Author: Нова ТВ
САД мора да се посветат на поактивна улога на Западен Балкан, координирајќи ги своите политики со своите европски партнери. Тоа го изјави за бугарски медиуми, Мајкл Карпентер, советник за надворешна политика на Џо Бајден. – Мислам дека САД навистина треба да играат поактивна улога на Западен Балкан, но во исто време мислам дека САД треба да ја координираат својата политика со нашите европски партнери. Еден од најголемите недостатоци во администрацијата на Трамп е целосно повлекување од ЕУ. Што се однесува до дипломатијата во регионот и следење на сопствената насока, игнорирање на акцијата на ЕУ, а понекогаш дури и нејзино поткопување,…
Републиканскот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден имаше обраќање во кое нагласи дека иако „се уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна: Ќе победиме во оваа трка”. Бајден ги добива 270-те изборни гласови потребни за да го порази претседателот Доналд Трамп, според проекциите на АП, со критичните Мичиген и Висконсин кои сега одат во прилог на на поранешниот потпретседател. Бајден во моментов е во водство во клучните држави Пенсилванија, Џорџија и Невада, каде продолжи пребројувањето на гласовите. – Погледнете ги броевите на национално ниво. Ќе ја добиеме оваа…
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп порача дека демократскиот кандидат Џо Бајден нема право да тврди дека победил на изборите. „Џо Бајден не треба да тврди дека има право на функцијата претседател. И јас би можел да го тврдам тоа. Правните постапки штотуку почнуваат”, напиша Трамп на Твитер, додека се приближува крајот на пребројувањето на гласовите на американските избори. Трамп прогласи победа ноќта на изборите, но во меѓувреме, гласовите во полза на неговиот демократски противник почнаа да се зголемуваат во некои од клучните држави, вклучувајќи ги и оние во кои Трамп беше во водство. Трамп и Републиканците најавија правна постапка во…
Заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија не може да биде само бугарска историја. Ако нешто е заедничко, тоа не може да биде само ваше. Во исто време, тензиите во последните неколку недели се резултат на грешки на обете страни, а ветото за разговорите со ЕУ ќе биде удар за обете страни. Предолго тапкаме на едно место во нашите односи и се разнишува убедувањето дека Бугарија и Северна Македонија не можат да се вратат во времето кога заради пропагандата кај нас и кај вас толку многу се одалечивме, а всушност сме толку блиски. Ова во интервју за бугарски „Дневник“ го…
На средбата на германското претседателство со ЕУ со владините делегации на Бугарија и на Северна Македонија во понеделникот во Берлин, бил постигнат компромис што Софија подоцна го одбила, изјави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „360 степени“. – Тимовите разговараа пред некој ден во Берлин. На маса биле отворени неколку идеи. Со исклучителен ангажман на двајцата германски министри Хајко Мас и Михаел Рот, според извори од двете делегации, беше најден заеднички договор, рече Пендаровски. Бугарија, сепак, не го прифатила тоа што начелно било договорено од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров и министерот за…
Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се факт и за тоа не треба да се разговара, брифираат од македонската Влада, и по блокадата на Бугарија за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија. Оттаму сметаат дека не е ништо изгубено, а засилената комуникација во идниот период ја гледаат како начин за да се помине и низ оваа препрека. -Денеска на состанок на КОРЕПЕР (постојаните претставници/амбасадори на земјите членки на ЕУ), кој беше воден од германскиот амбасадор, не беше постигната согласност за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, поради…
Во Брисел денеска се одржува дискусија на амбасадорско ниво за преговарачката рамка за С Македонија, како и за Албанија, додека министерскиот совет на кој треба да се носи одлуката е одложен за една недела. „Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка“, објави попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар. „Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен членот 2 од договорот, ние ништо досега не прекршиме. Ова е непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, а…
Кандидатот на демократите Џо Бајден го презеде водството во Џорџија, каде досега се преброени 99% од гласовите во државата. Во меѓувреме, во Пенсилванија, Бајден заостанува само 18.000 гласови зад Трамп со, иако во еден момент заостануваше со повеќе од половина милион изборени гласови. Остануваат да се пребројат гласовите од т.н плаво обоени области, односно аналитичарите сметаат дека огромен број од нив ќе бидат во полза на Бајден. Трамп не може да дојде до неопходните 270 изборни гласови без 16-те изборни гласа на Џорџија и 20-те изборни гласа на Пенсилванија, така што неговите шанси да обезбеди реизбор ќе зависат од развојот…
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет. -Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот. – Има 11,8 милиони заболени во светот, пораст од 46 отсто на бројот на починати во Европа, секаде во светот, во регионот и во Европа состојбата е загрижувачка, дојде до експлозија на вирусот насекаде, рече министерот. Тој го презентираше планот…
Блокирањето на Северна Македонија на патот кон Европската Унија од страна на Бугарија би претставувало голема грешка, бидејќи тоа не само што не им одговара на бугарските национални интереси, туку на долг рок ја ослабува позицијата на Софија во регионот
Причината не се последните дипломатски напори за расплеткување на јазолот што го заплетка Софија, туку фактот што германскиот министер за Европа, Михаил Рот, е во карантин
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопштил дека им дал наредба на граничарите да не ги пуштаат Белорусите во земјата, покрај странците, кои отпатувале во комплицирано време кога станува збор за пандемијата на коронавирус. Не треба да ја увезуваме инфекцијата, објаснил тој. „Му дадов наредба на командантот на граничните сили: Не дозволувајте влез во земјата не само на луѓе со странски пасоши, туку и на оние паметни Белоруси кои ја напуштија земјата во ова тешко време. Не треба да ја увезуваме инфекцијата. И не е важно чиј пасош ја има таа зараза“, изјавил белорускиот претседател на состанокот посветен на ситуацијата во…