува уште многу да се направи кога станува збор за интеграциските реформи, но како известувач за Северна Македонија, искрено мислам дека од почетокот на годината се направени многу позитивни чекори. Изборите се одвиваа нормално, резултатот беше легитимен и владата беше формирана многу брзо по изборите. Претседателот на парламентот Џафери е подготвен…
Сѐ уште не бев стар, но и тогаш бев намќорест и со негодување забележав дека технологијата за производство на електрична енергија од мали хидроелектрани нема баш некој простор за напредок, а дека технологиите за биогас речиси удрија во границите на теориската физика и дека надежта дека тие ќе напредуваат е слична на надежта дека ќе произведеме искра удирајќи јајце од јајцe.
ВМРО-ДПМНЕ на чело со неспособниот Христијан Мицкоски, продолжува да тера морбидна партиско-политичка кампања на тема ковид со континуирани опструкции и лажни вести, велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека Мицкоски грчевито се држи за својата фотелја во белата палата иако три пати беше поразен на избори, а сега. „Мицкоски бега од уште еден дебакл, со неизлегување на предвремените локални избори во Штип и Пласница. Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, напротив тој е опасен за јавното здравје. Кога започна пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исмеваа со корона-вирусот, велеа дека е изговор за одложување на изборите, лажеа дека нема доволно…
Бугарската тактика на силеџиство може да функцинира во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но е крајно несоодветна на ниво на ЕУ
Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство на трите земји, денеска ќе одржат онлајн координативен состанок, по што ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на кризата предизвикана од Ковид-19. Премиерот Зоран Заев преку видео врска ќе биде и домаќин и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.