Author: Нова ТВ
Во рамките на Законот за финансиска поддшка и инвестиции Владата потпиша договори со 48 компании кои решија да инвестираат во услови на криза. Се работи за 38 нови договори и 10 анекс договори. Вкупниот инвестициски циклус изнесува 53,4 милиони евра од кој 29,4 милиони евра по основ на нови 38 договори. Овие компании се очекува да отворат 498 нови работни места и да ја зголемат конкурентноста на домашната економија. -Jа поздравувам одлуката на овие 48 компании кои решија да имаат нови инвестиции со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми…
Работни групи од Северна Македонија и Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи потврдувајќи дека се подготвува дополнителен анекс на овој документ. Османи истакна дека за време на неговата посета на Софија било разговарано за разликите од очекувањата и различните интерпретации на одредени решенија од Договорот и како да се олеснат одредени решенија. -Констатиравме дека имаме разлики во нашите очекувања во однос на тоа колку досега тој Договор дал резултат во однос на прашањето за кое што беше наменет…
Предвременото гласање за претседателските избори во САД на 3 ноември веќе го надмина нивото забележано пред четири години, во 2016 година, се наведува во вчера објавеното независно истражување. Девет дена пред изборите, американскиот институт УС Елекшн Проџект основан при Универзитетот на Флорида, објави дека до вчера гласале 59 милиони граѓани. Во 2016 година, предвреме гласале 57 милиони граѓани, лично или преку пошта, објави веб-страницата на Комисијата за изборна помош на САД. Оваа година милиони Американци гласаа предвреме загрижени поради продолжувањето на пандемијата на корона вирусот или мотивирани од ривалството меѓу републиканскиот претседател Доналд Трамп и поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден.…
Грчката Влада, до 8 ноември ги продолжи двете министерски одлуки што се однесуваат на ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, како и на забраната за влез во земјата на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина. Претходните две министерски одлуки беа во сила до вчера на полноќ, а по објавувањето во Службен весник на Грција, продолжени се за уште 13 дена. Станува збор за одлуките кои постојано се продолжуваа во изминатите месеци. Првата одлука, се однесува на привременото ограничување на сите копнени поврзувања од и кон…
Ребалансот на Буџетот со кој практично треба да започне имплементацијата на четвртиот пакет мерки, ја помина амандманската расправа и сега се очекува негово усвојување на собраниска седница. На веб страницата на Собранието, засега не е закажана собраниска седница за релабансот, кој е втор годинава заради справување со последиците од коронакризата. Во него приходите се пониски за 0,2 отсто во однос на првиот ребаланс, расходите се повисоки за 4,2 отсто, а дефицитот е зголемен за 22,6 отсто во однос на првиот ребаланс. Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари, а расходите на ниво од 253 милијарди денари. Дефицитот…
Додека се очекуваат новите измени на Законот за заштита на население од заразни болести, бројот на позитивни и починати лица расте. Министерот за здравство по денешните рекордни 22 починати лица, изрази и надеж за брзо донесување на новите мерки кои се „заглавени“ во Собрание. „Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ…
Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел денеска ги осуди како „неприфатливи“ изјавите на турскиот претседател упатени до неговиот француски колега и ја повика Анкара да ја разбие „таа опасна спирала на конфронтација“. „Зборовите на претседателот Реџеп Таип Ердоган до претседателот Емануел Макрон се неприфатливи. Повик до Турција да стави крај на оваа опасна спирала на конфронтација”, напиша Борел во пораката на Твитер. Официјален Париз ги осуди зборовите на турскиот претседател Ердоган, кој го доведе во прашање „менталното здравје“ на неговиот француски колега во врска со изјавата за карикатурите на пророкот Мухамед. „Зборовите на претседателот Ердоган се неприфатливи. Навредите и…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4. Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66,…
Адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски, денеска одржа прес конференција пред седиштето на опозициската партија на која на Христијан Мицкоски му даде рок од 7 дена за да организира и реализира, масовни протести на членството се до, како што рече, падот на СДСМ и ненародната власт. Тој побара да престане и поделбата на љупчовисти, грујовисти и мицковисти. „Протестите кои што се прават не наликуваат на протести тие се мали, не повеќе од јас што го имам денес. Кога јас како Јовица можам да соберам олку луѓе за ВМРО-ДПМНЕ не е проблем да собереме 10 илјади и да направиме масовен…
Нема потреба од нов договор. И ние се согласуваме, и Бугарија се согласува. Имаме одличен договор којшто треба да продолжиме да го реализираме
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска прогласи вонредна состојба и полициски час што ја опфаќа цела Шпанија, освен Канарските острови, во обид да се спречи вториот бран случаи на коронавирус. Новата вонредна состојба ќе трае до почетокот на мај, додаде Санчез. „Ситуацијата низ која минуваме е екстремна“, рече тој во телевизиското обраќање по состанокот на владата свикан за дискусија за кризата. До итните мерки доаѓа откако Шпанија во средата стана првата европска земја што забележа повеќе од милион случаи на вирус.
Како најголема промена што ќе се случи во партијата, Заев го најави гласањето за партиски лидер, кога на следниот конгрес на пролет за прв пат во една партија секој член ќе може на непосредни внатрепартиски избори да се изјасни кој ќе ја води партијата