Author: Нова ТВ
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео-конференциска врска ја оствари првата официјална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на која дискутирале за евроинтеграциите на Северна Македонија и реформите во областа на владеењето на правото и правосудството. Како што соопштија од Министерството за правда, министерот Маричиќ истакнал дека покрај сите премрежија, очекува првата Меѓувладина конференција за официјален почеток на преговорите со ЕУ да се одржи до крајот на 2020 година, а дека тој процес значително ќе влијае на развојот на Северна Македонија и темпото на реформите во сите области. Според министерот Маричиќ, позитивниот Извештај на Европската комисија, претставува силен…
Последниот извештај на Заедничкиот истражувачки центар (ЗИЦ) на Европската Комисија (ЕК) покажува дека демократските столбови на ЕУ се „под притисок“ на влијанието на социјалните мрежи врз политичките ставови и однесувања, јавува дописничката на МИА од Брисел. Поларизацијата на политичките дебати под влијание на алгоритмите на социјалните мрежи ги загрижува европските власти. Според најновото истражување на ЗИЦ, ова го загрозува демократскиот карактер на европските општества, иако социјалните мрежи играат важна улога за поголема видливост на малцинските и ранливите групи. Речиси половина од Европејците ги користат секојдневно социјалните мрежи, кои станаа и клучен извор на информирање. Авторите на извештајот идентификуваат четири „точки…
Министерството за образование и наука смета дека протоколите за зашита на здравјето ефикасно се спроведуваат во уличиштата бидејќи, според пресметките, помалку од еден процент од учениците и кадарот се заразени со коронавирусот
ВМРО-ДПМНЕ и денес излезе со соопштение во кое обвини дека министерот за здравство Венко Филипче потфрлил бидејќи секој трети тестиран во Македонија вчера имал Ковид. Ваквото обвинување дојде во пресрет на денешната расправа во Собранието за Законот за заштита на јавното здравје за кој ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да го гласа, но ќе обезбеди кворум, за да вчера се премисли и излезе со свој предлог за формирање нова комисија за справување со епидемијата бидејќи според нив оваа премногу и служела на политиката, што е најава за блокада на новите мерки со кои треба да се спречи наглото ширење на епидемијата.…
Доктори кои се заразени со корона вирус во белгискиот град Лиеж замолени се да продолжат со работа за да се избегне здравствен колапс. Четвртина од здравствениот персонал во Лиеж се заразени со корона вирусот, а денеска десет болници во тој град од заразениот персонал побара да продолжи со работа доколку немаат никакви симптоми, пренесе Би-би-си. Лидерот на белгиското Здружение на медицински синдикати, доктор Фелипе Девос, вели дека немаат избор ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем во рок од неколку дена. Девос вели дека постои ризик заразените медициснки лица да заразат други пациенти, но дека ситуацијата е сериозна и…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска и утре престојува во работна посета на Франција во, како што нагласуваат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), исклучително важен момент за Северна Македонија во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Париз. За време на посетата на Париз, прва по формирањето на новата Влада, предвидени се средби на Димитров со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи Клеман Бон, претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција Жан-Франсуа…
Ребалансот на Буџетот со вградени амандмани и од комисиската расправа во Собранието се очекува до наредната недела да биде усвоен и да почне имплементацијата на мерките од четвриот сет. Дополнетиот текст вчера на седница го усвои Владата и го испрати до Собранието, каде се очекува дебата на пленарна седница. -Дебата во собраниската Комисијата беше конструктивна. Беа прифатени девет амандмани кои беа во насока на ковид мерките. Прифатен е и амандман од опозицијата кој се однесува на 1000 деца без родители да добијат ваучери од 6.000 денари. Ребалансот има зголемување во однос на претходниот и на буџетот. Денес е пратен во…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е позитивен на ковид-19, објави доцна во понеделник навечер лично тој на неговиот фејсбук профил. Спасовски напиша дека „и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид 19“. Спасовски објави дека клиничката слика му е добра, дека има благи симптоми и веќе е во домашна изолација.
Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција посочи дека просечно околу 80 отсто од потврдените случаи се асимптоматски. „2-4 отсто завршуваат на клиника со воспалителен процес на белите дробови, додека пак 1-4 отсто завршуваат на респираторна машина“, посочува Караџовски. Тој дополни дека имаат 50-60 студенти во петта и шеста година на медицинскиот факултет. „Ги ставивме сите во функција. Ние немаме 500-600 луѓе кои ќе можеме да ги вклучиме во работата. Здравствените работници се при крај со силите. Ве молам, дајте да ги почитуваме мерките, финансиски ќе издржиме, но не знам колку ќе можеме да…
Се соочуваме со силен бран на Ковид-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил објави видео порака во која вели дека ја прифаќа препораката дадена во рамки на Меѓународната недела на медиумска писменост да се размисли пред некоја содржина да се сподели, бидејќи, како што нагласува, споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици. – Ја прифаќам препораката да размислам пред да споделам, како иницијатива по повод Меѓународната недела на медиумската писменост. Споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици. Да се здружиме и да ги запреме дезинформациите онлајн, напиша премиерот Заев на ФБ.
Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8 ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид-19. Во план е и во Болницата во Козле да се прошират капацитетите и да се отвори нова лабораторија. На состанокот не се доставени нови рестриктивни мерки од комисијата, но рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови. Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски за денеска во 13 часот закажаа прес-конференција.