Author: Нова ТВ

Постојаните претставници  на земјите членки во Европската унија расправата за преговарачката рамка за Северна Македонија ја одложија за в петок, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел. Имено, КОРЕПЕР, како што скратено се нарекува Kомитетот на амбасадори на земјите членки на унијата кој вообичаено ги подготвува одлуките за министрите, требаше денеска да расправа за можноста за отворање на пристапните преговори со земјава. Меѓутоа одлуката за одложување, како што се дознава, е донесена за да се овозможи простор за дипломатски напори кои се водат на релација Берлин-Софија за да се убеди бугарската страна да не го блокира отворањето на…

Read More

За импактот од изборниот резулат во САД на состојбите на Балканот, Борјан Јовановски разговара со поранешните министри за надворешни работи на Србија и БиХ, Вук Јеремиќ и Игор Црндак и аналитичарот од Црна Гора, Љубомир Филиповиќ.

Read More

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ) смета дека Бугарија наметнува пристап во кој процесот на пристапување би го претворила во процес на промена на идентитетот. Вели дека ние мораме да бидеме и цврсти и јасни дека сме подготвени за објективен процес на исполнување стандарди за пристапување во ЕУ, но не и за негова злоупотреба за ирационални цели, спротивни токму на тие норми и стандарди. -Ако ние сега направиме суштествена отстапка, таа може да води кон друго уште поапсурдно барање, друга отстапка, и така до недоглед, оценува Ристевска Јорданова за МИА. Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот центар…

Read More

Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа, соопшти денеска Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче, како што посочуваат оттаму, имаше средба со директорите на Клиниките. Обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид. – Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно одделени се…

Read More

Се пребројуваат гласовите од претседателските избори во САД. Посебно се важни гласовите во т.н. „колебливи“ држави, каде однапред не се знае победникот, за разлика од традиционално демократските или републиканските сојузни држави. Претседателот на САД, Доналд Трамп го победи демократскиот кандидат Џо Бајден во Охајо, една од клучните држави, покажуваат податоците засновани на 94 проценти од преброените гласови. Според „Фокс њуз“, Трамп освоил 53,5 проценти од гласовите, додека Бајден 45,1 проценти од гласовите. Трамп освои повеќе од три милиони гласови, а Бајден повеќе од два и пол милиони гласа. Победникот на изборите во Охајо има 18 изборни гласови од 270, што…

Read More

Обвинителството за злосторства на ОВК во Хаг во моментов спроведува операција во Приштина, во соработка со ЕУЛЕКС и косовската полиција, изјави утрово портпаролот на обвинителството, Кристофер Бенет. – Операцијата на Специјалното обвинителство во Приштина е во тек. Операцијата на Специјалното обвинителство се спроведува со поддршка на косовската полиција и Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС). Детали ќе бидат објавени наскоро, се нагласува во соопштението на Бенет. Кон крајот на февруари, Обвинителството објави дека поднело обвинение против неколку поранешни припадници на ОВК. Потоа, на крајот на април, главниот обвинител Џек Смит објави дека поднел обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот…

Read More

Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат. Според соопштението на партијата, Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница. „Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје. Предлогот на Извршниот одбор за…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорот е дел од дипломатските напори на Берлин за цел приближување на ставовите на Скопје и Софија со цел одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ и официјален старт на преговорите на Северна Макеоднија за време на германското претседателство, по најавите за вето од страна на Бугарија. Зав  вчера изјави дека по завчерашниот разговор во Берлин на шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров со бугарската министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, има оптимизам и треба да има оптимизам во однос на решавање на прашањето…

Read More

Ребалансот на буџетот, насочен кон поддршка на граѓаните и стопанството од последиците од ковид-кризата, вечерва ја доби поддршката во Собранието. За гласаа 55 пратеници, против немаше, воздржани 26 пратеници. Неговото носење ја отвора можноста за реализација на четвртиот пакет мерки од 470 милиони евра, насочени кон граѓаните и економијата. Според министерот за финанси Фатмир Бесими кој го образложи предлогот пред Собранието рече дека ефектуирањето на Четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на овој ребаланс и дека со него се обезбедуваат средства за реализација на мерките. Со ребалансот се предвидени 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вонредно обраќање до јавноста, соопшти дека сето тоа што го говорел дека постои барање за Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, било потврдено денес од бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов. „Тој денес потврди дека е потребен нов анекс на Договорот, во кој ќе бидат вклучени максималистичките и неевропски барања, кои беа содржани во Меморандумот на Бугарија. Предупредив за ова, но власта не се грижеше воопшто“, вели Мицкоски. Тој побара обединување на македонската нација по ова прашање. „Нема преговарање за корените на македонскиот јазик и ги предупредувам егзибиционистите во оваа влада да не се дрзнуваат…

Read More

Постои оптимизам во решавање на отворените прашања со Бугарија, тоа го видов и во обраќањето на Захариева и кај Бојко Борисов, истакна премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во Дневникот на Телевизија Сител. – Добредојдена е помошта од Германија и благодарни сме за таа помош.Се бара решение двете страни сакаат решение да се најде.Драго ни е што средбите меѓу работните групи, средбите контактите меѓу министрите даваат резултати. Бугарија го врати докусот на ЕУ кон западен Балкан, порача Заев. Во однос на името на државата и јазикот, премиерот Заев посочи дека во овој момент може да се најде решение за сите…

Read More