Author: Нова ТВ
Министерството за внатрешни работи утре ќе воведе посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се одвива спортско-рекреативна трка „Прв до врв“ во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Какао што информираат од МВР, почеток на манифестацијата е во 9:45 часот, а трасата на движење на велосипедската трка е од пред Музеј на град Скопје на улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот…
Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, Министерството за образование и наука ги повикува учениците и родителите, да ја посетат и да се запознаат со платформата во текот на викендов. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата, велат од МОН и посочуваат дека во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на…
Во Минхен, денеска стапи на сила мерката задолжително носење заштитни маски на јавни места каде што се собираат многу луѓе, како што се пешачки зони во центарот на градот. Градски редари го контролираат почитувањето на обврската за носење маски, но досега нема казни, туку само издавање предупредувања. Казни од 250 евра се предвидени за непочитување на обврската за носење маски во пешачката зона на и околу централниот плоштад Мариенплац. Редрите, како што е најавено, нема да толерираат исклучоци во случај на отстранување на маската поради пушење или консумирање храна или пијалоци. Одлуката за продолжување на обврската за носење заштитни маски…
Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати и се очекува да го спроведе во Хаг пред меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него, јави дописникот на МИА од Приштина. Гуцати е забележан како се изнесува со лисици на рацете од просториите на ОВВ-ОВК околу 13.30 часот. Апсењето е извршено во рамките на денешната акција на ЕУЛЕКС во седиштето на ОВВ-ОВК, која започна околу 11.30 часот. Засега нема официјална информација за причините за неговото приведување. Веста за апсењето…
Девет заболени со Ковид починаа во последните 24 часа, информира Министерството за здравство. Во болнички услови се починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г). Регистрирани се 143 нови заболени на направени 1504 тестирања. Новите случаи на ковид-19 се во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени…
Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна и претепа битолчане. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните, рече Спасовски. Тој го осуди и нападот на полициските службеници од…
Лекарската комора најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чиишто ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со ковид пациенти. Со ова целосно се девалвира трудот на докторите кои се вклучени во лекувањето на заболените со ковид – 19, се вели во соопштението од Лекарската комора. „Индивидуалните, неаргументирани тврдења за ковид – 19 на доктори и здравствените работници населението може да ги сфати сериозно, а со употребата на термини како “грешки во лекување” се нанесува директна…
Нема да има ново одложување на пописот, тој ќе се спроведе во април 2021 година, дециден е премиерот Зоран Заев. – Пописот ќе се спроведе 2021 година. И точка. Го одложивме во 2020 година за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави Ковид-19. Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април. Тој се работи според стандардите и раководството на Евростат. Него го спроведуваат институциите. Кај нас тоа е Државниот завод за статистика, потенцира премиерот Заев. Тој нагласи дека пописот е предвиден во буџетот, што треба да…
Рестриктивните мерки против ширењето на коронавирусот албанскиот туристички сектор го доведоа до целосен колапс,констатира Ора њуз, повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ. Според ИНСТАТ во август приливот на албански и странски државјани се намалил за 62,5 отсто во споредба со август минатата година. И покрај ограничувањата, повеќе од 310.000 граѓани влегле во земјата, при што најголемиот број од оние што ја избрале Албанија се граѓаните од Косово. -Ограничувањето на движењата поради пандемијата со Ковид-19 услови тешка состојба за туризмот во земјата. Институтот за статистика соопшти дека во текот на август на албанска територија влегле 846.973 албански (емигранти)…
Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упадна претпладнево во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина. Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии. Акцијата уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и командант на ОВК, Салих Мустафа, кој е првиот од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99 против кого е официјално…
Авион „Миг 21“ на српската војска се урна утрово околу 9:00 часот во атарот на селото Брасина кај Мали Зворник при извршување на редовна задача, соопшти српското Министерството за одбрана. Според неофицијални информации, едниот пилот загинал, а по другиот се трага. Повреден е жител во чиј двор се урнал авионот, јави РТС. Повредениот локален жител е одведен во болница во Лозница и примен на Одделот за интензивна нега, каде ќе му бидат третирани изгорениците на градниот кош, главата и рацете. Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна утрово бил прегледан во согласност со сите процедури, а…
Меѓувладината конференција да се одржи веднаш и без одлагање. Ова е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти, е недвосмилената и директна порака што ја искажа денеска словенечкиот претседател, Борут Пахор по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски. Пахор јасно кажа дека конференцијата не смее да се одложи зашто тоа може да доведе до инерција на целиот процес кој потоа би траел долго време, а тоа, напомена, ќе ги загрози интересите на Северна Македонија, на регионот и на ЕУ. Затоа, подвлече Пахор, сега треба, без одложување, по тивките, како што рече, дипломатскли канали, но и отворено, на…