Author: Нова ТВ
Советот на амбасадори соопшти дека ја смета за непристојна заканата на Бугарија со евентуално блокирање на патот кон членството во Европската унија ако С. Македонија не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, како што бараат некои извори. Од Советот на амбасадори нагласуваат дека вистината за посебноста на македонскиот народ и македонската нација се наоѓа во светските архиви во кои се чуваат документи и факти кои се предмет на обработка од страна на историчарите и во никој случај не може да биде предмет на пазарење од која било страна. – Во последните денови на неприфатлив начин се доведуваат…
Најостро демантирам, ниту фирмата аплицирала некогаш на тендер на Општина Штип, ниту добила тендер од Општина Штип, откако станав градоначалник. Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата. -СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас. -Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во “белата палата”, а во меѓувреме од Арсовски барам да се извини во спротивно ќе ги употребам сите правни механизми вклучувајќи и тужба за клевета, напиша на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводен скандал во…
Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против Ковид-19. Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од #СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети, објави вечерва премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил. Посочува дека состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа, нагласува, како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем, кој со месеци е во борба со пандемијата од Ковид-19. – Следната година следува зголемување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да…
Министерството за здравство информира дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19. Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1800 теста, од кои само 1310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот. За потсетување, на почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се…
Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата, порачува премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил. -Јас #НосамМаска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен, напиша премиерот. Порача сите редовно да носиме маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со КОВИД-19.
Упатства за нов демарш до Турција, дал министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по новата турска навигациска информација (Навтекс) за сеизмички истражувања, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека новата турска навигациска информација за периодот од 1 до 14 ноември опфаќа дел од грчкиот континентален гребен и „уште еднаш потврдува дека Турција продолжува да ги игнорира основните правила на меѓународното право“ и ја повикуваат Анкара да ја отповика издадената Навтекс. -Овие активности одново покажуваат дека Турција продолжува да дејствува спротивно на повиците на меѓународната заедница, вклучувајќи…
Претседателските избори во САД се одржуваат идната недела, на 3 ноември. За функцијата шеф на државата се борат актуeлниот претседател, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден. Традиционално, изборите во САД се одржуваат во првиот вторник од првата недела на ноември, во многу држави неработен ден. Годинава, силите ќе ги одмеруваат 74 годишниот Доналд Џон Трамп, со неговиот потпретседател Мајк Пенс, и три години постариот демократски кандидат Џозеф Робинет Бајден-помладиот, со првата во историјата Афроамериканска потпретседателка, Камала Харис. Електорни колегиуми (Изборен колеџ) Претседателот на САД не се избира со непосредно гласање туку од колеџи (колегиуми) на електори. Кога гласаат, жителите…
Земајќи го предвид фактот дека Скопје е во котлина и со познатите метеоролошки услови кои ја ограничуваат дисперзијата на емисиите и ги олеснуваат хемиските реакции со кои се создаваат секундарни честички, ќе продолжиме да се соочуваме со смог додека не го смениме начинот на греење, не ја модернизираме мобилноста и не ги контролираме подобро индустриските емисии, истакна во интервјуто за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. -Влегуваме во грејната сезона кога настанува и температурната инверзија. Според анализите што ги имаме, забележани се неколку дена со благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 на одредени мерни…
Следниот ден откако ќе биде усвоен ребалансот на Буџетот, Министерството за економија ќе почне со реализација на мерките за финансиска поддршка согласно Четвртиот сет на мерки кој што го донесе Владата, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Министерот во интервју за Телевизија Алфа, потенцираше дека ребалансот на Буџетот не доцни и финансиската поддршка која што ја предвидува Владата во Четвртиот сет навреме ќе стигне кај најпогодените компании и граѓани. -Следниот ден откако ќе биде усвоен ребалансот на Буџетот, Министерството за економија ќе ги објави сите мерки кои што се во наша надлежност, посебно за најпогодените сектори како што се туризмот,…
Ризикот за пренесување на вирусот е значително висок во затворена просторија што не се проветрува и со голем број луѓе кои не носат маска, вели министерот за здравство Венко Филипче. –Вирусот секогаш се пренесува преку близок респираторен контакт. Тоа значи дека капките, солите што излегуваат од усната шуплина за време на зборувањето се практично капките преку кои што вирусот се пренесува. Врз основа на начинот на пренесување на вирусот практично се демензионирани и препорачани и превентивните мерки, посочил министерот, како што објави на својот фејсбук-профил, во емисија на ТВ 21. -Тоа, како што додава, не се работи кои што се…
Познатиот политички научник и директор на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнас, ја обвини Бугарија дека го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот со најавата за блокада на Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Барањето на Софија и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и македонскиот јазик имаат бугарски корени го осуди како апсурдно. „Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, заканувајќи се со ‘тензии’ ако не го направи тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа…
Спасувачките екипи пребаруваа низ бетонски блокови и урнатини во саботата откако најмалку 27 лица загинаа и стотици беа повредени кога силниот земјотрес во Егејското Море урна многу згради во турскиот град Измир и создаде морски бран на најмалку два грчки острови. Турскиот орган за катастрофи и вонредни состојби (Афад) соопшти дека земјотресот во петокот, со јачина од околу 7,0 степени, се случи во 14,51 часот по локално време, со 407 последователни потреси забележани преку ноќ. Пријавени се околу 800 повредени лица. Рано во саботата, присутните се радуваа додека спасувачите го извадија тинејџерот Инџи Окан од урнатините на уништениот станбен блок…