Author: Нова ТВ

Во време кога земјата се соочува со зголемен број на заразени со Ковид-19 училиштата да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи, повикува Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија во писмена изјава до медиумите. -Кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори. Она што со сигурност го знаеме е…

Read More

Илјадници демонтранти од цела Полска вчера се собраа во Варшава на најголемиот протест во земјата против одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана на абортусот. И покрај строгите правила кои го ограничуваат собирот на повеќе од пет лица поради пандемијата со корона вирус, демонстрантите поминаа по централната улица на Варшава носејќи црни чадори, симбол на протестот за правото на абортус и транспаренти на кои меѓу останатото пишуваше и „Господ е жена“. Јавниот обвинител најавил дека ќе поднесе кривични пријави против организаторите на протестите поради “предизвикување на епидемиолошки закани”, за што е предвидена казна затвор и до осум години. Клементина…

Read More

Претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20  отсто со идниот крак од Грција преку Северна Македонија па се до Косово со што стануваме транзитна земја. Ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги Марко Бислимоски на он-лајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ). Како што соопшти РКЕ тој пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична…

Read More

Подготвеност за помош до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, изрази министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, преку неговиот официјален „Твитер”,  по земјотресот на Самос. Паралелно, Османи изрази и жалење и сочувство за загинатите на грчкиот остров. -По разорниот земјотрес во Егејското Море, со тага ја примив веста за загубата на животите на Самос, Грција. Сочувство до семејствата на загинатите. Никос Дендиас и Милитиадис Варвициотис, подготвени сме да помогнеме, напиша доцна синоќа Османи. Подготвеност за помош, шефот на македонската дипломатија, претходно изрази и до неговиот турски колега…

Read More

Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер изрази сочуство за жртвите од земјотресот што го погоди реонот на турскиот град Измир. – Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција. Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците, наведува Заев во објавата напишана на македонски и на турски јазик.

Read More

Управниот одбор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност донел одлука да ја разреши Лидија Димова од директорската функција. Ова следи откако Јавното обвинителство против неа и уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција. Петте членови на УО сега треба да најдат нејзин наследник, односно в.д директор на Агенцијата.

Read More

„Да имаше толку хоспитализирани и починати колку што имаме периодов, ниту една држава нема да може да се справи со сместувачки капацитети за пациентите. Ова е опасно заразување, да не се занесуваме. Сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување.“- зборуваше Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести на телевизија Канал 5. Во контекст на намалување на заразата здравствените власти донесоа нови мерки чии резултати од почитувањето ќе се знаат за три до четири недели. Според Караџовски само доследно почитување на мерките може да се очекува намалување на бројот за заразени.…

Read More

Лидерите на Србија, Албанија и Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година. Активностите на иницијативата за регионална соработка беа одложени поради пандемијата Ковид-19 и изборите во земјава и во Србија. -Тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција – информираат од Влада. Заев, Вучиќ и Рама се согласија за отворени граници без ПЦР-тестови. Тоа би се реализирало најдоцна до 10 ноември годинава, а во меѓувреме во пресрет на…

Read More

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, беше дел од говорниците на Форумот за канабис каде што се дискутираше за можностите, политичката волја и ангажманот на граѓанските организации во процесот на декриминализација и легализација на канабисот. Тој нагласи дека СДСМ ги следи европските процеси, се модернизира и настојува да отвори дебата за сите теми за кои постои интерес кај граѓаните. „Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив.…

Read More

Системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, денеска на скопскиот аеродром примија донација од 60 респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија, во вредност од над 1,4 милиони евра. Тројцата министри изразија благодарност за помошта, која, како што рекоа, е суштинска и неопходна во ова време на пандемија, а воено ја покажува солидарноста на Алијанската со една земја членка на НАТО во моменти кога таа и е најпотребна. – Денеска можеме да видиме зошто беше многу важно Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да видиме како овој Сојуз…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска одржа состанок преку видео конференциска врска со неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на кој е реафирмирана иницијативата за подобрување на напредната регионална соработка во рамки на Берлиснкиот процес, започната минатата година. Како што јави дописникот на МИА од Белград, кабинетот на Вучиќ соопшти дека на средбата е констатирано оти иницијативата е целосно во согласност со Берлинскиот процес и дека претставува добра основа за претстојниот Самит на лидери на Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија. Активностите на иницијативата за подобрување на регионалната соработка беа одложени заради пандемијата КОВИД-19, како…

Read More