Author: Нова ТВ
„Граѓаните може да сметаат на државата, и не само граѓаните, туку и фирмите. Овој последен пакет економски мерки е надополнет со музичари, приватни превозници, приватни градинки… И во иднина ќе има и петти пакет економски мерки, едноставно сакаме да обезбедиме услови за работа. Сакаме да ги заштитиме работните места и да внесуваме свеж капитал во економијата. Некои компании работтат профитабилно, како маркети, аптеки и слично. Најтешко им е на оние кои целосно се затворени. Тоа се пакети со солидарност, затоа ќе успееме.“- охрабри премиерот Зоран Заев на гостувањето во вестите на Сител. Ваквата оптимистичка прогноза ја темели врз здравата кондиција…
Владата ја прифати иницијативата за денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. Заев додаде дека го задолжиле Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. „Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, додава Заев.
Владата ја прифати препораката и одлучи да го скрати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот: Оваа одлука, објави премиерот Заев, важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид. Покрај одлуката за затворање на овие објекти порано, Владата донесе одлука и за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот. Од Илинденска испраќаат и препорака, граѓаните да не се движат по 21:00 часот на јавен простор…
Европскиот суд за човекови права, во септември 2020 донесе пресуда со која ѝ се наложува на Република Северна Македонија да му исплати надомест за штета во висина од 3000 евра на Никола Гелевски, поради повредено право на слобода на изразување. Пресудата од Стразбур е поради повредено право на слобода на изразување на Гелевски. Ова уставно загарантирано право на Гелевски му го повредиле првостепениот, Апелациониот суд, но и Уставниот суд, бидејќи и таму поднел претставка против пресудите против него, а по тужба за клевета од тогашниот бизнисмен и новинар Драган Павловиќ-Латас. Судскиот процес траеше околу една година, а Павловиќ, пред македонските судови, во време…
Јакнењето на радикализмот и демагогијата, падот на економијата, сиромаштијата и невработеноста како последица на историските стресови – сето она што во рамките на „новата нормалност“ може да му се случи на преплашениот развиен свет, тоа на нас новонормалните ни е мачја кашлица, која веќе многупати до сега сме ја искашлале. Новата нормалност значи е нешто сосема нормално во светот во кој ние живееме.
Уште една жртва им подлегна на повредите по терористичкиот напад во Виена, па бројот на загинатите се искачи на четири, не сметајќи еден од напаѓачите убиени од полицијата, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за новинската агенција АПА. Четвртата жртва е жена на возраст од 40 до 50 години, која починала во виенска болница. Седум лица се во животна опасност, објави АПА. Вкупно има 17 лица во повеќе болници кои претрпеле повреди од истрели или посекотини, а 10 лица се во состојба на шок. Напаѓачот беше убиен од полицијата во понеделникот вечерта. Тој беше симпатизер на Исламската држава,…
Граѓаните кои вчера се тестирале на ковид-19 со брз тест преку Здравствениот дом Скопје ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени. Ова денеска го соопшти Министерството за здравство појаснувајќи дека Здравствен дом набавил 4 илјади брзи тестови кои требаше да чинат по 1 000 денари, а термините за тестирање да се закажуваат преку Мој Термин. Но откако земјава доби донација од 13 илјади брзи тестови, Здравствен дом договорил со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се користат само донираните тестови кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. „Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата…
Не можеме да ги затвориме очите и да се преправаме дека не гледаме дека има проблеми со спроведувањето на договорот со Македонија. Сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија
„Наша цел во овој мандат е да донесеме целосна трансформација и европеизација на Република Северна Македонија. Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда, а оптимизмот за стабилен политички период доаѓа од остварувањето во претходниот мандат, во кој покажавме дека може да се обезбеди повисок економски раст, кој создава нови работни места, да обезбедиме повисоки плати, да се постигне историски најниска невработеност, а минималната плата да се зголеми за дури 60 проценти, од 9.000 денари на 14.500 денари за нецели три години“, истакнува премиерот Зоран Заев во…
Барањето за повторување на постапката Рамковски го поднел до Основниот кривичен суд Скопје, од каде за „360 степени“ велат дека веќе е обезбедено мислење од обвинителството и дека случајот е на одлучување пред надлежен кривичен совет Ноќта на 25 ноември 2010 година полицијата упадна на „Перо Наков“ 60, адресата на која се ноаѓаше А1 телевизија. Првичното објаснување е – асистираат во контрола за финансиски злоупотреби во фирмите на Велија Рамковски, иако во тоа време од денот работат само новинарите. „Тие беа добро организирани настани од криминално-злосторничката организација која ја направи Груевски“, смета Рамковски. Еден месец подоцна Рамковски е приведен, а…
– Премиерот Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочувство до австрискиот канцелар Себастијан Курц за жртвите и нивните семејства. – Шокантни вести пристигнуваат од Виена, во време кога треба да стоиме обединети и да градиме солидарност. Јас силно ги осудувам терористичките напади и секое дело на насилство. Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, луѓето во Виена и мојот пријател Себастија Курц, напиша Заев на својата официјална страница на Твитер.
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер синоќа изјави дека е убиен еден напаѓач, кој го изврши терористичкиот напад во Виена, и дека полицијата во моментов трага по барем еден соучесник. – Ова е најтешкиот ден за Австрија во последните неколку години. Се соочуваме со терористички напад, со обем што Австрија досега не се соочила, изјави Нехамер на вонредна прес-конференција. Тој нагласи дека специјалните полициски единици успеале да елиминираат еден тешко вооружен терорист и дека, според последните информации, барем уште еден напаѓач е во бегство. Поради тоа, тој апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови, доколку тоа…