Author: Нова ТВ
Кандидатот на Демократската партија на американските избори, што се оддржаа на 3 ноември, Џо Бајден победи на претседателските избори и во својот трет обид успеа да влезе во Белата куќа, откако речиси половина век од неговата кариера мина во политиката. Тој и неговата потпретседателка Камала Харис мораа да минат низ социјални немири во земјата, 230.000 умрени Американци во пандемијата од коронавирусот, како и многу други тешки кризи. Би-Би-Си издвои пет причини зошто Бајден победи на крајот: Ковид-19 Можеби најголемата причина за победата на Бајден, забележува аналитичарот на британскиот главен јавен медиум, беше целосно надвор од контролата на демократскиот кандидат. Меѓутоа,…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска ќе копретседаваат со состанокот на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес за Западен Балкан, во рамки на копретседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија. Средбата на шефовите на дипломатиите ќе претходи на средбата на врвот на процесот утре во Софија, на кој ќе бидат лансирани новиот Акциски план за воспоставување на Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка Поради ситуацијата со Ковид-19, средбата на министрите за надворешни работи ќе…
Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за одржување на макроекономската стабилност. Од почетокот на пандемијата континуирано ги следиме состојбите и соодветно реагираме во најбрз рок да се ефектуира дадената финансиска поддршка, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук. – Покрај мерките за директна поддршка за исплата на плати, како и директна финансиска поддршка за граѓаните, воведовме мерки за даночни ослободувања и намалување на давачките за компаниите како: намалување на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиски услуги; намалување на стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци; плаќање ДДВ 5 дена…
Одлуката која Владата ја донесе во март за затворање на скијачките центри останува на сила и во текот на зимата. Ова следува по зголемениот број на заразени лица од коронавирус, а епидемиолозите токму зимувањето го гледаат како дополнителен проблем. Од скијачката федерација на Македонија за НОВА велат дека одлуките на Владата од месец март, повторно се објавени во Службен весник на 4-ти ноември, еден ден по одржувањето на владината седница. „Ако Владата смета дека треба да се имплементираат нови мерки кои би се презеле навремено, сепак треба сме 10-ти ноември и има време за тоа. Ски центрите самите се подготвуваат…
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вечерва се обрати на длабоко поделената нација, заложувајќи се за единство и разбирање по четирите години на власт на претседателот Доналд Трамп, кој засега не покажа никакви знаци дека планира да го признае поразот. – Дојде време Америка да се обедини, порача денеска новоизбраниот претседател Џо Бајден во својот прв говор откако беше објавен за победник на изборите во САД. Бајден говорот го одржа во Вилмингтон, Делавер, неговото постојано место на живеење. Неговиот настап вчера се исчекуваше со нетрпение низ цела Америка, откако попладнето илјадници граѓани, претежно млади, се собираа по улиците на големите градови…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов на кој најпрво му посака добро здравје и брзо опоравување од коронавирусот, на што Борисов информираше дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна, соопшти Владата. Во телефонскиот разговор премиерите Заев и Борисов разменија информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес и договорија уште еден телефонски разговор за утрешниот ден на кој ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во…
Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓаните. Сега во надлежното министерство, во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства, истакна на денешната прес-конференција претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ, Милан Живковиќ. Тој нагласи дека ова е сериозен чекор во градењето на фер и праведно општество за сите, сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките. „Преку отворен и инклузивен процес на дебата ќе дојдеме до решение кое ќе…
Исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат од следната недела, најави вчера на прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, откако во Собранието беа донесени ребалансот на Буџетот и законите кои овозможуваат реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата. Бесими не прецизира колку вкупно пари ќе им бидат вратени на граѓаните, но од претходно објавените податоци, станува збор за околу еден милион евра. Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои,…
Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19. Во објава на Фејсбук укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и поради тоа е потребна наша максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. -Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита,…
Македонскиот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи упати честитки за новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. „Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“, порача Заев. Откако пристигнаа резултатите од Пенсилванија, која носи 20 избирачки гласови, американските медиуми го прогласија демократскиот кандидат за победник. Во својата прва објава на „Твитер“ по објавувањето на резултатите, Бајден порача дека ќе биде претседател на сите Американци, без разлика дали гласале за него или не.
-Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ може да биде сигурен дека нема да има сериозна опозиција и ќе продолжат да победуваат дури без да имаат противник на изборите. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе останат разочарани и без алтернатива која ќе биде коректив на лошите политики на власта. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ партиските членови ќе останат без никаква заштита и без перспектива за добивање на можност да се освои власта, велат од Иницјативата за Конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, во која членуваат побеќе екс функционери на опозициската партика. – Со одлуката за бојкот на…
Она што се најавуваше претходниве денови тоа и се случи – ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи свои кандидати за вонредните избори за градоначалници на Штип и Пласница. Таква одлука донел Извршниот комитет на партијата и тој тоа ќе му го препорача на усвојување на Централниот комитет. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во разговор за телевизија Алфа изјави дека „ниедна политичка кариера, најмалку онаа на Заев и Бочварски не е поважна од здравјето на граѓаните“. Одлуката, вели тој ја донеле поради „апокалиптичнара состојба со Ковид-19. Секојдневно броиме десетици луѓе кои го губат својот живот, броиме илјадници наши сограѓани кои на дневна основа…