Author: Нова ТВ
Џо Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави објавија најголемиот број американски и светски медиуми, откако кандидатот на Демократската партија и формално беше прогласен за победник во државата Пенсилванија со што ги надмина 270-те неопходни гласови според електорскиот колеџ. „Америка, чест ми е што ме избравте да ја предводам нашата величествена држава. Работата која е пред нас ќе биде тешка, но ви ветувам ова: Ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не. Ќе ја чувам вербата која ја вложивте во мене“, напиша тој на Твитер набрзо по прогласување на резултатите. America, I’m…
Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска објави дека е почната третата интервенција за унапредување на заедничките простори во студентските домови, заедно со МЕЛЕЕМ Скопје и Здружение на Правници ЛЕГАЛ Тинк. Како што велат од МОФ, тоа е во рамки на проектот за Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија. -Оваа интервенција се случува во Студентскиот Дом „Браќа Миладиновци“ во Штип, по оние спроведени во СД „Пелагонија“ во Скопје и СД „Кочо Рацин“ во Битола, додава Младинскиот образовен форум на Фејсбук.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот, работодавачите можат да аплицираат за финансиска поддршка, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година. Заедно со министерот за финансии, Фатмор Бесими соопштија дека ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно. На новинарско прашање околу компаниите што ја злоупотребија државната помош, Лукаревска соопшти дека на сите компании УЈП им ги блокирала сметките и на…
Министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата информираше за новите финансиски мерки како поддршка за граѓаните на Северна Македонија. Како што истакна Бесими, ќе се овозможи голем број од работниците да ги зачуваат своите работни места и ќе има дополнителни 70 милиони евра за зајакнување на економијата. Ќе следи и поддршка за граѓаните во износ од 6.000 денари и помош за работодавачите за исплата на плати на работниците за месеците октомври, ноември и декември. Овие нови финансиски мерки ќе почнат да важат од 1 јануари 2021 година.
Штета ќе биде доколку Бугарија го запре процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави американскиот дипломат Џејмс Пердју во коментар за одбивањето на бугарската влада да ја прифати рамката за преговори за Скопје, во емисијата „Сабота 150“. „Знам дека е примамливо Бугарија да се обиде да ја искористи својата позиција како членка на Европската унија, додека Северна Македонија се обидува да добие членство. Но, не сум сигурен дали вреди да се создаде непријателство меѓу владите на двете земји и нивните народи. “, рече поранешниот американски амбасадор во Бугарија.
Јазичната разноликост е вклучена во европското право и во повелбата на основните права и во договорот за основање на ЕУ. Соживотот на јазиците во ЕУ е моќен симбол за аспирациите на Унијата за единство преку разноликост, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на Осмата меѓународна конференција „На прагот на иднината: Што по 2020?“, организирана од Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија. Преведувачите и толкувачите, порача тој, се важен линк помеѓу ЕУ и Северна Македонија, уште од првите чекори на земјата на нејзиниот европски пат. – Во Европа јазичната разниликост е дел од секојдневниот живот. Оваа разноликост е…
Според политиките на ЕУ за јазична еднаквост и автентичност, и македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на Унијата во моментот кога ќе станеме полноправна членка
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (ИФИМЕС) преку својата анализа објавува дека на политичката сцена во Бугарија има жесток конфликт меѓу премиерот Бојко Борисов и бугарскиот претседател Румен Радев и конфронтација помеѓу двете водечки партии, владејачката конзервативна ГЕРБ и опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), кои го поддржаа претседателот Радев на претседателските избори. „Во такви околности, бугарските власти почнуваат да ги извезуваат своите бројни домашни политички проблеми кон соседна Северна Македонија, иако тие го потпишале Договорот за добрососедство и стратешко партнерство во 2017 година. Бугарија неодамна поднесе меморандум до членките на ЕУ, официјално насловен како „Меморандум што ги објаснува односите меѓу Република Бугарија…
Состојбата со коронавирусот е крајно сериозна. Бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 секојдневно расте, а болничките капацитети забрзано се пополнуваат. Целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а во функција е ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети. Отсега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19, но, според надлежните, нема потреба да се ангажираат капацитетите на приватните болници. Дополнителни 150 болнички капацитети ќе бидат на располагање на Интерните клиники за третман на пациенти со Ковид-19. Здравствените власти сметаат дека во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции, велат…
Високите соработници на Трамп полека, но сигурно, се оддалечуваат од него, за Си-Ен-Ен наведуваат извори блиски до Белата куќа. Ситуацијата е иста како со вработените во Белата куќа, така и со луѓето од неговата кампања. Веќе не е прашањето само дали ќе го признае поразот, туку што ќе стори подоцна. -Готово е, изјави еден од клучните советници на Трамп. Тој вели дека владата е загрижена за тоа што ќе стори Трамп кога ќе сфати дека изгубил. -Боже. Кој знае, додаде тој. Некои во кампањата, за Си-Ен-Ен изјави советник на Трамп, ја доведуваа во прашање одлуката во кампањата да ги вклучи…
Судијата на Врховниот суд на САД, Самјуел Алто им нареди на изборните комисии во Пенсилванија да ги одвојат гласовите што пристигнале по пошта. Алто привремено го одобри барањето на Републиканската партија во кое се бара судска наредба до сите 67 изборни комисии во Пенсилванија да ги освојат гласачките ливчиња за претседателските избори пристигнати по пошта по изборниот ден, 3 ноември. Уште во пет сојузни држави – Пенсилванија, Џорџија, Невада, Аризона и Северна Каролина не се објавени резултатите од претседателските избори. Во најголемата американска сојузна држава Пенсилванија се зголемува предноста на Бајден, каде од околу 96 проценти од преброените гласови, демократскиот…
Околу 900 ковид-пациенти се хоспитализирани во болниците низ државата. Од 150 пациенти на Инфективна клиника Скопје, дури 130 се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“ три лица се на респиратор. Ќе успее ли нашиот здравствен систем да се справи со овој налет на есенскиот бран? Дали нашата држава има доволно болнички и кадровски капацитет, опрема и материјали да го издржи „цунамито“ Ковид 19? Епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски во анализата за МИА изрази загриженост за здравствените работници, кои, како што вели, се на работ на издржливост. Но, се плаши и дека со ваков огромен притисок на ковид пациенти врз здравствените установи, во блиска иднина може да се случи зголемување на бројот на хронични незаразни заболувања, заради нивната…