Author: Нова ТВ

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 говореше за случајот кој деновиве „крена прашина“ во јавноста – случајот со евентуална злоупотреба на европски пари од страна на „Еразмус Плус“ програмата на чело со Лидија Димова. Вицепремиерот изјави дека на седницата на Владата во вторник ќе побара разрешување на директорката. „Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.…

Read More

Криминалистичката истрага над организираната 12-члена криминална група, која подолг временски период делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите десетина месеци, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе

Read More

Таман работа по пописот да се менува Уставот и да се ревидира Охридскиот рамковен договор. Премиерот Зоран заев ги отфрла шпекулациите дека во зависност од резултатите на пописот ќе има промени во клучните документи. Вели дека попис ќе има секако без одложување во април следната година. „ Април 2021 е месецот за спроведување на пописот. Пописот го одложивме затоа што Христијан Мицкоски и опозицијата бараат да биде одложен неколку месеци пред пандемијата, а беше усогласено сѐ. Сега гледам се отвораат некои дебати дали ќе се менувал Уставот, Рамковниот договор. Таман работа, сто пати кажав пописот и резултатите никако не влијаат…

Read More

За Свети Кирил и Методиј Комисијата има постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работела Комисијата значи дека се минира целиот процес, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во однос на расправата во бугарскиот Парламент за преименување на 24 мај во ден на бугарската писменост, Османи рече дека смета, оти тоа не е во согласност со Договорот и со работата на Комисијата. – Сметам дека бидејќи е само во прво читање, по оваа комуникација сега и оваа сериозна порака,…

Read More

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на денешната прес-конференција за Берлинскиот процес рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му наштетува на преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ со изјавата дека Бугарија бара нов договор за добрососедство. – Во преговарачкиот процес е многу важна и соработката со опозицијата. Мицкоски го има мојот телефонски број.  Тоa треба да остане во институциите. Основната порака за да докажам дека нема конспирација е изјавата на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, по нашата средба, рече Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање. За шефот на македонската дипломатија добро е тоа што интердисциплинарните комисии од бугарско-македонскиот мешовит комитет…

Read More

Вчера беше урнат рекордот на нови случаи на вирус на светско ниво. Европа е повторно ново жариште. Најкритична е ситуацијата во Чешка +9,543 (10.7М), Белгија +7,360 (11.6М), а најмногу случаи имаше во Франција +22,591, UK +19,724, Шпанија +11,970. За нас репер е Словенија која има проближно ист број жители, а вчера имаше +707 новозаболени. Вирусот галопира речиси насекаде. И во соседна Бугарија имаше +819.

Read More

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил ја поздрави реализацијата на прекуграничен проект кој вклучува реконструкција на старо училиште во Пустец во туристички музеј и реконструкција на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола. – Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на културното наследство е важно за сите Македонци и сите наши граѓани, каде и да сме. Им благодарам на мојот пријател Еди Рама, на албанската Влада, на Општина Пустец и Општина Битола, на Завод и музеј Битола, на регионалниот директорат за култура од Корча, на Младинскиот културен центар од…

Read More

Долгогодишната уредничка на Македонската редакција на Би-Би-Си во Лондон, новинарката со битолско потекло Жанета Скерлев денес заедно со својот сопруг дојде во посета на подрачното училиште „Др.Трифун Пановски“ во битолското село Трново. Заради ситуацијата со пандемијата со КОВИД-19 учениците и наставниците ја пречекаа Скерлев во школскиот двор. Една од причините за посета на училиштето беше донација, нешто што Скерлев во континуитет го прави подолго време. „Морам да искажам огромна благодарност Жанета Скерлев, затоа што со својата хуманост со она што го направи навистина успеа да измами насмевки и радости кај самите дечиња. Јас верувам дека великодушноста пред се е личен…

Read More

Во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на Ковид-19. Најмногу заразени има во Скопје 249. Починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје на 72 и 62 годишна возраст, еден 66 годишен од Куманово, двајца од Струга на возраст од 58 и 65 години, 80 годишен од Струмица, потоа 83 годишен од Крива Паланка, пациент на возраст од 60 години од Пробиштип и пациент од Свети Николе на 65 години. Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека тој не добил ниту на писмено, ниту вербална информација дека на средбата во Софија на министерот за надворешни работи Бујар Османи му е пренесен некаков сет на барања, како што информирале некои медиуми. Тој во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, потврди дека во изминатите три месеци интензивно се работи со Бугарија на надминување на недоразбирањата. Тој порача и дека е „Вон памет е да се разговара за каква било промена на Устав или анекси и додавања на Договорот, тоа не е потребно“. Пендаровски додаде дека може да се потпише декларација со која…

Read More