Author: Нова ТВ
Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе до 31 степен. До утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а локално во попладневните часови ќе…
Најмногу гласови 324.084 или 36,12 отсто има коалицијата на СДСМ, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто, ДУИ 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, Левица 37.057 или 4,16, а ДПА 13.553 или 1,52 отсто
Од обработени 93,96 отсто од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48, а Интегра 1,33 отсто. ГДУ освоила 0,37 отсто од гласовите, МОРО 0,36 , Глас за Македонија 0,3, Единствена Македонија 0,29, СДУ 0,27, Твоја 0,2, Демократи 0,17, а Народна партија на Ромите 0,15 отсто од гласовите. Портпаролот на ДИК,Адмир Шабани на прес-конференција рече дека вечерва нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила. Распределбата на манадатите, како што додаде, ќе биде направена…
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски за проблемот со веб страницата рече дека најверојатно се работи за обид за надворешен напад и дека тоа не предизвикало никаква реална штета. -Од она што сум информирам дека се работи веројатно за обид за надворешен напад. Јас не сум ни ИТ експерт, ниту можам да ви тврдам или кажам нешто, меѓутоа додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации, ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи. Без разлика не е оневозможено собирањето на податоците и електронскиот внес и ние имаме информации на…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја прослави победата на предвремените парламентарни избори. Со зборовите „орелот се врати“, лидерот на ДУИ Али Ахмети од партиското седиште во Мала Речица истакна дека ДУИ победи на изборите во сите доминантно албански општини. Освоиме 100.000 гласови и 12 пратеници, се бориме за 13-от мандат. Со оваа победа победија Албанците – рече Ахмети. Додека тој се обраќаше пред јавноста, околу партиското седиште се славеше со музика и оружје, а потоа славјето се префрли низ тетовските улици.
Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во третата изборна единица Љупчо Николовски победи победа на предвремените парламентарни избори. Кажа дека имаат предност од двајца пратеници, со растечки тренд. Тој кажа дека коалицијата на СДСМ има сигурна победа во Битола, Куманово, Центар, Крива Паланка, Ресен, Крушево, Дебар, Долнени, Лозово и на други места, како и во Прилеп, Берово, Делчево, Кочани… Досега има 75 отсто обработени податоци, рече тој, но првпат по 18 години СДСМ прогласува сигурна победа. ВМРО-ДПМНЕ и скапата Бела палата ќе треба да си бараат ново раководство, рече тој. „ „Во растечки…
Веб сајтот на Државната изборната комисија, каде што треба да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори постојано паѓа, што не е воопшто преседан за оваа институција. На rezultati.sec.mk јавува грешка со серверот на веб сајтот. Од 2006 година до минатите избори сајтот на ДИК го одржуваше „Ај Воут“, а оваа година јавната набавка ја доби „Дуна“.
Граѓаните ја сфатија сериозноата на ситуацијата во која се наоѓа државата и во огромно мнозинство се одлучија за обнова, изјави генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Победуваме, порача Јанушев, со над 10.000 гласа и водиме со 2 спрема 1 во Гази Баба, во Илинден, во Кривогаштани, во Свети Николе, итн. „По обработени околу 20 проценти од гласовите имаме разлика од околу седум пратеници“, изјави Јанушев. Тој изјави дека на денешните избори имало сериозни нерегуларности за кои, како што рече, биле известени ОДИХР и меѓународната заедница.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на прес-конференцијата истакна дека се приведени 8 лица за изборни прекршоци, како и дека се случиле два физички напади. – Генералната оценка на Министерството за внатрешни работи е дека изборниот ден главно минал во мирна и демократска атмосфера и покрај тоа што се одржаа во тешки услови на пандемија. Заклучно со 20 часот на подрачјата на сите осум сектори за внатрешни работи во текот на денешниот ден од отворањето на гласачите места вкупно биле евидентирани 151 настан, од кои што 31 настан во наодите по пријавите не се потврдени, додека констатирани се 9 прекршоци…
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршување на изборниот ден истакна дека нивната партија ја постигнала целта, бидејќи, според него, концептот за прв премиер Албанец добил поддршка од граѓаните. – Од тоа што го знаеме ние сме убедени дека ја постигнавме нашата изборна цел, да го доведеме ДУИ во позиција да го избере првиот премиер Албанец. Ова е историски момент за Албанците и сите граѓани. Ја прифаќаме оваа одговорност и ќе работиме напорно за да ги исполниме нашите ветување. Ние ќе служиме на граѓаните и ќе изградиме подобра земја за сите нас, за Албанците за Македонците и…
Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва на прес-конференција во Скопје рече дека од информациите, што ги имаат од нивните штабови, покажува дека се во преднос и очекуваат победа. Но според него ова биле најнекоректни избори. -Трендот е во наша предност. Сме биле под притисок од три страни и тие соработувале за да не оштетат нас. Ние сме оштентана страна во овој изборен процес, рече Таравари. Тој очекува лидерите на партиите да излезат за кратко и да ги кажат конечните резултати.