Author: Нова ТВ

Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Деркоски како прв човек на ДИК утрово лично вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори, а е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола. – Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот…

Read More

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ги поминат следните два дена во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на коронавирусот во Кина. Ветеринар и епидемиолог ќе се обидат утре и задутре да ги утврдат обемот и задачите на идната мисија во Пекинг, со што ќе се утврди како вирусот преминал од животно на човек, се наведува во соопштението на СЗО. Научниците веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а потоа се проширил преку друг цицач кај луѓето на пазарот на свежа храна во Вухан минатата година.

Read More

Во текот на изминатото деноноќие (9-10 јули) на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 422 прекршоци за неносење лична заштита на лице. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Read More

Бирото за образование на Хонг Конг денеска објави прекин на работата на сите училишта од понеделник по пик на новозаразени со Ковид-19 што ги разгоре стравувањата за ширење. Училиштата во азискиот финансиски центар во најголем дел се затворени од февруари, при што многумина се префрлија на учење преку интернет и лекции преку конференциски повик. Многу интернационални училишта веќе се на летна пауза. Градот вчера пријави 42 нови случаи, од кои 34 се локално пренесени, што го одбележа вториот последователен ден на пораст на локално пренесени инфекции. Во некои од неодамнешните случаи се вклучени студенти и родители, рече секретарот за образование,…

Read More

Стотици романски пациенти заразени со новиот коронавирус ги напуштија болниците по судската одлука против задолжително хоспитализирање, откако Парламентот одлучи да донесе нов закон со кој се наметнува изолација, во време на пораст на инфекции. Пратениците гласаа за новиот закон што предвидува кога луѓето можат да бидат ставени во карантин или да се бара самоизолација. Законот им дозволува на оние во карантин да ја оспорат одлуката на суд. – Го донесуваме овој закон, кој ќе ограничи некои права и слободи, но го правиме тоа за да заштитиме животи, рече Јоан Купса, пратеник од владејачката Либерална партија. Одлуката на Парламентот уследи по…

Read More