Author: Нова ТВ
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, денеска остварил средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. За средбата информираше министерката Захариева на нејзиниот фејсбук-профил. -Мојот тим и јас денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер (1998-2002) Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција за медиумите по онлајн состаноците со челниците на ЕУ изрази надеж дека дека подготвеноста на Северна Македонија ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Првата меѓувладина онлајн конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион. Изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија, рече Заев, ќе се формализира и со усвојување на рамката на почетокот на идниот месец, по што ќе следува…
Американскиот претседател Доналд Трамп кажува во просек повеќе од 50 лаги на ден. Ова е јасно од анализа на фактите направена од американскиот весник „Вашингтон пост“. Додека претседателот Трамп влезе во финалната фаза од изборната кампања, тој почна да кажува повеќе од 50 лаги или лажни обвинувања дневно. Станува толку лошо што тимот за проверка на фактите не може да постигне во анализата, пишува весникот. Заклучно со 27 август, претседателот кажал 22.247 лаги за 1.316 дена. Весникот забележува дека на тој датум претседателот одржал говор во врска со прифаќањето на номинацијата на Републиканската партија. „Можевме да ја ажурираме базата на…
Заменик генералниот директор во Европската Комисија задолжен за проширување и соседска политика, Мачеј Поповски, истакна дека неговата институција прави сѐ за да се обезбеди одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија до крајот на оваа година. Поканет на панел дискусија на Центарот за европски политики во Брисел, Поповски изјави дека вчера на амбасадорско ниво во Советот се одржала повеќечасовна дебата на тема проширување, и блокадата од страна на Бугарија за усвојувањето на преговарачката рамка, без која не може да се одржи првата меѓувладина конференција. Запрашан дали може да гарантира дека несогласувањата ќе се надминат до крајот на…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, како дел од серијата средби со највисоките претставници на институциите на ЕУ што се договорени за денеска и кои вклучуваат разговори со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, и со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји. На онлајн средба со високиот претставник и потпретседател на…
Архитектот и професор Мишко Ралев е нов претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Ралев, кој е професор на Факултетот за архитектура на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје беше избран на вчерашното собрание на ААМ. Доаѓа на местото на досегашниот претседател Мартин Пановски. За нов претседател на Собранието на Асоцијацијата е избрана архитектката Искра Јанковска Михајловска. Поради мерките за претпазливост од коронавирусот Собранието беше одржано на отворен простор во дворот на Архитектонскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Новиот претседател Ралев ни рече дека Асоцијацијата има старо-ново раководство, затоа што смета дека треба да се задржат…
Почната е хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Постои систем на мобилизирање медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега, изјави директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ. Таа посочи дека модуларната болница има капацитет од 70 кревети, целосно е опремена за третман на пациентите со Ковид-19 и има централен довод на кислород до…
Под слоганот #ЛегализацијаСега, Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ на 30-31 октомври го организира првиот Македонски канабис форум, кој поради состојбата со Ковид пандемијата ќе биде во онлајн формат. „Форумот ќе се состои од прес конференција на која ‘БИЛКА’ ќе ги презентира своите барања пред јавноста во насока на подобрување на законските регулативи за медицински канабис и во насока на легализација на канабис“, соопштуваат од „БИЛКА“. Дополнително, најавени се и панели каде ќе биде дистурирани медицински, бизнис аспекти и човекови права. Како прво, „БИЛКА“ бара декриминализација на канабис преку измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и…
Да не бараше ВМРО-ДПМНЕ одлагање веќе ќе беа донесени измените на Законот за заштита на населението од заразни болести и мерките за заштита од коронавирусот, обвинуваат од СДСМ откако вчера беше тргната оваа точка од дневен ред на собраниската седница по барање на опозиција. Со измените во законот треба да се отвори пат за да може да се спроведат дел од мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести, а ги прифати и Владата, меѓу кои е и задолжителното носење маски на отворено. „Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што во Собранието побараа одлагање на точката за измена на…
На почетокот на ноември во Софија најавена е средба на премиерот Зоран Заев со неговиот бугарски колега Бојко Борисов на која се очекува да бидат надминати недоразбирањата
Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца. Никој не смее да биде исфрлен и никој не смее да се чувствува мизерно поради тоа. Она што мора да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие ќе бидат законски покриени“, рече Папата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19