Author: Нова ТВ
Не сакаме да бидеме пренесени „жедни преку вода“ и да добиеме трошки, а бизнис секторот да добие се. Не може вие да сте бизнисмен со милион евра и оргомен број растенија, а јас со три грама канабис да бидам криминалец. Тоа е аспурдно, парадоксално и недозволиво. Вака денеска на прес-конференција Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ образложи дел од своите десет барања и го најави Првиот македонски канабис форум на кој ќе се продискутира состојбата со канабисот во земјава од повеќе аспекти. Според „Билка“, извршната власт е наглува за нивните барањата. -Канабисот да го препишуваат и лекари од приватното…
Земјотрес со јачина од 6,6 степени денеска го погоди турскиот град Измир. Најмалки четири лица загинале и уште најмалку 120 се повредени. Според бирото за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот се случил во 15 часот на длабочина од 16,5 километри во областа Сеферихисар. „Пет згради се урнаа во областите Бајракли и Борнова“, рече во телевизиска изјава министерот за животна средина и урбанизам, Мурат Курум, додавајќи дека штетата сè уште се проценува. Земјотресот се почувствува во околните градови, како и во најголемиот турски град Истанбул, околу 540 километри на север, објави државниот радиодифузер ТРТ. Телевизијата прикажа снимки од…
Бугарскиот портал „Медијапул“ напиша денес дека Скопје категорично ја одбило понуддата на Софија според која Бугарија треба да го прифати македонскиот јазик и идентитет, но Македонија да признае дека тие имаат бугарска основа.Така, оценува медиумот, станува сè поверојатно дека Бугарија ќе го блокира усвојувањето на рамката за преговори на Северна Македонија следниот месец и првата меѓувладина конференција планирана за декември. Медиумот ја цитира изјавата на премиерот Зоран Заев во која вели дека „ние нема да преговараме за идентитетот на Македонците и македонскиот јазик, бидејќи тоа се нашите црвени линии “. Уште повеќе се пренесува пораката на премиерот дека тој очекува…
Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот на ЕУ да донесе одлука, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со неговата бугарска колешка. Веројатно ќе има средба уште идната недела, но, посочи тој, се уште е рано да се каже за форматот и местото. – Се обидуваме да најдеме начин да се видиме. Сигурно, да не беше пандемијата досега ќе се гледавме неколку пати, иако ние сме во постојана комуникација со министерката.…
– Постојат многу шпекулации во медиумите за многу теми. Не сметам дека е корисно да додавам кон тие шпекулации, но тоа што е важно е дека треба да продолжи дискусијата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан како ја коментира објавата на „Политико“ за наводно постигнатиот консензус во ЕУ околу бугарските барања за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Сега, посочи тој, треба да се постигне договор за преговарачката рамка како една референтна точка во преговорите за пристапување во ЕУ и потоа ќе можеме да ја имаме меѓувладината конференција за да го започнеме самиот процес. – Се надеваме дека тоа ќе…
Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина мерката притвор и определи мерка куќен притвор. „ Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува. Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор“ соопшти Кривичниот суд. Бојан Јовановски во моментов, според информациите од неговиот…
Претседателот Стево Пендаровски се обрати на отворањето на онлајн конференцијата посветена на високото образование во регионот на Западен Балкан, на тема „Заеднички вредности, способности и одржлив развој”. Евентуална блокада или одложување на почетокот на преговорите би било голема грешка или голем неуспех, пред сè на ЕУ и на германското претседавање, кое е многу ангажирано во поддршка на земјите од Западен Балкан”, нагласи Пендаровски. Пандемијата со ковид-19 нè потсети на тоа кои се нашите заеднички вредности. Во демократскиот свет во кој живееме, општо е прифатено дека тие вредности се владеењето на правото, демократските политички вредности, функционалните институции и културата на дијалог.…
Габриел Бајрам, синот на Амди Бајрам, е негативен на тестот за ковид-19. Тој на социјалните мрежи го сподели тестот што го направил во една од приватните лаборатории и резултатот е негативен. Семејството на Бајрам се тестираше на новиот коронавирус откако постмртно земениот брис се покажа дека Амди бил позитивен на ковид-19. Поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам, почина на 64-годишна возраст. Лидерот на Сојузот на Ромите, кој имаше проблеми со срцето бил донесен починат во болницата „Жан Митрев“, потврдија за Фокус од болницата. Посмртно ќе му биде направен и тест за ковид 19, за што му е земен брис. Тој минатата недела…
Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј истакна дека смртта на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије денеска e еден од најтажните денови. „Ова е еден од најтажните денови за нашата црква. Голема загуба и голема жалост. Отиде еден добар човек и врвен теолог. Не го очекувавме тоа, се надевавме дека ова добро ќе заврши. Нека Бог му дари вечно блаженство. Лишени сме од голема личност“, посочи патријархот Иринеј за Нова.рс. За потсетување, Митрополитот Амфилохије почина утрово во Клиничкиот центар во Подгорица.
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил изрази сочувство по повод смртта на македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чевревски, кој почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. – Со искрено жалење ја примив веста за смртта на истакнатиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент, Данчо Чеврески, чии уметнички остварувања оставија важен и траен белег во театарот и македонската кинематографија. Данчо, ќе остане запаметен по својата богата и плодна филмска и театарска кариера, за која говорат и многубројните награди, а како последен сведок е и минатогодишната „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на телевизијата, вели…
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во Република Албанија имаше состанок со Зеф Мази, шеф на преговарачкиот тим за интегрирање во ЕУ и национален ИПА координатор, како и со заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја. Милевски и Мази, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, разговараа за приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамките на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година како и искуствата од досегашната имплементација на ИПА II. Тема беа и потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од претпристапните фондови на Европската Унија, наменети за…
Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418.644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор. Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278.469 милиони денари, од нив денарски се 145.806 милиони денари, а во странска валута 132.663 милиони денари. Кај корпоративниот сектор вкупните депозити изнесуваат 112.505 милиони денари, од кои поголемиот дел се денарски во износ од 79.641 милион денари, а во странска валута 32.865 милиони денари. Во земјава денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето – 30 Октомври. Граѓаните имаат доверба во банките,…