Author: Нова ТВ
Осумтемина уставни судии не се договорија да се одлучува за аболицијата на Иванов со која во 2016-та година беа опфатени високи владини и партиски функционери. Аргументите за или против во Уставен се изедначени, 4:4, па уставните судии не можеа да се договорат дали одлучувањето да се одложи за друга седница како што тоа го предложи судијата Осман Кадриу. Доколку уставните судии одлучеа да се поништи членот 11-а, автоматски би се активирала аболицијата за 56 лица, со што во вода паѓаат сите процеси од СЈО против поранешните функционери, Мијалков, Груевски, Јанакиески, Јанкулоска итн. Тие го спорат членот 11-а и до судот…
-Сега е време кога треба да бидеме свесни и совесни, кога мораме да се штитиме себеси и сите околу нас со носење на заштитна маска. Треба да бидеме одговорни и да ги заштитиме ранливите категории, повозрасните и други луѓе кои се во ризик и болеста би ја поднеле тешко или за жал, фатално, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил и додаде дека носењето маска е акт на одговорност и почитување на луѓето. -На тој начин се грижиме за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Ако ги преброите легалните гласови, јас лесно победувам. Ако ги преброите незаконските гласови, губам. Многу ливчиња пристигнаа по затворањето на избирачките места, со задоцнување. Измамен сум, нагласи Трамп во обраќањето
Николовски: Заврши времето на врски, народот не избра да го подобриме системот, законот важи за сите
„Да направиме се да ја вратиме довербата во институциите, да бидеме транспаретни и кога се ќе се знае ќе се намали и корупцијата, да немаме предмети што се чуваат во фиоки, да не биде за административна работа граѓаните да бараат заобиколни патишта преку врски, да ги скратиме процедурите, да ги скратиме дискреционите права, да ги скратиме непродуктивните трошоци, туку да инвестираме во развој. Сето ова значи да ги подобриме институциите и да ја вратиме довербата на граѓаните во нив. Знам дека криминалот и корупцијата јадат добар дел од БДП и никој не успеал да ја добие таа битка, но важно…
Дополнително, обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава, напиша Заев на ФБ.
„Заштитата на јавното здравје е наш врвен приоритет. Во состојба кога драстично се зголемуваат бројките на заболени лица од коронавирусот, кога веќе е оптоварен здравствениот систем, кога медицинските работници се изморени, кога јавната свест кај целата опозиција и кај некои поединици отсуства, потребно беше да смениме нешто во делот на контролата за почитување на здравствените протоколи. На сите им стане јасно, дека нема толеранција за прекршителите на протоколите. Со новите измени на Законот за заштита на здравјето на наслението од заразни болести, сите инспектори добиваат нови поголеми надлежности. До сега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува…
Одлична вест доаѓа за граѓаните во нашата земја затоа што судската такса се намалува и до дури 8 пати, па сега оние на кои не им беше пресудено во нивна корист можат да поднесат тужба и да се жалат и на тој начин да дојдат до својата правда, нешто што претходно беше прескапо па луѓето не се осудуваа да покренат постапка, „Не одам по судови, ќе си платам колку треба, ѓавол и пол ќе ме чини ако се жалам“, се жалеа луѓето кои беа финансиски немоќни пред високите судски такси кои чинеа и до 48.000 денари, за разлика од сега…
Струшко Велешта во црно по загубата на Неџип Вренези, момчето кое што беше убиено во терористичкиот напад во Виена. 20 годишното момче е родено и пораснато во Виена, Австрија, но никогаш не му било тешко да дојде во татковината на одмор. Неџип завршил Воена академија и ден пред напаѓачот да му го одземе животот, добил вест дека е пример на работа. Ова е неговата куќа во Велешта. Таму ја најдовме тетката на Неџип која низ солзи и болка раскажуваше за нејзиниот внук. Според неа, Неџип излегол во еден локал со другарите за да го прослави вработувањето бидејќи требал да започне…
Сè уште се размислува за судбината на „Македонска пошта“, односно дали таа ќе биде приватизирана или пак склучен договор по принципот на јавно-приватно партнерство. Од Владата најавуваат дека во 2021 година ќе има конечна одлука. Пошта е само еден од загубарите за кои Владата ќе треба да најде решение. Со години се натрупуваат само долгови, а тоа беше и потврдено со објавата на последниот ревизорски извештај. Вицепремиерот Битиќи, вели дека процесот е започнат, но одлука нема. „Моделот кој ќе биде избран е јавно-приватно партнерство или евентуално приватизација. Станува збор за процес кој што само што е почнат. Мислам дека во…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство за гоненење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки“, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице. Од Обвинителство информираа дека по спроведена севкупна предистражна постапка, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки,…
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Иницијативата за свикување вонреден конгрес денеска го обвинија претседателот на партијата, Христијан Мицкоски дека се бори само за неговата фотелја, а не и за интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. „Мицкоски кукавички одлучи да бега од изборно соочување во Штип, препуштајќи го без борба вмровскиот бастион на истокот. Неговиот повик за одложување на изборите не е ништо друго освен страв од сопствената неспособност и комплексите кои ги има од загубените битки со СДСМ. Да му беше барем малку важно како живеат штипјани овие неполни четири години или да го интересираше притисокот со…
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг. Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „да му се суди на еден претседател на Косово“ и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг. „Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. (…) Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд…