Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев попладнево во седиштето на НАТО во Брисел со сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. На заедничката прес-конференција Столтенберг изјави дека Алијансата обезбедила 60 респиратори во вредност од 1,4 милони евра како помош за јавното здравство на Северна Македонија. „Како што гледаме во последниве недели, бројот расте во сите европски земји, а не само во Северна Македонија. Тоа е причината што НАТО долго време веќе делува во напорите во борба против ковид-19. Помошта се реализираше и со поставувањето на полските болници и транспорт на опрема. Важно е воениот персонал да даде поддршка, а со тоа НАТО ќе…

Read More

Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција информираше дека дел од минатогодишните проекти од конкурсите за национален интерес во културата не се реализрани, посочувајчи дека во текот на последните две недели ги работат пресеците и анализите на реализираните, односно нереализираните проекти, и на средствата што им биле доделени како на националните установи, така и на другите корисници. – Уште пред две недели побаравме конкретни и точни податоци што е досега реализирано и што реално може до крајот на годината да биде реализирано. Притоа, веќе пристигнуваат информациите и гледаме се уште немаме точна бројка, но гледаме дека дел од проектите…

Read More

Северна Македонија е меѓу првите три земји во светот со најголем процентен пад на стапката на мртвородени деца (62) во периодот меѓу 2000 и 2019 година и покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, покажуваат податоците на УНИЦЕФ. Анализата на податоците вклучена во Извештајот покажува дека стапката на мртвородени деца во Северна Македонија опаднала од 10,8 мртвородени на вкупно 1.000 раѓања во 2000 година, на 6,2 во 2009 година и на 4,1 во 2019 година. „Губењето на дете при раѓање или за време на бременоста е разорна трагедија за секое семејство, која честопати се преживува тивко,…

Read More

Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од четири лица. Задолжително носење маски секаде, на отворен и затворен простор, се дел од мерките кои на денешната прес-конференција ги најави министерот за здравство, Венко Филипче, со оглед на зголемениот број на новозаразени лица од Ковид-19 во Македонија. Ова се мерките: – Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може…

Read More

Советот за оценка на обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, ги одби приговорите на обвинетите и во целост го одобри обвинителниот акт, соопшти Основниот кривичен суд. „Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, додаваат од судот. Обвинението го поднесе од Скопското обвинителство кое презеде голем дел од истрагите на поранешното СЈО, по истрагата која ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи. Поднесен е и…

Read More

Дали предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за еден изборен круг на локалните избори идната година ќе биде дел од Изборниот законик, ќе зависи од тоа дали за овој предлог, но и за други, ќе се постигне консензус во текот на подготовките на законот, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на прес конференција. Одговарајќи на новинарско прашање, Маричиќ рече дека препораките на ОБСЕ-ОДИХР ќе бидат основата на измените на Изборниот законик. „Ние го чекавме конечниот извештај на ОБСЕ – ОДИХР кој што излезе пред неколку дена за изборите во Република Северна Македонија во кој што има конкретни забелешки и препораки што да се…

Read More

„Последниот извештај на Европската комисија за земјава претставува најсилен доказ за посветеноста на Владата да ја трансформира државата по европски терк и да овозможи еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законот“, рече на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ. Маричиќ посочи дека во Извештајот ни е дадено признание за добриот напредок на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, а воедно се констатира усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. НАШИТЕ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА И ЕВРОПЕИЗАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ОЧЕКУВААТ КОНЕЧНО ЗАПОЧНУВАЊЕ НА…

Read More

Две научнички се добитнички на Нобеловата награда за хемија за развој на „молекуларни ножички“ со кои се вршат промени во гените. Надежите се дека откритието ќе води кон лечење на многу наследни болести. Работејќи од двете страни на Атлантикот, Французинката Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна развија метод познат како CRISPR-cas9 кој може да се искористи за менување на ДНК на животни, растенија и микроорганизми. По четврти пат во 119-годишната историја на наградата, Нобелот за наука им се доделува исклучиво на жени. Достигнувањето на Шарпентие и Дудна овозможува да се прават кратења на делчиња од ДНК кои го сочинуваат ткн.…

Read More

На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“. Овој пат станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија. Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска а во разговорот на интерфон учествува и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Втората „бомба“ открива разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски. Шврговски обвиниението протов А1 го креира во кабинетот на премиерот Груевски. Во првиот како што се…

Read More

При гостувањето во „Економски магазин“ на ТВ Алсат-М, премиерот Заев го отвори и прашањето на декриминализација на марихуаната, како една од темите за кои повика на дебата во јавноста. „Никој не се запрашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени“- констатира Заев. „Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на сѐ во погон, треба сѐ да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите. Ќе ги пуштиме во погон или нема да…

Read More

„Никој не се запрашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени”, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вечерашната емисија Економски Магазин на Алсат Телевизија. „Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на се во погон, треба се да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има милијарда и петстоини најмалку во евра коишто се надвор од тековите, ќе ги пуштиме во погон или нема да ги пуштиме? Земјоделското земјиште се уште е државно. Легализиравме да земјоделското земјиште…

Read More

-Имаме политичка волја за цврсти реформи, со целиот ризик, најавивме 20% намалување на администрацијата, тоа значи кратење на непродуктивни трошоци за да може да помагаме на економијата преку капитални инвестиции, нагласи премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија. -Реформите во државата мора да случат, но мора да се промениме сите, Европа ќе не стави во редот, но реформите во најголем дел зависат од сите нас, истакна Заев. -Сите сакаме швајцарски плати, ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мора да го промениме сите, рече Заев. Тој додаде дека…

Read More